Старец Георгиј Капсанис: Благотворните ефекти на болката
Болката ни помага да се преиспитаме кон што целиме во нашите животи и нѐ враќа кон нашето вистинско тежиште – Троичниот Бог.
Болката ни помага да ја восовршиме нашата љубов кон Бог, за да не Го љубиме заради даровите што ни ги дава (како што се здравјето и семејната среќа), туку заради тоа што Он е.