Скопје, 24-ти јануари 2016г.- храм на св.вмч. Димитриј, на празникот на
Преподобен Теодосиј Велики и Блажениот Михаил
Старец Паисиј Светогорец
Поголема благодарност треба да им оддадеме на оние што нè боцнаа со што излегоа трњата од нашата душа, отколку на оние што бесплатно ќе ја ископаат нашата област и ќе ни ја покажат нашата скриена непозната ризница. Не му користи некому да ги струже своите колена со неброени метании, ако воедно не си го изриба образот со смирение (со внатрешното покајание). Оној што бара смирение од Бога, но не го прима човекот што Бог му го праќа за да го смири, не знае што бара, бидејќи добродетелите не се купуваат како намирниците кај бакалот (колку што сакаме килограми), туку Бог ни праќа луѓе да се преиспитаме и да се потрудиме да се здобиеме со доблестите за да се овенчаме со нив.
На 24- ти јануари 2016 година, во триесет и третата недела по Педесетница , кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на Преподобен Теодосиј Велики и Блажениот Михаил, во овој храм на св.вмч. Димитриј, во Скопје, каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, свештеникот Зарко Ѓориовски во сослужение на проф. Димитар Белчовски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургијата, отецот произнесе толкување на празичната беседа.
Преминпортал (к.т.)