Скопје, 22-ри јануари 2016 год.- храм на св. Петка, н. Црниче
Во триесет и третата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на Преподобен Евстратиј, и Светиот маченик Поливект, во храмот на св.Петка во скопската населба Црниче, свештеникот Климент Станковски ослужи Божествена Литургија . Бројниот верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старец Паисиј Светогорец
Поголема благодарност им должиме на оние што беа неблагодарни, отколку на оние што ни беа постојано благодарни, оддолжувајќи ни се во овој суетен живот. Исто така, најдобра молитва е кога некој неправедно нè проколнува, а ние го примаме тоа молчеливо и со добрина. Природно е дека оние што се близу до Бога никогаш не можат да бидат проколнати, бидејќи во нив нема зло, туку само добрина. Какво зло и да им биде фрлено на тие осветени луѓе, тоа се осветува, и тие чувствуваат голема скриена радост. Оние пак, што се оддалечени од Бог, секогаш се неутешени и двојно се измачуваат, бидејќи оној што не верува во Бог и во вечниот живот, освен тоа што останува во овој живот неутешен, душата си ја осудува во вечноста.
Преминпортал (к.т.)