Поука на денот (05.04.2023)

Ако живеете во заедница со другите, служате им како на самиот Бог, и за својата љубов љубов не барајте, ниту за смирението пофалби, ни за служението благодарност. Пред да кажете нешто, размислете нема ли вашиот збор или дело да го нажалат Бог или ближниот.









Ете, св. Марија Египетска ни покажа каков е клучот од заклучените врати, како да го најдеме, како да ги отклучиме, та најпосле да влеземе. Појдете по тој пат сите вие кои имате потреба. А кому не му е потребно тоа? Значи, да појдеме сите. Никој нека не одбива, никој да не заостанува зад другите, никој да не губи надеж. Домаќинот ги повикува сите и сите ги чека. Да појдеме, еден со друг да се поттикнуваме и еден со друг да се бодриме.

Не можам само да разберам како земјата тогаш ме носеше, и како за време на пловењето морето не ме голтна мене, којашто ги вовлеков во смртниот грев толкуте луѓе! И мислам дека Бог го чекаше моето покајание. Го чекаше со долготрпение, како татко кој љуби не сакајќи ја смртта на грешникот.Конечно, стигнавме во Ерусалим. Останаа неколку дена до празникот.




Следствено, покајанието е една промена на душевните сили на човекот, кој е поттикнат од љубовта. И затоа ги следи особеностите на љубовта на секого од нас. Значи, ако сакаме да одговориме на прашањето зошто не се каеме доволно, ако го чувствуваме тоа (секој ќе го констатира), можеби следниот чекор е да кажеме дека веројатно не Го љубиме доволно Бога и луѓето.


Икос: Очити ме, Спасе, од многуте мои беззаконија и, се молам, од бездната на злото изведи ме. Кон Тебе повикав, и услиши ме, Боже на моето спасение.Со сладострасниот живот богатиот самиот себе се осуди на огнениот пламен, а бедниот Лазар, кој во овој живот ја избра сиромашијата, за бескрајната радост се удостои.
Од кога постои светот, човекот ја прилагодува околината на себе. Најлесно му е да ја прилагоди природата на себе а најтешко му е да ги прилагоди на себе другите луѓе и општеството во кое се наоѓа. Човечката енергија најмногу се троши во борбата да ги промениме другите околу нас или да спречиме другите нас да не менуваат.

























