Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник
Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците и Божјите угодници, односно го започнал својот подвижнички живот на планината Синај во Египет. Како послушник Јован поминал речиси 20 години со својот духовен учител, а по смртта на мудриот старец, се повлекол во потполна самотија на Синајската планина.