“Да се потсетиме дека Божјото Царство не е од овој свет (Јов. 18, 36) и дека треба да мислиме на она што е горе, а не на земјата (Кол. 3, 2). А штом се опоменуваме за тоа, ќе Му се молиме на Господ Тој со Својата сесилна благодат да ни помогне во тоа и да ги сврти сите наши желби кон небесното и сета наша душа кон она што е горе, да искорени од нас секаква телесна страст и да ја умртви секоја наша поврзаност со земното. Да, браќа, навистина, што има на оваа земја? Таа за нас е туѓина, а небото ни е роден крај. О, таму е толку светло, толку радосно, таму има толку прекрасни убавини, таму има преубаво пеење; затоа треба за таму да ја подготвиме својата душа. Амин.“ - Преподобен Ефрем Сирин