"Казанската Богородична икона ги штити поларните нуркачи"
Казанска нуркачка експедиција го постави новиот светски рекорд во нуркање во Лабинкирското (52,3 m) и Воротоското Езеро (59,6 m), езера на далечниот северо-исток во Русија. За време на активностите на експедицијата, иконата на Мајката Божја – Казанска била постојано со нив. Експедицијата започнала со молитва пред Казанската Богородична икона, јавува страницата „Православие во Татарстан“. Старецот на манастирот ги благословил нуркачите и чудотворната икона му ја предал на лидерот на експедицијата, Димитриј Шилер.
По завршувањето на експедицијата, иконата била подарена на капелата што се наоѓа во Студениот појас (места во близина на Јужниот и Северниот Пол каде што е измерена најниска температура на светот). За жителите на Ојмјакон ова било навистина важен настан. Верните Христијански души од селото се надеваат дека Казанската икона на Мајката Божја ќе обележи еден нов духовен препород во селото.
Извор:
http://koe.mk/kazanska-ikona-gi-stiti-polarnite-nurkaci/