Божествена Литургија по повод празникот на св. три Ерарси (12.02.2016)

На 12.02.2016 година, на празникот Свети Три Ерарси, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, се богослужеше Света Златоустова Литургија На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф и надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На Литургијата сослужуваа и игуменот Гаврил, игуменот на Лешочкиот манастир - Теодосиј.















На 27 jануари 2016 година, на одданието на Светото Богојавление, кога Црквата го слави споменот на светиот Сава, архиепископ Српски и светата Нина, рамноапостолна просветителка Грузиска, во манастирот на свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, и игуменот Гаврил, отслужи света Златоустова Литургија.



























