Излегоа од печат „Житијата на Светиите“ за месец јули (10.12.2015)

Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитотот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том од Житијата на Светиите за месец јули, како и четврто издание на Православниот молитвеник во тврд повез. Изданијата ги подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.
- e-mail- pravoslavniknigi@gmail.com
- или: о. Боро Милчев тел. 071 213 000
















Во салата во Соборниот храм "Св.Климент Охридски" беше свечено промовирано вредно научно дело, монографијата на академик Цветан Грозданов "Свети Наум Охридски", која ја издадоа Македонската академија на науките и уметностите и "Матица македонска".За изданието говореа и министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан и претседателот на МАНУ академик Владо Камбовски.



























