логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.Kiril.Erusalimski.jpg

Свети Кирил Ерусалимски

ЧЕТВРТА МИСТАГОШКА КАТИХЕЗА НА НОВОПРОСВЕТЕНИТЕ ЗА ТЕЛОТО И КРВТА ХРИСТОВА

На зборовите од посланието на апостол Павле до Коринтјаните:
 "Јас го примив од Господа, она што ви го предадов..."
 и понатаму (1. Кор. 11, 23)

1. Веќе и самото ова учење на блажениот Павле доволно е да ве увери во поглед на Светите Тајни, со кои удостојувајќи се, станавте сотелесни и истокрвни на Христа. Бидејќи Апостолот објави: "Господ Исус онаа ноќ, кога Го предадоа, зеде леб и откако заблагодари, го прекрши и рече: ,3емете, јадете, ова е телото Мое" (1. Кор. 11, 23-24). "И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: ,3емете, пијте од неа сите; зашто ова е Мојата крв на Новиот завет"(Мат. 26, 27). Кој по тоа ќе се осмели да не верува кога Самиот Христос обзнани и рече за лебот: "Ова е телото Мое"? И кога Самиот даде уверување и рече за Чашата: "Ова е Мојата крв". Па, кој некогаш ќе се посомнева и ќе рече дека тоа не е крвта Негова?
2. Во Кана Галилејска Он водата ја претвори во вино (Јован 2,1-10), слично со крвта: па зарем не заслужува да Му веруваме тогаш кога виното го претвора во крв? Ако го направи ова преславно чудо повикан на телесна свадба, нели ја заслужува нашата доверба откако Своето тело и крвта им ги подари на "сватовите" за насладување?
3. Поради што со целосна вера го примаме ова како тело и крв Христови? Во вид на леб ти се дарува телото, а во вид на вино - крвта, па причестувајќи се со Телото и Крвта Христови да станеш истокрвен и сотелесен со Него. Бидејќи на тој начин стануваме Христоносци, кога Телото и Крвта Негова ќе им се подарат на нашите членови. Така, според зборовите на блажениот апостол Петар "стануваме учесници во Божјата природа" (2. Петр. 1,4).
4. Некогаш Христос, беседејќи, им велеше на Јудеите: ".. ,Ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе" (Јован 6, 53). Тие, пак, не примајќи го кажаното со дух, туку соблазнувајќи се, "отстапија од него" (Јован 62, 66), мислејќи дека Он ги наговара да јадат плот.
5. И во Стариот завет постоеле лебови на предложението: но тие какви што постоеја во Стариот завет се укинати. А во Новиот завет постои Лебот Небесен и Чашата на спасението (Псал. 116, 4), кои ги осветуваат душата и телото. Бидејќи како што е лебот сличен на телото, така и словото и приличи на душата.
6. Според тоа, лебот и виното (во Евхаристијата) не треба да се разберат буквално: бидејќи тие се тело и крв Христови, според зборовите на Владиката. Зашто иако сетилата ти го претставуваат ова, верата нека те утврдува. Немој да расудуваш за работите според вкусот, туку според верата, биди сигурен дека несомнено си се удостоил со Телото и Крвта Христови.
7. Давид ти ја објаснува силата на оваа Тајна, велејќи: "Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои" (Псал. 23, 5). Неговите зборови го означуваат следново: пред Твоето доаѓање трпезата на луѓето им ја поставуваа демоните, нечиста и осквернета (Малах. 1, 7), исполнета со сила ѓаволска; но по Твоето доаѓање, Владико "ја постави пред мене трпезата". Кога човекот му говори на Бога: "Ја постави пред мене трпезата", што може тоа да означува освен таинствената и духовна трпеза која Бог ни ја постави "на виделина", односно наспроти демоните. И тоа е точно. Бидејќи онаа имаше заедница со демоните, а оваа - заедница со Бог. "Си ја помазал главата моја со елеј" (Псал. 23, 5). Со елеј ја помаза твојата глава на челото, преку печатот кој го имаш од Бога, за да бидеш "како на печат - Светиња Господова" (2. Мојс. 28, 36). "И чашата твоја ме напојува со блаженство" (Псал. 23, 5). Гледаш ли дека овде се работи за онаа чаша која Исус ја зеде во рацете, заблагодари и рече: "Ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите" (Мат. 26,28).
8. Поради ова и Соломон, пророкувајќи за оваа благодат, во книгата Проповедник вели: "Оди, јади го радосно лебот свој" (Проп. 9, 7), а тоа значи духовниот леб. Со "зборот "оди" се означува спасоносниот и блаженотворниот повик. "И пиј го со радасно срце виното свое" - односно виното духовно. "И секогаш да има елеј на главата твоја" (Проп. 9, 8). Гледаш ли на кој начин таинствено го означил и миропомазанието? ...Зашто, пред да пристапиш кон благодатта, твоите дела беа "суета над суетите" (Проп. 1, 2). Кога веќе ги соблече старите алишта и духовно се облече во бели, ти доликува во секое време да одиш во бело. Воопшто не зборуваме за тоа дека си, божем, должен во секое време да се облекуваш во бела облека, туку да одиш во бело и светло во вистинска смисла: за да можеш со блажениот Исаија да зборуваш: "Многу ќе се радувам во Господа, душата моја ќе се развесели во мојот Бог: зашто Он ме облече во спасителна облека, ми облече облека на правда" (Иса. 61,10).
9. Откако го позна ова и се увери дека видливиот леб не е леб, иако по вкус така се чини, туку Телото Христово, и дека видливото вино не е вино, иако по вкус така се чини, туку Крвта Христова, како што за ова некогаш и Давид пеејќи велел: "и лебот што го закрепнува срцето на човекот" (Псал. 103, 15), крепи го своето срце, причестувајќи се со ова како со духовно; помазувај го лицето на твојата душа, имајќи го откриено во чиста совест и "одржувајќи ја славата Господова", за да се преобразуваш "од слава во слава" (2. Кор. 3,18) во Исуса Христа, на Кого нека Му е чест и сила и слава во вековите на вековите. Амин!

 

 (Продолжува)

СВЕТАТА ТАЈНА ПРИЧЕСТ

Издавач: ЃАКОНИЈА

Главен и одговорен уредник

Митрополит г. Агатангел

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6759
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6580
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5764
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2024 - понеделник

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на свети Игнатиј Брјанчанинов 30 април/ 13 мај 2024

Тропар на свети Игнатиј Брјанчанинов 30 април/ 13 мај 2024

Поборнику на Православието,на покајанието и на молитвата сигурен учителу и делатнику,на архиереите боговдахновен украсу,

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик;св.Василиј Острошки 29 април / 12 мај 2024

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик;св.Василиј Острошки 29 април / 12 мај 2024

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светите Христови апостоли Јасон, Сосипатар, маченицата Керкира девица и други 28 април / 11 мај 2024

Тропар на светите Христови апостоли Јасон, Сосипатар, маченицата Керкира девица и други 28 април / 11 мај 2024

Велик си Ти Господи во срцата на Твоите апостоли,Јасон и Сосипатар, кои Тебе Жив имајќи Те, чудеса твореа, ѕверови скротуваа,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная