логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Korica.Post.i.paraklis

Александра Јуруковска
ЗА ЛИЧНИОТ И ЛИЧНОСНИОТ ПРЕМИН

Кон "Пост и параклис" од
Пимен митрополит европски, Скопје 2022

            Книгата „Пост и параклис“ ја добив како подарок од непознати, а сепак блиски луѓе. Не сме се сретнале, не се знаеме, а ме познавале. Бев длабоко трогната. Каква радост - во мене виделе читател на оваа необична книга? Каков благослов, зарем не? Ова ми беше првата освестувачка помисла која ме приземји од напливот наљубопитсrво кога на книгата и пристапив само како книжевник, како љубопитник кому читањето и пишувањето му се „Вјерују“, па поверував дека така можам и сега. Суета, зарем не?!
Читањето ми се совпадна со Великиот пост и тоа беше уште една од силните мисли кои ме одвратија од првичните „погледи“ на четивото. Случајност или промисла? Нека ми биде допуштено да верувам дека е второто. Оттаму и овој многу личен запис за дневникот „Пост и параклис“ на митрополитот Пимен.
            Пред нас како читатели е распослана личната и личносната борба со искушенијата, со себеси, со подвизите на еден верник до единствениот посакуван пат - Господ Бог.
           49 интимни белешки за постот, за искушенијата, подвиrот, молитвата, личното страдање и општожителното крепење на патот до Бога. Пишувана токму во четириесетте дена на Велиrденскиот пост, книгaтa е и упатство, поткрепа, одговор на многу прашања што верниците си ги поставуваат за време на постот, за двојбите кои им се случуваат. Четивото потсетува и на скалило од лествицата кога во моменти на слабост откажувањето изгледа како полесен избор, оти охрабрувањето и продолжувањето секогаш бараат напор и жртва. Не залудно токму Лествичникот Јован е споменат многу пати во книгата.
          Текстовите се пишувани умерено и со вероучителско умеење - да се биде близу, близок и до оние кои посrот, чекорејќи низ него, ќе го осознаат како премин (пасха), но и оние воцрквените, кои се веќе свесни или насетуваат дека борбата на духовниот раст трае до последниот здив. Речениците се блаrи, нежни, од нив извира љубовта на еден пастир кон неговото стадо, на отец кон своите деца, на брат кон своите браќа и на пријател кон пријателите. Тоа е истата љубов што авторот на овие дневнички записи, ја има носејќи ја и одеждата и монашкото расо, кои му ја даваат и силата и човечноста и искреноста. Определеноста да се посвети животот на Бога е завет, но и извор на сила.         

        ,.Пост и параклис" е отворање и на портите од црквата, од манастирот, од дверите, од параклисот и многу искрено, а сепак многу понизно посочување дека и тие свештениците, и епископите, и владиците, и монасите се единственото штo може да бидат - луѓе. (И) Ним ништо човечко не им е туѓо. Во текстовите паралелно со поуките и житијата на светиите како парабола за искушенијата на современиот верник, тече и постојана молитва за покајание, барање прошка за себе и за другите. Затоа што оној кому му е дадено да подучува, да води не се става над оние кои доаѓаат на молитва, исповед и поука.
         Најголемиот дел од записите се пишувани во манастир (Свети Атониј, Ново Село), па во себе ја откриваат и монашката радост и верба во Спасителот. Редовите во исто време се и влез во монашкиот свет, отворен поглед кон монашкиот повик, допуштание да се види одблизу општожителското братољубие, заедништвото во таrата, покајанието, но и радоста од близината до Светлината.
И повторно, наспроти радоста и мирот на манастирот е повикот на епископот како пастир да биде до народот, до верниците, да патува и да стиrне до нив, да им биде достапен. Така, колку што неговите посланија се враќање на основата, на најважното и најсуштинското - личносниот однос кон Бога, толку се и современа и модерна епистола за потребите што тој однос ги има во денешно време. Споредбата на монашкиот и духовниот повик со световниот секојдневен живот во динамичниот 21 век, ги први текстовите 'питки' и лесни за секој верник и за секој човек. Пред нас се едноставни поуки за секој кој низ живот се прашува како да се опстои на спојот на хоризонталата и вертикалата, како да се износи Крстот?
          Јавноста го познава отец Пимен како еден однајотворените претставници на свештенството на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, а таа отвореност и ведар стил на комуникација се видливи и во „Пост и параклис“. Тој не го романтизира својот повик како духовник, не се иззема себеси од денешницата и од искушенијата што таа ги носи, туку отворено говори како е да се биде дел од тоа. Книгата колку што не потсетува на убавината на црковната лексика, на химничноста на молитвата, на важноста од сосредоченоста на умот, толку потсетува и на актуелноста на мигот. Свештениците, монаштвото, како и верниците не се имуни на тој миг, никој не е надвор од светот, туку е дел од него. Во извесна мера поуките на митрополитот европски се и показ на живата Црква која колку што треба да биде цврста и стамена во верата во Бога, толку треба да биде будна, прониклива за контекстот во кој живее денешниот човек. Низ дневникот читаме и за пандемијата на вирусот корона, и за лекарската жртва, за социјалистичките практики и секуларноста на државата, за напливот на либерализмот, за Западот наспроти Истокот, за подвигот на возобновување на манастирите и монаштвото во Македонија пред четврт век. И во овие редови повторно имаме двојна перспектива - и од човек кому световното не му е туѓо и од духовник што постојано се моли - да биде(ме) близу до Бога.
         Подrотвувајќи се за најрадосната вест, подготвувајќи се за Празникот над Празниците, за Велигденот, „Пост и параклис“ е и одличен молитвеник со едноставни, простосредечни молитви за православниот верник кој се моли Бог да влезе во нашите души.
„Пост и параклис“ е поука за постот како прислужување, како помош и подвиг на љубовта. Само така, потсетува владиката, може да се вратиме на заборавеното блаrодарење, на евхаристијата, на радосното славење на животот во Бога. Затоа читањето на посниот дневник потсетува на првата голтка вода по тримир, како предвкус на Велигденската радост.
        „Пост и параклис“ е четиво и за оние кои не се сметаат за православни верници, и за оние кои не се стремат да станат охристовени личности, а сепак секојдневно се прашуваат за исправеноста пред преминот и градат параклис во умот, а уште поважно во срцето.

 

31 март 2023 лето Господово

 

Извор:

 Premin.166.167

ПРЕМИН бр.167/168

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная