логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

...за Господа еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден.(2 Петр.3,8)

Зборовите на светиот апостол Петар говорат за неизмерливоста на Оној Кој Е над контурите на времето и просторот, а кои ги поставил во Негово владеење, Неискажлив, Неспознатлив, Невидлив, Недостижен..., а ги поставил времето и просторот за нас паднатите за да нè вознесе и ни го дарува Неговото идно царство кое не ќе има крај. Но, токму она што во очите на Бога е вредно, не е ограничено со време и простор и нуту една експериментална алатка не може да го измери, иако се користиме со човечки ограничени зборови  и опитно мерењево смисла на број и слово, илјада години, еден  ден, еден ден илјада години. Токму во тие зборови ни се открива мигот, секагашното присуство на божествената благодат, светоста т.е. сето она што не прастанал да Го прави Бог за нас со Единородниот Син и Светиот Дух. Светите Отци живееле и живеат токму во тој миг, миг кој ја надминува историјата која се преточува во вечност, токму на Трпезата Господова, на Светата Литургија каде тоа се објавува и случува, и токму тогаш во моментот откако со мир ќе излеземе, сведочат дека го имаат дарот на Светиот Дух, единството со Бога преку молитвата со Него. Затоа, светоста се живее во миг, а не во време, а тој миг е растеглив како Вселената и не престанува да се шири додека не опфати сè за да биде соединето со Бога и да биде спасено. Тој миг на присуство на Божествената благодат ги пробразува часовите, минутите, деновите и годините во момент кој нема крај преку Христос чие царство нема крај во радоста и мирот на Светиот Дух за слава на Бога Отца.

Доволен е воведот за она што значи миг и момент, а што ден и година. Во мигот и моментот живеат светиите, а сите кои не сме го стекнале дарот на Светиот Дух (умносрдечната молитва како што вели исихастичкото Предание на Црквата) живееме во денови и години. Затоа да си спомнуваме за оние кои живеат во чистота и чесен живот, та преку нивните молитви да поживеемеи тие и ние во секое благочестие и чесност, како што вели свети Јован Златоуст.

Нашата Света Црква на која како свештенослужител по Божјата милост и служам ќе слави јубилеј 1000 години постоење како Охридска архиепископија, а според земното устројство кое како христијани го почитуваме е позната како Македонска православна црква. Но, Црква која е помесна за сите христијани низ времињата до денес, на овој македонски простор. Можам слободно да кажам како и светиот апостол Петар, дека Охридската архиепископија го живее мигот на Божествената благодат низ сите илјада години во еден ден на јубилејот што го прославува, како еден ден кои се памети илјада години, и сето тоа евхаристиски запечатено за вечни векови. Да се зборува за Охридската архиепископија значи да се говори за еден од најстарите, а воедно и најмладите континуитети на христијанството во светот. Од мисијата на светиот апостол Павле, преку новелите на светиот Јустинијан до мисијата Солунските браќа кои освен што ни го открија благодатното значење на поимите образование, воспитание, писменост и култура, победија и една ерес (тријазичната) која денес за разлика од времето кога римскиот патријарх Адријан, цариградскиот Фотиј и светите Кирил и Методиј го живееле мигот, или присуството во Божествената благодат, повторно се изнедрила впикана во политиките на светските стихии и шемите на религиозната социопатија која се оправдува со свети канони од луѓе кои не го живееле ниту го живеат мигот, или моментот на евангелската вистина, а што е најстрашно по делата познаваме. Нашиот Спасител вели, по љубовта светот ќе познае дека сте Мои, па сега видете дали имаме во нас и околу нас љубов Христова. Сакам да кажам дека сите притисоци кои произлегуваат од кнезот на овој свет и таткото на лагата, иако историски и правно ќе се образложат сепак ќе бидат само историја, а Охридската архиепископија ја живее вечноста. Тоа сведочи како најмал брат, иако по своето евхаристиско достоинство стои веднаш зад Цариград, Ерусалим, Антиохија и Александрија. Свети Климент Охридски смирено сведочи дека ако Бог е со нас, кој ќе е против нас. Во својата простодушност и едноставност смирено ја продолжил евангелската мисија на светите Браќа, за да ги просвети Охрид, Македонија, Балканот и словенска Европа со Христовата светлина во еден миг кој еве трае илјада години иако славиме како еден ден, а ќе трае и за навек. Нашиот патрон не се ползувал со првенство заради римското право, ниту заради родниски врски при дворските игри на царевите, или пак со силата на мечот на некој цар, туку едноставно во неговата смиреност Христос со Својата моќна рака ја зацврстил столицата на Црквата во Охрид.  Дали треба да потсетуваме дека на таа столица биле Јован Дебарски, Лав, блажен Теофилакт, Димитриј Хоматијан, Константин Кавасила и многу други, кои живееле во мигот на царството небесно, а не само во поминување на деновите и годините.

На едно место Христос укорувајќи ги фарисеите за нивното лукавство и грев на нерасудување, им вели: Тешко вам, водачи слепи, кои велите: Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во црковното злато, виновен е. Безумни и слепи! Што е поголемо, навистина: златото или црквата, која го осветува златото? Исто така велите: Ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е. Безумни и слепи! Што е, навистина, посвето: дарот или жртвеникот, што го осветува дарот? А кој се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сe што е врз него;и кој се заколне во црквата, се колне во неа и во Оној, Кој живее во неа;(Мт.23,16-21). Сега можете да си го поставиме и прашањето, што е поголемо каноните според урнек на римското право, или Евагелието според Христовиот живот. Што е поголемо, националната политика на државата или Црквата-Телото Христово? Затоа, долгоденствувај наша Мајко, Цркво апостолска, царска и Светиклиментова оти го живееш евхаристискиот миг низ цел еден милениум во еден ден во Христовото царство кое не ќе има крај. А, свадбата ја приготви, и сè е подгвотвено, освен што поканетите се чувствуваат недостојни, па наоѓаат изговор да не дојдат, но твоите верни чеда се секогаш по улиците и раскрсниците и сите ќе не собереш (Мт.22,1-14).

На многаје лета Македонска православна Црква – Охридска архиепископија по молитвите на Пресветата Владичица наша и свети Климент и Наум.

П.С. Џабе се викаш Кирил, ако не дојдеш во Охрид на Литургија, истото важи и ако дојдеш, а си отидеш гладен од Трпезата Господова.

„За нив би било подобро, да не беа го познале патот на правдата, отколку откако го познаа, да се вратат назад од светата заповед, која им е предадена„ (2Петр. 2,21).

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3166
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная