логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT415

Кога се слушна за заминувањето од овоземниот свет на Отец проф. д-р Јован Таковски
Теолог со интернационално реноме
Кој се упокои во Господа на 82 години
На ден Источен Петок – Балаклија 2023 година

Во многу цркви и манастири во
Македонија, Европа и светот
Со длабок пиетет се изговараше неговото име
Низ молитвите за неговата душа
Бидејќи Отец Јован Таковски се движеше
Од Македонија до Бескрајот на христијанската љубов
Со чувство дека секаде каде што бил останал засекогаш
А секаде каде што не бил ќе го гледа Светот од
Небото на Вечниот живот.

Отец Јован Таковски остави зад него една импресивна Рајска библиотека
На неговите преводи на сите 19 книги од Богослужбата
И сите дела на Св. Климент Охридски
Од црковнословенски на македонски јазик
Објави повеќе авторски истражувања за преосвештението на
Рамноапостолите Св. Кирил и Методиј и нивните ученици
И преведе круцијални дела од француски јазик
Од христијанската и филозофската мисла.

Неговата академска поврзаност со теолошките институти
И католочки и православни
Во Париз, Брисел, Женева и други европски центри
Беа толку длабоки и нераскинливи
Што неговата појава секогаш беше поврзувана
Со неговата красноречива реторика на
Беспрекорен француски јазик:
„Европа никгаш не треба да заборави дека христијанството го прими преку Македонија
Со Апостол Павле и Лидија Македонката, првата христијанка на Европа
Која на неговата проповед за цивилизацијата на љубовта и Спасителот на светот
Одговорила со зборовите
-Ќе изградам црква во моето срце за Синот Божји Исус Христос
И во него вечно ќе се пее химната на ангелите на бесмтрната љубов“

„Во основата на охристовувањето на македонскииот народ и Европа лежи зборот Логос
Кој е синоним на Второт лице на Света Тројца, а тоа е Синот Божји
Логос на македонски се прецедува со зборот Слово“
-Во почетокот беше Словото (Логосот)
И Словото беше во Бога и Бог беше Словото (Јован 1.1)

Се сеќавам кога во истата црква во која проповедал Св. Јован Шангајски во Париз (1896-1966)
Отец Јован Таковски одржа проповед во кој го сублимираше
Животот на овој светец од модерните времиња
Кој се протегаше од неговата родна Русија, преку Белград
Во кој доаѓа после Октомвриската револуција
И од таму во Богословијата во Битола
Каде што остава неизбришливи траги во
Духовната слика на Македонија меѓу двете светски војни
И во 1934 година е испратен во мисија во Шангај
Каде што повеќе од две децении се грижи за 4000 деца сираци
А од таму преку Париз, заминува во Сан Франциско
И се упокојува во 1966 година.

Отец Таковски, чиј глас одекнуваше во париската црква
Со зборови како духовни смарагди, рече:
Во Франција го нарекуваа Св. Јован Шангајски (Saint Jean de Pieds nus)
Или Св. Јован Шангајски – Босоногиот
Бидејќи за 40 години на неговата мисија на земјата
Никогаш не обул чевли и не легнал во кревет да спие
Докажувајќи дека светоста е всушност бесмтрноста на љубовта
Која по сите континенти може да ја одбрани идејата за светската цивилизација
И Првата средновековна школа на хуманизмот на
Св. Климент и Св. Наум Охридски – вечно живите светци во Македонија
Што секогаш ги носеше врежани во неговото срце.

Во црквата седевме заедно со мојата сопруга Лилијана и со христољубивиот Ване Стојчевски
Прв претседател на Македонската православа општина во Париз – Св. Кирил и Методиј
А околу нас беа плејада од професори и теолози од француските и европските институти
Таковски го заврши предавањето со зборовите:
„Сакам да го корегирам францускиот историчар Жорж Кастелан
Кој напиша дека Македонија е крстопат на мртви империи –
Точно е дека таа е крстопат, но на живата љубов која што блика со векови во нејзината историја“

Со зборовите на Едуардо Гаелано (1940-2015) – латионоамерикански визионер
Го завршувам овој омаж за Отец Таковски:
„Не постои историја која е нема –
Можете да ја горите, да ја уништувате, да ја травестирате,
Таа ќе одбие да ја затвори устата и ќе проговори за се.“

Јордан Плевнеш

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/megju-makedonija-i-beskrajot-beseda-za-otec-jovan-takovski/?fbclid=IwAR0sHhyu73jEe8GrQ2sYV9f3bYRp4b8beZgn_Gn0d886PLNdOadcU9wm-XA

Opelo.Takovski3

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная