(30.11.2011)
Во саботата на 26 ноември 2011 година во просториите на Павлијанскиот Културен Центар се одржа еднодневниот симпозиум за големиот просветител на Словените светиот Климент Охридски.
Неговиот череп се чува во манастирот на светиот Јован Крстител близу Верија.
Симпозиумот беше во организација на игуменот на манастирот архимандритот Порфириј Бацарас. Присутните ги поздрави Митрополитот на Верија г. Пантелејмон, кој правејќи паралела помеѓу литиите со Чесната Глава на светителот и овој симпозиум во негова чест го нарече умствена, духовна литија која ни пренесува запознавање со детали од животот на светителот.
Прво обаќање имаше игуменот на манастирот архимандритот Порфириј осврнувајќи се на општи информации од локалните преданија кои имал прилика да ги слушне во своето родно гратче Полидендри.
Потоа на присутните им се обрати советникот на игуменот на манастирот монахот Пантелејмон, кој презентираше современи чуда на светиот Климент во манастирот на свети Јован Крстител.
На крајот беше повикан да говори Архимандритот Палама Кирилидис, игумен на манастирот Богородица Калипетра, кој освен тоа што порано бил свештенослужител во манастирот на светиот Јован Крстител, го има напишано на грчки житието на свети Климент. Изданието на овој превод е веќе исцрпено.
Последниот говорник се осврна на честа кон светителот која ја прави јавна големината на светоста на архиерејот Климент.
Во Бугарија и во Македонија се поставени огромни споменици (дури и во времето на атеистичките режими), неговиот спомен е национален празник, а литијата со неговите мошти привлекува мноштво народ кои доаѓаат да се поклонат.
При обраќањето паралелно беа проектирани и слајдови, а вон програмата беа наведени и лични прекрасни искуства.
Симпозиуомот го заклучи јероѓаконот Емилијан кој испеа некои делови од службата на свети Климент.
Светиот Климент (860-916) бил ученик на светите рамноапостолни Кирил и Методиј Солунски. Заедно со неговите учители од страна на светиот Константинополски патријарх Фотиј бил испратен на мисија во Моравија, денешна Чешка и Словачка. По упокојувањето на учителите тој бил прогонет од таму и враќајќи се преку Бугарија бил заробен од царот Борис. Кога била констатирана неговата светост, бил поставен за учител и го испратиле како епископ во Охрид каде што духовно и социјално го оживеал местото. Изградил цркви и манастири, ја составил кирилската азбука (која така ја нарекол според името на својот упокоен старец свети Кирил) и ја превел целата позната црковна книжевност на словенски. Во неговото училиште се школувале 3500 ученици. Неговата дејност е огромна и оправдано се нарекува просветител на Словените и рамноапостол.
Се разбира, Верија може да се пофали со повеќевековното присуство на неговите свети мошти.
Извор: Ромфеа
Преземено од МПЦ
http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=4805