(10.11.2011)
Претседателот на Русија Д. Медведев ја истакнува плодотворноста на соработката на Руската Православна Црква со државните и општествените институции и ја смета за чудо обновата на Православието во Русија во последните две децении. Ова го изјави при средбата со претставници на православната јавност, соопштува сајтот er.ru.
„Ако зборуваме за тоа што се случи за овие дваесет години од моја гледна точка, како православен човек, тоа едноставно e чудо. Отворено говорејќи, не можев ни да замислам дека пред 15-20 години возобновувањето и заживувањето на верата кај огромниот број жители ќе тргне со такво темпо“, изјави претседателот на државата.
Претседателот уште рече дека тоа во голема мерка е резултат на напорите на Патријархот, свештенослужителите, добротворите, како и на позицијата на државата.
„Денес благодарение на нашата заедничка дејност, благодарејќи на напорите на Патријархот, Црквата плодотворно соработува со државните структури, со општествените институции.“
Медведев прецизираше дека на овие иницијативи, пред сѐ, се однесува воведувањето на предметот Основи на религиозната култура во училишната програма.
Претседателот соопшти дека денес тој предмет се изучува во 10.000 училишта, во 21 регион од земјата. По неговите зборови, од наредната година основите на верската култура ќе се предаваат во сите училишта во Русија.
извор: Интерфакс
Преземено од МПЦ