Патријархот повикува да се спречи „било каков обид“
за легализирање на истополови бракови
31.01.2014 год.
Претстојателот на Руската православна црква побара забрана на државно ниво за правните обиди за легализирање на истополови бракови, нагласувајќи декаtek_1.jpg овој став е заснован врз самата природа на христијанството.
Обраќајќи се до членовите на Горниот дом, патријарх Кирил напомна дека овој потег ќе го заштити семејството како јавна иституција.
„Како одговор на сеопфатната меѓународна дискусија на оваа тема би сакале да дадеме конечна изјава – бракот е заедница помеѓу маж и жена, заснована на љубовта и заедничкото разбирање и создадена со цел раѓање на деца“, изјави Рускиот претстојател на Црквата.
Патријарх Кирил вети дека Црквата ќе им дава поддршка на сите државни и јавни институции кои се трудат да ги заштитат традиционалните христијански вредности. Тој нагласи, сепак, дека ваквиот чекор не е поттикнат од желбата да влијае на политиката, туку од самата природа на христијанството.
Кога државата го прилагодува секој свој потег на „природните морални норми“ тоа не ја прави религиозна, туку наместо тоа ја претвора во „разумен чувар на заедничкото добро“.
Уште повеќе, патријархот спомна дека поголемото промовирање на религиозното образование би можело да им помогне на властите да се справат со екстремизмот и тероризмот. Подготвените граѓани би пружиле „интелектуален отпор“ и кон исламските екстремисти и кон масовната култура со својот култ кон хедонизмот и агресијата, додаде тој.
Исто така тој заклучи дека едноставната склоност кон пријателство и мирен соживот не се доволни и дека вистинскиот став кон другите религии може да се заснова само на сопствените религиозни должности.
Руската православна црква никогаш не прифатила истополови бракови, но изјавите на нејзините претставници станаа особено строги, кога темите поврзани со хомосексуализмот го достигнаа врвот кај јавното мислење во земјата.
Ова се случи после минатогодишното усвојување на законот за забрана на промовирање на хомосексуални врски кај малолетниците. Законот се соочи со огромна критика во Русија и во странство, сепак неговите поддржувачи и Руската влада се спротивставија со тврдењето дека законот не е дискриминативен и е воведен само за да се заштитат децата.
Кога дискусијава се разгоре, раководителот на Одделот за односи со општеството при Светиот Синод предложи општонароден референдум за воведување на кривична одговорност за хомосексуалци ( нешто што беше укинато во Русија во 1993 набрзо по распаѓањето на Советскиот Сојуз).
Идејата на овој клерик сѐ уште се нема остварено. Уште повеќе, претседателот Владимир Путин ги смири работитите во едно неодамнешно интервју истакна дека Русија е секуларна држава и такви иницијативи не би можеле да добијат никаква поддршка.
Извор: Правимир