Свештеници во трупите на руското МВР
Поглаварот на Руската православна црква, Неговата Светост Патријархот Кирил, пред неколку дена изјави дека очекува во трупите на руското МВР, следејќи го примерот на војската, да бидат распоредени свештеници.
„По милоста Божја, институцијата на воено свештенство заживува. Според Министерството за одбрана на Русија, овој процес имал позитивно влијание врз морално-психичката состојба на составот на вооружените сили, за што би сакал лично да му се заглагодарам на Министерот за одбрана на Русија, г. Сергеј Шојг“, изјавил Патријахот. Тој ја подвлекол важноста на верата за луѓето коишто „постојано се соочуваат со смртта, спроведувајќи анти-терористички операции“.
Бројот на свештеници во руските вооружени сили речиси тројно се зголемил во минатите две години, како дел од планот за возобновување на потполното воено свештенство во Русија, кое постоело од 18-от век, па сè до почетокот на Советската ера. Овој план бил најавен во 2009 година, од тогашниот претседател на Руската Федерација, г. Димитриј Медведев.
Моментално, во руските вооружени сили се присутни 80 свештеници. Планирано е нивната бројка да достигне 400.
Две третини од руските војници себе се сметаат за верници, според извештајот од руското Министерство за одбрана. Од нив, 83% се православни, 8% се муслимани, а 9% се припадници на останатите религии.
Извор: РИА
Преземено од: http://koe.mk/svestenici-vo-trupite-na-ruskoto-mvr/