Антиохискиот Патријарх ја обвини меѓународната заедница за пасивност во решавањето на случајот со киднапираните архиереи (04.09.2013 09:30)
Неговото Блаженство Антиохискиот Патријарх Јован X смета дека меѓународната заедница е одговорна за застојот во решавањето на случајот со двајцата киднапирани архиереи во Сирија.
„Меѓународната заедница би требало да го заклучи случајот“, кажа Патријархот, во саботата, на одржаната прес-конференција.
Тој укажа: „киднаперите се свесни дека киднапирањето на двајцата истакнати христијански личности влијае врз развојот на случувањата во регионот“. Патријархот изјави дека контактирал со повеќе меѓународни фактори, но „никој не дал никаков одговор за инцидентот“.
„Потребна е помош за да се открие судбината на киднапираните. Уверени сме дека меѓународната заедница би можела да го реши случајот.“
„Киднапирањето на двајцата архиереи е случка која не смееме да ја занемариме“, истакна Поглаварот на Антиохиската Патријаршија.
Двајцата архиереи беа киднапирани на 22 април оваа година. Сѐ уште никој не презема одговорност за киднапирањето.
Извор: Светигора
Преземено од: МПЦ-ОА