Грузиската Црква повикува за забрана на абортусот (09.05.2013 16:54)
Грузискиот Патријарх Илија во својата Воскресна порака ги повика властите да го усвојат законот за забрана на абортусот, велејќи дека тоа би било придонес за решавањето на „тешката демографска ситуација“.
„Абортусот е гнасно убиство на невино суштество кое се извршува со одлука и намера на родителите. Лекарот, исто така, е директен соучесник. Немилосрдното убиство на децата слободно се спроведува и нема кој да ги заштити – ни државата, ни општеството“, рече Патријархот.
„Оние кои не сакаат да родат дете од економски причини... Ве молам, немојте да го направите овој страшен грев; ако не можете да си дозволите грижа за децата, Црквата ќе ја превземе обврската за нив“.
„Денес, кога имаме толку тешка демографска ситуација, мислиме дека државата мора да го усвои законот за забрана на абортусот“, се вели во пораката.
Коментирајќи го апелот на Неговата Светост, грузискиот премиер Иванишвили се сложи по прашањето за „демографската ситуација“, истакнувајќи дека, за успешно да се надмине проблемот, тежината треба да се стави на економскиот развој воопшто.
Извор: Светигора
Преземено од:МПЦ-ОА