На Кипар почна да мироточи икона на св. Георгиј (09.05.2013 17:03)
Во црквата посветена на св. вмч. Георгиј Победоносец во општината Камбија-Фармакс на Кипар, на 6 мај почна да мироточи иконата на светиот покровител на храмот.
За време на Литургијата парохјаните приметиле дека од иконата на светителот истекува густа миомирисна течност, за што му било јавено на надлежниот архиереј – Тамасоскиот и Оринијски Митрополит Исаија.
Ерархот стигнал во храмот заедно со повиканите експерти, кои се увериле во отсуството на природни причини за мироточењето.
Иконата на св. Георгиј е живописана во 15 век, а реставрирана пред дванаесет години. Парохјаните приметиле уште една необична појава: иконата станала потешка; за време на литијата шест луѓе морале да ја подигнат.
Интересно е што мироточењето се случило на денот посветен на св. Георгиј, но по јулијанскиот каленадар, а не по григоријанскиот, до кој се придржува Кипарската Црква.
Извор: Светигора
Преземено од: МПЦ-ОА