Во Светата Земја молитвено се прослави Крштението Господово (23.01.2013 12:13)
На 18 јануари 2013 г. Неговото Блаженство Патријархот на Светиот Град Ерусалим и цела Палестина Теофил III пристигна во грчкиот православен манастир посветен на св. Јован Предвесник недалеку од реката Јордан. Патријархот ја предводеше Литијата кон Јордан, придружена од свештенството и многуте поклоници, каде отслужи Вечерна и чин на осветување на вода.
Потоа Неговото Блаженство Патријархот Теофил се спушти кон реката за да го потопи крстот во јорданските води. Според традицијата, во моментот на осветувањето на водата се пуштаат бели гулаби во спомен на слегувањето на Светиот Дух при Крштението на Исус Христос: „ И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.“ (Матеј 1, 11).
Свештенослужителите на Руската духовна мисија традиционално земаат учество во оваа прослава.
Вечерта на 18 јануари прославата во чест на празникот Богојавление продолжи во рускиот медицински дом за тешко болни во Јордан и во храмот Света Троица во Ерусалим. Во параклисот при Домот за тешко болни во Јордан се отслужи сеноќно бдение.
На 19 јануари, во рускиот реон на Јордан беше отслужена Божествена Литургија и чин на Големо осветување на вода. На богослужбата пееја монахињите на Горненскиот женски манастир.
Извор: mospat.ru
Преземено од :МПЦ-ОА
Богојавление во годината 2013 во целиот свет
Празникот Богојавление или Кршетавањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос се прославува уште во апостолското време во првите векови од христијанството. Најпрво тој се нарекувал Богојавление и во него биле сместени сите настани на кои Бог Света Треоица се објавил отворено пред луѓето во Неговите три Лица, Отецот и Синот и Светиот Дух. Подоцна на овој ден било задржано да се празнува само настанот на крштевањето Господово како што се практикува и до денес.
Со текот на времето овој празник добива и свои празнични одбележиа и што е нај интересно тие се разликуваат од Црква до Црква преку целиот свет. Главниот суштински настана е осветувањето на водите и тоа го имаат задржано сите помесни Православни Цркви. За таа пригода направивме еднен албум од овогодишните празнувања на Светоеое Богојавление во целиот свет. Погледајте го и сами оценете каде најдостоинствено се празнува.
Извор: Прохор блог
22 јануари лето Господово 2013