(18.01.2013 17:12)
На Водокрст, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил отслужи Василиева Литургија и чин на Големо осветување на вода во Преображенската црква под соборниот храм на Спасителот Христос во Москва, соопшти Патриархия.ru.
Обраќајќи им се на присутните на богослужбата, Поглаварот повика за стравопочит кон светата вода. „Понекогаш луѓето се брзаат да добијат вода и продолжуваат со своите дела, понекогаш сакаат да дојдат пред својот сосед. Тоа не е никаква тајна, ние често црпиме од светата вода без стравопочит, гласно разговараме, а понекогаш доаѓа и до конфликт – поради човечката слабост, некоја недоумица, недоволно разбирање“, рече тој.
„Ние се осветуваме од водата, го осветуваме физичкото естетство, физичката природа, со тоа самите сведочејќи дека преку раѓањето, животот, страдањата, смртта и Воскресението на Господ и Спасителот пред нас се отвора вратата на небесното Царство“, рече Патријархот Кирил. „Во знак на тоа сопричестување на човечкиот род со Бога, преку јавувањето на Синот Божји и Господ наш Исус Христос, ни се дава големата Тајна на осветувањето на водата“.
„Јас денес сите ги повикувам на мирен дух, состојба на мир, радост, затоа што преку Божјата благодат ни се открива вратата на вечноста, посочувајќи ни го патот кон небесното Царство. И светата вода, подготвена во Божјите храмови, таму каде што ќе се освети, нека биде дејствителен дар на Светиот Дух, вода за вечен живот“, заклучи Поглаварот.
Извор: Патриархиа.ру
Преземено од: МПЦ-ОА