Митрополитот Волоколамски Иларион уште еднаш за МПЦ (09.12.2012 )
„Руската Православна Црква, како и сите останати помесни Православни Цркви, ги признава на територијата на Република Црна Гора само епархиите на Српската Православна Црква, а во ситуацијата која настана во Црна Гора не гледаме никакво прашање кое би барало посебно црковно решавање", рече владиката.
Поинаква е ситуацијата, додава тој, со непризнатата Македонска Православна Црква, која до 1967 година беше автономна Црква во состав на Патријаршијата на СПЦ, а потоа неканонски прогласи автокефалност, која никој не ја има признаено.
„Повеќе од потребно е Црквата во Република Македонија да стане свесна од неопходноста да се врати во канонското поле. Сметаме дека можностите кои за тоа постојат треба да бидат разгледани од страна на претставниците на Патријаршијата на СПЦ и самата непризнаена Македонска Православна Црква, врз основа на канонските норми и во духот на братската љубов“, укажува Митрополитот Иларион.