Завршена е реставрацијата на фрескописот од древниот кападокиски храм (16.11.2012 )
Екипа на Универзитетот за реставрација и конзервација од областа Тоскана, во Италија, предводена од проф. Марија Андалора, заврши со реставрацијата на 1000 години стари фрески во историскиот храм Токали во турскиот град Ѓереме, Кападокија. Реставрацијата е извршена во блиската Сехитлер црква.
Прочуениот фрескопис во храмот Токали е вратен во својот првобитен сјај и изглед. Оваа позната пештерна црква била центар на монаштвото во византиска Кападокија. Издлабена е во мека вулканска карпа и фрескописувана во неколку фази помеѓу средината на IX и средината на X век. Во 1985 година УНЕСКО го вклучи овој храм во списокот на светското културно наследство.
Извор: Светигора
Преземено од.МПЦ-ОА