логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Возљубени!

Еве сега светло празненство! Дојдете, возљубени, ликувајќи да се насладиме со ова прекрасно чудо! Откако ќе го отфрлиме животниот мрак, да ги просветлиме нашите телесни очи и со умот да се издигнеме, за да го видиме чудесното Успение1  на Мајката на Господа. Да ги видиме и Неговите ученици, дојдени на облаци и собрани, за да го спроведат пречистото тело на вистински Пречистата и Преславна Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, зашто:

преку Неа се обнови оветвениот од грев човечки род;

преку Неа се отвори Едем,2 некогаш затворен поради прабабата Ева3;

Преку Неа пламениот меч,4 откако се сврте, побегна и патот што водеше кон животворната храна се отвори;

Преку Неа беше уништено проклетството5  а процвета благословот. И откај што смртта се всели во нас, оттаму излезе бесмртниот живот6. Зашто Таа стана новото небо, откако Го смести во себе Создателот на небото и на земјата.

Преку Неа се обожи човечката природа, откако Христос се всели во нејзината пресвета утроба.

Откако нашиот Бог нè виде паднати во смрт и распадливост преку измамата на ѓаволот, не можеше да го гледа според Својот образ создадениот човек, оветвен и паднат во толкаво зло, туку во Своето милосрдие се смилува на нас, ги преклони небесата и слезе како некогаш дождот на руното,7 се всели во утробата на Дева и откако со тело го покри Своето Божество, стана истовремено Бог и човек, двоен по природа. Затоа, Онаа Којашто Го роди е наречена Богородица. Сега, чествувајќи го нејзиното пресвето Успение, светло се радуваме.



Но ако некој си помисли во умот нешто неумесно, велејќи: „Не би требало да вкуси смрт Онаа Којашто Го родила Бога Животодавецот“, на таквиот ние ќе му одговориме вака: „Бидејќи по гревопадот, на Адама му беше речено: „Земја си и во земја ќе се вратиш“,8 тогаш како што од него го имаме почетокот на постоењето преку раѓање, така ја имаме од него и смртта9. Заради тоа и нашиот Господ Исус Христос дојде на земјата и прими смртно тело, и заради нас вкуси смрт по тело, а не со Божеството, бидејќи Он со Своето Божество е секогаш нестрадален и бесмртен. И воскресна како бесмртен, а со Себе го воскресна и првосоздадениот Адам и други праведници што умреа по него.

Поради тоа и Пресветата Приснодева Марија – Божјата Мајка, вкуси смрт по тело. Тогаш Самиот Господ Бог слезе при неа со мноштво бестелесни сили и со Своите пречисти раце ја прими нејзината пресвета душа. А по нејзините молитви, преку духовна сила се собраа од сите страни апостолите на облаци. И не само оние што беа уште живи, туку и оние што се беа веќе упокоиле, за да сведочат и да го спроведат чесното тело на Пречистата Мајка Господова. Потоа ја однесоа во Гетсиманија и таму извршија целивање и пееја пофални песни, и така ја положија во гробот. И оттаму Таа воскресна од гробот на третиот ден, зашто така требаше таа да биде истргната од гробот, та Мајката да биде при Својот Син10.



И така, денес Мајката на Животот11 премина во вечниот живот, отворајќи ги рајските врати за човечкиот род.

Денес Мајката на нашиот Господ Бог се издига од долниот Ерусалим во горниот12 и небесен Град на вечното царство Христово.

Денес пресветлиот Облак се издигнува кон непристапната Светлина13 при бесплотните сили.

Пристапувајќи сега кон Неа, велегласно да и изречеме похвала, велејќи:

Радувај се, духовен рају, од кој се излева бесмртност за родот човечки!

Радувај се, нов ковчегу, кој содржи не камени плочи,14 туку Самиот Законодавец – Христос, Спасителот на светот, Кого Ти Го роди.

Радувај се, капино несогорлива,15 која во својата утроба Го носеше Божествениот Оган!

Радуваj се, Горо несечена, од која се отсече духовниот камен16 – Христос, и ги сотре идолските жртвеници и ја истреби нивната служба.

Радувај се, пресветол Облаку, кој во својата утроба Го понесе духовното Сонце – Христос!

Радувај се, Ти, Која си радост на бесплотните сили, која бессемено си Го зачнала и неискажливо си Го родила Творецот на ангелите и Создателот на сите твари!

Радувај се, Ти, Која си остварување на пророштвата и исполнување на нашето обновување!

Радувај се, Ти, Која си радост на апостолите и здрава поткрепа на мачениците!

Радувај се, пространо сместувалиште на несместливата природа!

Радувај се, светило, кое во себе ја прими незаодната Светлина и богоразумно го просветли целиот свет и постојано светиш со своите пресветли молитви!

Радувај се, духовна трпезо, која во себе Го прими небесниот Леб,17  Кој се даде Себе за спасение на сите, и Кој се дава за живот на верните!

Радувај се, Ти, Која си обновување на Адама и ослободување на Ева!

Зашто, преку Тебе, Владичице, се избавивме од идолската измама.

Преку Тебе пак се вративме во поранешниот живот.

Преку тебе, Пречиста Владичице, се именуваме синови Божји18 преку верата, крштавајќи се во Света Троица.

Преку Тебе, нашиот непријател, ѓаволот, беше победен и осуден во вечниот оган, заедно со сите бесови.

Преку Тебе се победуваат сите ереси и Христови противници.

Преку Тебе, Пресвета Дево, се прогонуваат нашите болки и страдања и се уништува бесовската служба.

Преку Тебе, Пресвета, се смируваат горделивите а се богатат сиромасите, 19 пазени од благодатта.

Преку Тебе, Пресвета Владичице, рајот се отвори и Царството бесплатно им се даде на оние што со вера Те слават како Мајка Божја.

Зашто ти се покажа како застапница на ожалостените и исцеление на болните, бидејќи си Го носела Оној Кој врз Себе ги понесе нашите болести и страдања, поради нашата природа (што ја зеде) на Себе.

Тебе, Богородице Дево, Те слават архангелските и бесплотните чинови. Тебе Те слават патријарсите и пророците. Тебе Те почитуваат ангелските собори и маченичките полкови. Ти си венец на архиереите и спасение на човечкиот род.

Поради тоа, и сега непрестајно моли се за нас, кои го почитуваме твоето пресвето Успение, прогонувајќи ги сите страдања и лекувајќи ги болестите. Неволите растерај ги и уништи ги ересите. Мир и здравје на светот дарувај му, и Царство небесно испроси од Својот небесен Син, Исус Христос. Нему Му прилега секаква слава, чест и поклониение, со беспочетниот Отец и со Пресветиот и Животворен Дух, сега и секогаш и во веки веков. Амин!

[1]  Успение – заспивање, упокојување, смрт.

[2]  Едем – рајот, рајската градина.

[3]  1 Мојс. 3, 23.

[4]  1 Мојс. 3, 24.

[5]  1 Мојс. 3,16-19.

[6]  Односно, преку жената.

[7]  Суд. 6, 37. в. и 2 Цар. 22, 10. Пс. 17, 10.

[8]  1 Мојс. 3, 19.

[9]  сп. Рим. 5, 12.

[10]  Според Апостолското предание. Види Житија 15 август ст. ст.

[11]  сп. Јн. 11, 25; 14, 6.

[12]  Гал. 4, 26. Откр. 21, 2.

[13]  Односно при Господа Исуса Христа; в. Јн. 8, 12.

[14]  5 Мојс. 10,2. Евр. 9,4.

[15]  2 Мојс. 3, 2.

[16]  сп. Дан. 2, 34.

[17]  Односно – Христа, според Јн. 6, 35.

[18]  сп. Рим. 8, 14. Гал. 3, 26. Passim.

[19]  сп. Лк. 1,51-53.

 

Извор: Бигорски манастир

26-ти август 2018 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная