Сретнувајте се што е можно почесто
(Писмо до блогерите од отец Саватиј Баштовој)
Како што во Таинството на Црквата постои заедничарење преку молитва, но и заедница преку Божествената Литургија (едно тело стануваме ние многуте преку Светата Причест), така и помеѓу луѓето степенувањата на комуникацијата се различни. Пишаната комуникација е како молитва, додека комуникацијата преку гледање и контакт е една заедница и една сигурност која ја крунисува секоја средба.
„Она што го видовме и го чувме, за тоа ве известуваме, та и вие да имате општење со нас; а нашето општење е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос" - пишува светиот Јован Богослов во Првото соборно послание (1,3)-
Ова го пишува за да ја потврди автентичноста на учењето, бидејќи не проповеда нешто фантастично, нешто што некаде го чул, туку нешто што видел и допрел.
Ете зошто до денес кај сите народи, кога двајца ќе се сретнат се прегрнуваат, се целиваат еден со друг или барем се допираат со рацете (се ракуваат).
Очите, топлината на кожата, ритамот на дишење, начинот на кој одиме, начинот на кој ги членуваме зборовите, јачината на гласот, дистанцата од која зборуваме, сите тие имаат сила која не постои во пишаниот збор. Дури и со помистични зборови, ако некој не им ја даде нивната првична сила - нема да дадат плод.
Ова го кажа и Самиот Христос, кога ги споредуваше зборовите за вечен живот со некои семиња, додека, пак, нас со земјата на која паѓаат семињата. За да дадат плод семињата потребно е земјата да биде обработена.
Заменувањето на самата средба со пишаната комуникација, главно преку социјалните мрежи, паѓа на товар на полнотата на меѓуличносните односи.
Идејата што го напишав погоре кажаното е да се сретнуваме што е можно почесто со саканите личности, да зборуваме со нив, да ги прегрнуваме или едноставно да ги гледаме. Основна претпоставка на комуникацијата е присуството. Инаку Бог немаше да се воплоти, туку ќе ни испратеше писмо од... Небесата.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
Изворник: http://proskynitis.blogspot.gr/2014/03/blog-spot_19.html
8-ми јануари, лето Господово 2015