логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Vasko.Sv,Gora15.jpg
3. ДУХОВНИ И ТЕОЛОШКИ ПОСТИГНУВАЊА НА СВЕТА ГОРА АТОНСКА


Веќе, утврдената монашка држава го сублимирала сето историско искуство на Богопознанието, и го добила благословот Божји за богатење на духовните амбари со нови несмртни вредности. Света Гора Атонска претставува пример за совршено Теократско општество. Животот воден во него е  едно големо чудо. Не е случајно, вели отец Стефан, што на врвот Атонски, кон кого стреми цела Света Гора, со сето свое духовно и физичко- архитектонско битие, се наоѓа соѕидан храмот на Христовото Преображение , а целта на стремежот е човекот  да се впотполни, да се продолжи и да се доврши.21
Созерцанието на Несоздадената Божја енергија и светлина е најголемото духовно и теолошко постигнување на Атон. За тоа сведочат светите апостоли на гората Тавор, при Преображението, и тоа го живеат: св. Игнатиј Богоносец, св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов, св. Максим исповедник, св. Таласиј, св. Јован Лествичник, св Симеон Нов Богослов и сите светии. Во личноста на св. Григориј Палама, пак теолошки е доживеано и изразено целокупното свештено патување на душата. Созерцанието си добива свое утврдување и форма.
Станува збор за духовното движењето Исихазам ( ησυχασμός ), за кое не може да се рече, дека се појавило во XIV век со трудот на св. Григори Палама. Самиот збор ησυχία значи тиховање, „безмолвие“ и претставува начин за обожување ( θέωσης ). Светите Отци и подвижници, во своите дела, исихазмот го карактеризираат како метод на тихување, безмолвие и молчание.
Имено, срцето како духовно средиште на човечкото битие и извор на енергијата на душата се ослободува од помислите, гревот и страстите, кои се спротивни на Бога, само ако се стави во врска со умното тихување и покајанието. За тоа св. Григори Синајски пишува:  Невозможно е да се поднесе топлината на безмолвието без непрестаниот плач . Додека плачот ( πένθος ), „длабоката тага на душата по Бога“, како енергија на благодатта е блиску поврзан со смиреноумието и трпеливоста. Тие се гарант за сочувувањето од самомнението и гордоста.
_______________________________
21. Стефан Санџакоски Отец, цит.дело, 56.

Vasko.Sv,Gora12.jpg

Суштествен духовен материјал кој ја соединува сета зграда на аскетски вредности е молитвата. Без неа не може да се изгради личносен однос со Бога.
Таа го зафаќа централното место, како на духовното средиште-срцето, така и на телесното и заедно ги води кон преображението ( η μεταμόρφωσις ) со насочување на трите сили кои ги поседува душата: разумот, волјата и желбената моќ, кон Бога и здобивањето на бестрасност ( απάθεια ).
Главното внимание по прашањето на Исихазмот го насочувам на молитвата, а не на трите степени на Богопознание. Во сиот напор да се очисти умот ( νούς ), главно оружје е непрестајната молитва. Таа треба да обитава во срцето. За тоа старецот Силуан вели:  уште подлабоко симнувајте го умот во срцето ваше,  се додека умот под Божјо дејство, не се соедини со срцето по пат на ослободување на сите облици и поими и кога вратата на срцето се затвора за се надворешно.
Молитвениот метод е неразделно и циклично сврзан со покајанието и смиреноумието. За тоа сведочи и Господ Исус Христос во параболата за митарот и фарисејот.
Во својата проповед на неделата на митарот и фарисејот, Григориј Палама ја толкува молитвата на митникот. Начинот на кој се моли, претставува еден исихастички облик. Се вели: митникот оддалеку стоеше ( εστώς ), што значи, дека стоел долго време изговарајќи ги покајничките зборови:  Боже милостив биди спрема мене грешниот. И ништо повеќе од тоа, ниту претпоставки, ниту размислување, туку вниманието го соединува со чувството на непотполност без Бога и без молитвата кон Бога. Следниот облик митникот го прави со тоа што  не сакаше ни очите да ги издигне кон небото. За тоа св. Григориј вели:  тоа е праведна осуда и самопрекорување, бидејќи себеси се сметал за недостоен како за небото така и за земниот храм, и уште се удираше по градите покажувајќи дека неговото тело учествува во плачот на душата.22
Со овоплотувањето на Втората Ипостас на Света Троица, Господ Исус Христос и откривањето на личносниот однос на Отецот и Синот и Светиот Дух, молитвата ја добива својата суштествена сила и форма: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!
Во оваа молитва Христологијата е цврсто поврзана со Тријадологијата за што св.Симеон Богослов вели:
______________________________
22. Јеротеј Влахос Митрополит, Православна Психотерапија, Београд, 1988г., 275-309.
Синот и Словото Божјо е врата на спасението, одтука кон Отецот се приближуваме преку Христос.
Меѓутоа за да ги отвориме дверите (Христос) потребен е клуч, а тоа е Духот Свети.
Отецот го прати Својот Син во светот, Синот и Словото Божјо го открива Отецот, а Духот Свет – кој од Оца Исходи и се праќа преку Синот, го обликува Христос во нашите срца.
Со растот на молитвената зрелост и длабокото разбирање на смислата на молитвата како и нурнување во длабочината на зборовите помилуј ме грешниот, душата е подготвена да ги разликува грешките,  да ги запазува движењата на демоните и истите да ги одбегнува. Во истото време ги забележува и ги препознава енергиите на Христос, при што благодатта на Светиот Дух проникнува во срцето како центар на душата, а од таму во целото тело. Кај аскетите и исихастите кои се на патот на совршенството постојат и духовни видувања на несоздадената светлина, пропратена со озарување на благодатна топлина врз целото човечко битие.
Токму во врска со тоа се случи комфликтот, кој философот и теологот Варлаам Калабријски го иницираше, откако го изгуби правилното расудување и се израмни со ересијарсите, Савелиј и Ариј. Имено Варлаам се застапуваше за тоа, дека општата благодат на Света Троица и светлината на идниот век, односно сите сили и енергии на Триипостасното Божество и се она што на некој начин се разликува од суштината Божја е создадена твар. Од тука, Бог не само што е невидлив туку тој е и несфатлив, а како пристапник на неоплатонското сфаќање за презирање на телото тврдел, дека телото не може да учествува заедно со душата во општењето со Бога.23
За соочување со Варлаам и неговите следбеници, (меѓу кои бил и прилепчанецот Акиндин), доаѓа Григориј Палама, кој дотогаш се подвизувал на Атон во Големата Лавра и со благослов на царот Андроник IV Палеолог е свикан свештен собор. На соборот Палама со усмени расправи и со низа драгоцени студии, теолошки го втемелил исихастичкиот метод.
Карактеристична е формулацијата, едноставна и јасна:  Она, Божјото, е и непознато и познато, и неискажливо и искажливо. Неспознатлив е Бог по својата суштина (сам по себе), но е спознатлив по своите природни енергии.
Така Григориј Палама изнесува, дека човекот може да учествува во духовното блажество само како целина, како душа и тело, а не само со душата.

Vasko.Sv,Gora6.jpg
______________________________
23. Јеротеј Влахос Архимандрит, Вече у пустињи Свете Горе, 32-39. 
Решението за исихазмот и антиисихазмот го даваат Атонските старци со Светогорскиот томос од 1340 год. Повеќе собори од 1341 до 1351 год., го оправдале исихазмот. Тој се признава како званично учење на Православната Црква.
Како во Византиското царство, така и под турското ропство, Атон давал духовен и теолошки придонес во област на книжевностите и философските истражувања. Сепак, треба да се нагласи дека од 1453 год., до почетокот на XVII век учените луѓе на Атон биле светли искучоци. Во XVIII век, пак, Атонскиот духовен свод е зацврстен од перото на образованите луѓе во областа на теологијата и философијата.
 Прв кој би го спомнале е Максим Триволис (1472-1556), просветител на Русите, уште попознат како Максим Грк. Студирал на Запад, а монахувал 10 год., во Ватопед.
Неговиот труд се состои од исправки на словенските литургиски книги. Пишувал книги со догматска и полемичка содржина, а потоа  претрпел гонење и затвор. По смрта е прогласен за светител.
Во текот на XVII век, духовната клима на Атон ја создаваат,  Пахомиј Русанос, Агапиј Ландос со делата: „ Нов Рај “ и „ Избор“, и  делата „ Хронографија “ и „ Градина на благодатта “ на монах Кесариј Ксиропотамски.
Големиот процвет почнува во 1749 год., кога е основана Атонската академија, со која во 1753  год., управувал учениот Евгениј Вулгарис. Две години подоцна, во Великата Лавра, е создадена штампарија за потребите на академијата.
Со агиоритската академија управувале уште и: Панајоти Палама, Неофит Кавсокаливијски, Атанасиј Пароски. Со нивниот духовен ков и со помош на Великата Лавра се создавала новата епоха на научно, теолошко и духовно образување. Од таа идеја биле вдахновени и Козма Етолски и Рига од Фера.
Во истиот период, како показател на духовната свежина и теолошкото образование, се јавува решавањето на спорот за честото причестување и поменот на упокоени. И двете решенија се темелат врз искуството на верата .
Постоеле два става за поменот. Едниот став бил поменот да се извршува во ден недела, додека другиот став бил, поменот да се извршува во сабота. Застапници на вториот став биле луѓе од перо и книга, како што се: Неофит Кавсокаливијски, Атанасиј Пароски, пустиникот Павле, Никодим Светогорец. Тие биле наречени коливари или саботари, поради тоа што тврделе, дека саботата е наменета за помен, а неделата за воскресението и радосните служби.
Со интервенција на Вселенската патријаршија е донесено решение, Синодска одлука од 1772 год., за време на патријархот Теодосиј II, потоа на Синодот во манастирот Кутлумуш во 1774 год., и во Цариград 1776 год. Во решението стои дека поменот може да се врши во сабота, но и во недела и во кој било друг ден, ако за тоа има потреба. За честото причестување, на истите Синодални собори, е донесена одлука, причестувањето да не се ограничува временски. Како најважен критериум за често причестување се наведува соодветната духовна и телесна подготовка. Кога станува збор за коливарите, на соборите е одлучено да им се прости. Со оглед на тоа, што никој со лоша намера не настојувал на својот став. Тоа ни го покажува фактот, што некои од нив се прогласени за светители: Макариј Нотарис, Никодим Светогорец како и Теодорит Есфигменски.
Токму овие светила се најзначајни претставници на теолошката духовност на Атон во периодот на турското ропство. Нивните дела се надалеку распространети. Ќе ги наброиме: „ За честото причестување “ и „ Добротољубие на свештените трезвеноумници “ од Макариј, потоа „ Пидалион “ (Крмчија), „ Духовни вежби “ и „ Невидлива борба “ на Никодим Светогорец, делата „ Зборник на божествените догмати на верата “, „ За коливарите “ од Атанасиј Пароски и на крај ќе го спомнеме Теодорит Есфигменски, авторот на првата историјата на Света Гора.24
Едно од овие дела е круната на Атон и го претставува триумфот на православниот исихазам. Во него е сокриена ризницата на духовното бдеење и трезвеноумие, кои извираат од лубовта кон прекрасното, возвишеното, доброто, од Филокалија, љубов кон доброто и убавото. Тоа се два поима, кои по суштина се мешаат, а кај нас преминуваат во Добротољубие.
Како збирка на свештени списи „Добротољубието“ ни представува изложување и толкување на таинствениот живот во Господ Исус Христос. Тој се разоткрива и до совршенство ги доведува сите кои живет аскетски. Добротољубието содржи упатства за секоја духовна мерка и духовен степен, во кои би се нашле и почетниците и совршените. Добротољубието е збирка на умно-срдечни и созерцателно-практични мисли и записи на отците на Христијанскиот исток, од дострелот на најучените и оние кои биле удостоени со епископски чин, но и од оние граѓани на пустината  кои постанале ангели во тело.
______________________________
24. Атанасије Ангелопулос, цит.дело, 148-152.
Ќе ги спомнеме: свети Антониј и Макариј и плејадата од египетски, палестински, сиријски, малоазиски, цариградски и јужноиталјански подвижници, сè до свештените исихасти од XIV век. Таа збирка на текстови, на свештената ортодоксија и ортопраксија на трезвеноумците, е збирана од светиот Макариј Нотарис. Со негов благослов е комплетирана и споредена со Атонските ракописи, од тогаш младиот, Никодим Светогорец. А до нас доаѓа, преку словенскиот превод на светиот Пајсиј Величковски, подвижникот од рускиот скит Пророк Илија.25
Во контекст на ова, важно е да ја спомнеме преведувачката дејност на Атон, како постигнување од областа на духовното образование на словените. Ќе го спомнеме, истакнатиот литературен преведувач и црковен деец при Великата Лавра, старецот Јоан.
Старецот Јоан се јавува како преведувач на повеќе библиски и литургиски книги, на словенски јазик и тоа во првата половина на XIV век. Карактеристично е тоа што, во својата обемна дејност, Јоан ја подобрува исправноста на библиските текстови и ја враќа хармонијата меѓу текстот и мелодијата во химнографските литургиски зборници. Исто така, постојат дела и книги како автентично и оригинално постигнувања на словенски монаси. Ќе го спомнеме, архимандритот Прокопиј Дендрид од рускиот манастир „Св. Пантелејмон “, кој е познат по своите дела „ Катехизис “, „ Вовед во Светото Писмо “ и „ За Богородица и за животворниот крст“.
Од наша национална и духовна важност, како плодови на Атон, се мноштвото македонски монаси и преродбеници од XIX век. Ќе го спомнеме, Кирил Пејчиновиќ кој заедно со неговиот татко и чичко се монаси во братството на Хиландар. Во истиот манастир се подвижувал и Паисиј Хиландарец, писателот на делото „ Историја словенобугарска “.26
Атонското монаштво, уште на самиот почеток на христијанизацијата на словенските народи, се јавува како главна сила за духовниот, образовниот, културниот и уметничкиот раст на истите. Од тука пак, словените стануваат градители на духовната и културната историјата на Атон, и тоа во сите области, па и во сликарството. Имено во периодот меѓу XI и XIII век е воспоставен ред во црковниот животопис, кој останува неприкосновен и каде ликовните претстави се нижат во појаси и зони од подот до кубето на црквата. Како најстар пример за тоа е Протатонската црква чиј животопис е дело на претставник од македонската школа.
_____________________________
25. Добротољубие, Београд,1996, 1-4.
26. Ѓорѓи Поп Атанасов, цит.дело, 18-19, 38-39, 58-59, 75,109.

Vasko.Sv,Gora6.jpg

Vasko.Sv,Gora6.jpg

Vasko.Sv,Gora6.jpg


Оваа школа проникнува во Цариград, посебен процвет постигнува во Македонија и од тука се шири во Грција, Бугарија, Србија и Русија. По оваа школа доаѓа  Критската школа, која својот врв го достигнува во текот на XVIвек.27
Исто така, Атон е изворот на секоја духовна и образовна преродбенска сила од особена важност за Македонија.
Како духовно жариште, кое благодатно ја напојува преродбата во Македонија, е манастирот Зограф. Од него извираат видни личности, кои ги надминуваат просторните и ововремените вредности, а со своите дела одекнуваат во вечноста.
Една таква личност е Анатолиј Зографски, во кого живее духот на Лазарополе. Во втората половина на XVIII век тој дух е суштински поврзан со светоста на Бигорскиот манастир-Свети Јован Крстител. Тука се образува и замонашува. Неговите карактерни квалитети како: скромноста, хармоничниот глас, строгиот манастирски живот, душевната чистота и благост се жив плод на Зографскиот манастир-Свети Георгиј. Таму се здобива со ѓаконски и јеромонашки чин. Потоа, стекнувајќи се со дипломатски вештини, станува претставник на македонското монаштво во Русија. Таму тој е најомилен исповедник и пријател на високиот општествено владеечи слој.
Токму таа личнот е пример за духовно и теолошко постигнување.
Познат е по своите дела: „ Молебное пеение светому славному великомученику победоносцу чудотворцу Георгије “, „ Началное учение со утренија молитви “ и  „ Славјанскаја граматика “. Во овие дела се содржи доприносот кон образованието на македноскиот народ и афирмацијата на црковнословенскиот јазик, низ призмата на преродбенскиот дух.
Во истиот дух се јавува и неговиот ученик, галичанецот Партениј Зографски. Тој е образован во Светата Бигорска обител, а замонашен во Зограф во првата половина на XIX век. И пред и по хиротонијата во епископскиот чин, Партениј е учебникар, филолог и црковен деец. Тој е клучната личност за воведување на црковнословенскиот јазик во црковните богослужби. Тој ја има главната улога во граматичкото детерминирање на разликите помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик. Познат е и по преводот на Теофилактовото опширно житие на св. Климент на мијачки говор.28

______________________________
27.Панајотис Христу, Света Гора Атонска, Београд, 1994г., 221-222.
28.Симон Дракул, Архимандрит Анатолиј Зографски, Скопје, 1988г.,10-30.

Главен сегмент на богослужбениот црковен живот е црковното пеење. Може да се рече, дека Атон е едниствениот и вистински неговател и чувар на Византиското Црковно- Источно пеење.
Тоа е духовно достигнување, кое не е големо само поради новите трудови и дела, туку величината ја здобива по силата на длабоката молитвеност и благодатното дејство. А тоа, монасите го живеат и чуваат во своите срца при подвигот на пеење.
Како потврда на тоа ни стои најимпозантниот, византиски црковен композитор, ангелогласниот Јоан Кукузел. Тој е создателот на новиот византиски нотен систем и на новиот музички стил во црковното пеење. Творец е на околу 90 црковни мелодии.
Следната облагодатена личност е игуменот на Зограф, стружанецот со архимандритски чин, Калистрат ( Крстан Санџак ) Зографски. Тој е енциклопедиски образован и задлабочен подвижник, теолог, музиколог и филолог. Како композитор, псалт и теоретичар на византиската невматска музичка традиција, создавал несмртни музички дела и преводи, со кои ги збогатил културните и цивилизациски силоси на православниот македонски народ. Калистрат е можеби најдобриот познавач, на византиската невматска лествица, создадена од Јоан Кукузел, на чиј музички опус, Калистрат создал транскрипции кои ќе останат запаметени како ненадминати. Автор е на базичната музичка литература "Восточно црковно пеење"  во четири тома, отпечатено на Света Гора Атонска, во 1905 година. Автор е и на повеќе оргинални композиции. Најпознати се: евхаристисхиот канон Отца и Сина… и  Достојно ест во повеќе гласови. Како редактор на зографската издавачка дејност и како брилијантен познавател на повеќе класични и живи јазици, Калистрат прв ги преведува и ги печати службите на: Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски и Светите Седмочисленици. Уживал репутација на уникатен зографски псалт. Се упокоил во зографската монашка киновија во 1914 година. Поради неговиот смирен, зеркателен и аскетски живот се смета за еден од најомилените духовници на Атон. А, вечен ќе остане споменот за него во родната Струга. Тоа е поради неговиот допринос кон црковниот и духовенот живот на народот кој гравитирал при соборниот храм Св. Ѓорѓи. Во храмот, во проскомидијата е испишано општинското решение од 1894 год., во кое стои: да биде вечен Калистратовиот помен заради црковните и општински заслуги.29
_______________________________________________
29. Петар Аврамоски, Наум Миладин, Струга, 2008г., 5-27.

 

 (Продолжува)

ѓ. Васко Голабоски - Света Гора Атонска историја и живот

ѓ. Васко Голабоски - Карактеристиките на атонското монаштво

 

 Stefche.3naoganje.jpg

УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕ , 2011

ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

Дипломска работа  на ѓакон  Васко Голабоски      

На тема:СВЕТА ГОРА АТОНСКА ИСТОРИЈА И ЖИВОТ

 Ментор:
 о. д-р Стефан Санџакоски

 

СОДРЖИНА:

I. Предговор ................................................................. .....................1
II. Кратка историја на монаштвото на Света Гора Атонска ................................. .3
III. Карактеристиките на Атонското монаштво (монашки живот на Атон) ............... .13
IV. Духовни и теолошки постигнувања на Света Гора Атонска ............................ 22
V. Заклучок .................................................................. ...................30
VI. Библиографија ........................................................ .....................32
VII. Содржина ................................................................ ...................33

 

 Stefche.3naoganje.jpg

(Од одбраната на дипломскиот труд на г. Васко Голабоски)



 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7713
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная