логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


2. КАРАКЕРИСТИКИТЕ НА АТОНСКОТО МОНАШТВО

Vasko.Sv,Gora4.jpg


Животот на монахот (μοναχός-самотник), има одлика на постојано, доброволно жртвување и самоукорување земајќи го за парадигма на својот живот, Животот Христов. И како што Христос преку своето снисходење, прими страдање, крст и погребение, и покрај тоа, што беше безгрешен, за преку Него, духовно и телесно човекот да ја оствари единствената цел – да создаде лична заедница со Бога, и со тоа ја објавува вистината за воскресението, така монахот го следи патот Христов, крстоносејќи.

Тоа е особено јасно на Света Гора каде монашкиот живот е потврда и прототип за оваа вистина, односно за животот во Христос, за обожувањето.

Тој живот се опишува преку Атонското време, местото и начинот на сублимирање на сите видови на подвиг создавани низ историјата на Египет, Палестина, Сирија и Мала Азија, во рамките на Византија,-од самите почетоци на монашкиот живот до денес. Се почнува со пустинскиот живот, па преку неговото устројување во лавра, до манастиркото уредување.

За првиот, пустинскиот начин, можеме да кажеме дека постои во три вида:
а) пустињаци- еремити: подвижници кои извесен период живеат во потполна осаменост. Сите големи подвижници поминале низ оваа фаза.
б) отшелници- анахорети: живеат во колиби или пештери далеку од патови и манастири и без потешкотии доаѓаат во допир со општежителството и другите подвижници.
в) отшелници со ученици: тоа се анахорети, но со ученици. Нивната бројка зависи од подвижникот околу кого се собрале учениците.
г) Во периодот за кој ќе стане збор, најраширен е еден посебен тип на отшелници-т.н. подвижници, кои зависат од некое општожитие- киновија.11
 Кога станува збор за уредувањето во лавра и манастир, како примери за тоа на Атон ги имаме 20те манастири од кои, до 1963 год., општежителни, во манастирско уредување,се: Дионисијат, Кутлумуш, Зограф, Каракал, Симонопетра, Ксенофонт, Григоријат, Свети Павле, Есфигмен, Свети Пантелејмон и Констамонит.

______________________________
11. Дионисија Папахрисанту, цит. дело, 28-34.
Саможителство,  во уредување на лавра, се: Велика Лавра, Ватопед, Ивирон, Хиландар, Пантократор, Ксиропотам, Дохијар, Филотеј, Ставроникита.
Во општожителните манастири, „киновии“, сè е заеднично: пребивалиштето, работењето, храната, молитвата. Монасите не можат да имаат приватна сопственост. Облеката и другите лични потреби се добиваат во завистност од економската моќ на манастирот. Монасите имаат потполна послушност кон игуменот.Тој им одредува послушание и самостојно управува со манастирот, согласно со манастирскиот Внатрешен правилник. Надворешните органи на управување (нпр. Свештената општина и др.) не можат да се мешаат во внатрешните прашања на манастирот.
Во саможителните манастири/лаври, наречени „идиоритмични“, заедничко е пребивалиштето и работата, молитвата е лична и заедничка, додека исхраната е засебна. Монасите добиваат храна седмично или петнаесетодневно и сами ја спремаат во своите келии. Леб добиваат од манастирската пекара, два пати неделно, додека заедничката трпеза бива само неколку пати годишно (за манастирската слава, Воскресение, или некој друг поголем празник). Од манастирот секој монах добива годишно извесна сума на пари за облека и дуги потреби. Таа се добива во завистност од положбата на монахот и работата во манастирот. Со манастирот не управува игумен, туку свештен собор, чии членови еднаш избрани остануваат цел живот. Свештениот собор е потполно самостоен во управувањето со манастирот, согласно со неговиот Внатрешен правилник, без можност за интервенција од друг надворешен орган на управување.  
Секое друго монашко уредување нема самостојност, бидејќи му припаѓа на еден од манастирите. По хиерархиски ред набележани, тие се следните: скитови, келии, колиби, молчалници и станишта. На секоја од нив посебно, манастирот им доверува старец со писмен договор кој се вика омолого. Колибите и келиите се две основни јадра на монашкиот систем на Света Гора и со нивно ширење и спојување произлегуваат сите други облици, па и манастирите.

Vasko.Sv,Gora4.jpg
Сега можеме да го објаснеме устројството на помалите монашки заедници:
а) колиба е мала куќичка со мала капела и без работно земјиште.
Манастирот ја доверува или на една одредена личност, или на група од два-три монаси, кои живеат во строг подвиг, и се бават со ракоделие, уметност, дуборез, иконографија, бројаници, темјан.
б) станиште е мала куќичка во близина на манастирот. Во него живее еден монах кој е зависен од манастирот, како молитвено, во заедникувањето, така и телесно, во исхраната која ја добива од манастирот. Испосницата, пак е слична на стаништето, но на пустинско место. Тој начин на живот го практикуваат монаси кои бараат највисока и безпрекорна аскеза.
в) Келијата, е пространо живеалиште кое обврзно има внатрешна црква и располага со помало или поголемо обработливо земјиште. Манастирот-, сопственик, ја изнајмува на група од најмалку три монаси и ја предава на старец кој раководи со послушаници.
г) Поголеми келии, пак се таканаречените скитови кои можат да бидат општежителни или саможителни. Тие му припаѓаат на еден од манастирите.
Со нив управува дикеј. Животот во скитовите е сличен на манастирскиот. Скитовите имаат главна црква „киријакон“. На Атон има неколку скитови од кои ќе ги спомнеме: Света Ана, рускиот Свети Андреј, Ивирскиот Свети Јован Претеча, рускиот Свети Илија и други.12

Со зголемување на бројот на монасите и монашките заедници се јавува потребата од уредување на животот. За тоа уште на почетокот на атонската историја е задолжена катедрата на старците. Во тоа тело ги гледаме почетоците на централната управа. Катедрата на старците, се споменува во документот на Лав VІ од 908 година. Таа се споменува во врска со еден имот, поседуван од манастирот на преп. Јован Колов. Поимот прот, се спомнува во спорот околу земјиштето меѓу  Јериса и Атон. Тој ја претставува организацијата на претставници на Атон.

Начинот на кој функционира управата е застапен во соборот на старци. Соборот заседавал три пати во годината во функција на заедничко славење на празниците: Божик, Воскресение и Успение на Богородица. После службата или наредниот ден се одржувало заедничко заседание- собор. Крајната фаза и дестинација на оваа организација е управното тело во Кареја. Таму, уште од X век постои црква посветена на Богородица. Во неа се извршувале соборите. Еден век подоцна се изградила зграда каде бил сместен соборот. Зградата била наречена: општина (κοινόν), средиште (μέση), протат или протион (προτειον), Карејска лавра.
Значи уредувањето на протатонот билo составенo од: економ, епитирит ополномоштен за одржување на редот, еклисијарх и дикеј (δικαίω) помошник избран од авторитет.13
_______________________________
12. Анатасије Ангелопулос, цит. дело, 143-145.
13. Дионисија Папахрисанту, цит. дело, 209-226.
Таков авторитет можел да биде протот. Тој го возглавувал протатонот и го избирал соборот од три кандидати, безрезервно почитувани од монасите.
Кареја се наоѓа во срцето на Атон и до неа се доаѓа од сите манастири. Името го добила според големиот орев што се наоѓал на тоа место. Денес во Кареја се наоѓаат: црковниот суд, Свештената општина која е составена од претставници на дваесетте манастири, општинскиот совет составен од 4 епистаси, возглавен од протоепистас и седиштето на гувернерот на Света Гора.

Во Кареја постои и царински систем, пошта, полициска управа, но и конаци на сите светогорски манастири. Во храмот на Богородица се наоѓа најпочитуваната и чудотворна икона „ Достојно ест “,- украсот на Кареја и целиот Атон.14

Сето ова уредување се случува по силата на Светото Предание. Тоа во животот на првите Атонити, ја добива формата на обичај и обичајно право. Потем преданието поприма форма на закон и правила запишани во првите типици. Тие се сржта и суштината на Атонското уредување.
Типиците на Светогорската заедница се обликувале така, што поминале низ неколку периоди врзани за историските и политичките случувања и промени, својствени за Гората Атонска. Ќе спомнеме неколку од нив: влијанието на византиските цареви; во XIII век Атон живее под Франачка окупација; потоа бугарската окупација на Јован II Асен; во втората половина на XIII век, Никејското царство ја заштитува Гората; еден век подоцна следи српското владеење на Стефан Душан; и најпосле Турското освојување.

Би можело да се рече, дека постојат 15 типици. Од нив ќе ги спомнеме, следниве:
а) Типикот на Атанасиј Атонски, е напишан за манастирот Велика Лавра, во 970 год. Тој се темели на нешто преуредените аскетски правила на Василиј Велики. Со оглед на функционалноста, типикот го воспоставува законот на манастирската самостојност во односот кон државата и црквата.
Друго значајно за овој типик е доживотното игуменство на игуменот на манастирот, потоа правната процедура за избор на игумен, трите години искушеништво и положбата на келиотите.
Во својот тестамент кој се вика „ Излагање “, Атанасиј ги менува одредбите за избор на нов игумен. Изборното тело станува повеќечлено, сочинето од епитроп и 15 угледни монаси.

______________________________
14. Ѓорѓи Поп Атанасов, цит. дело, 13,14.
На овој начин тој сакал да создаде совршена процедура за избор на игумен, кој ќе го гарантира единството и мирот на братството.
 б) Цимискиевиот типик составен во 972 год., по прв пат го уредува севкупниот живот на Атонската заедница. Со хрисовула на самиот цар е означен како Статут на Света Гора. Второто име за овој типик е „Трагос“ („јарец“), бидејќи е напишан на јарешка кожа. Таа има долготраен квалитет и денес се чува во протатонскиот архив.
Типикот претставува реорганизација на одредбите на Атанасиј Атонски. Во согласност со овој типик, прв човек на Света Гора е протосот, а неговиот избор го потврдува самиот цар.
Власта на протосот е хармонизирана власт во односот кон општите прашања. Тоа значи, дека протосот не одлучува сам, туку со знаење на соборот на игумени. Тој собор, имено е највисоката власт на монашката држава.
Со овој типик, еднаш во годината, се определува собор на празникот на Успение на Пресвета Богородица.
Исто така со типикот се дозволува самостојна аскеза, но под одредени услови. Искушеничкиот стаж се ограничува на една година, а се забранува потстриг на голобради и евнуси.
Со овој типик Атос службено се признава како независна  монашка заедница, и останува надвор од сите државни и црковни епархии. Уживајќи статус на автономна епархија, Атос сам ги уредува своите прашања. Тој се состои од келии (пустиножители), лаври (скитови), и манастири (општежителство).
в) Мономаховиот типик е составен во 1048 год. Тој во основа ги содржи одредбите на Цимискиевиот типик, но опфаќа и некои ново настанати прашања и состојби.
Според типикот највисока власт е Соборот на игумени. Со него претседателствува Протосот, опкружен од пет или десет истакнати монаси кои повремено се менуваат. Се забранува хиротонија на стари особи и потстриг на голобради и евнуси, а се исклучува и трговија во Карејската лавра.
 г) Типикот на Манојло II Палеолог од 1406 год. претставува хрисовула. Со овој типик се утврдува киновитскиот начин на монашки живот, како и идиоритмискиот, кој е во зависност од исихастичкото движење. Тоа му дава предност на личното искуство над општата организација. Покрај игуменот се јавува петнаесеточлен собор на монаси. Без него игуменот не може да донесува важни одлуки. Овој модел на организација, со мали измени, важи и денес. Со оваа хрисовула за прв пат, официјално, се забранува влез на жени на Света Гора. Тоа во пракса важело многу одамна.
д) Статутот на Света Гора од 1924 год., го образувал последниот типик, кој е важечки и денес. Според него, Света Гора е автономен дел на Грчката држава. Државниот суверенитет над Света Гора се изразува преку политичкиот гувернер на Света Гора, именуван од Министерството за надворешни работи на Р. Грција.
Канонски и духовно Света Гора и припаѓа на Вселенската патријаршија. Принципот на спомнување на патријархот и правото на жалба се два најважни показатели за односот меѓу Атон и Патријаршијата.15
И како последен типик ќе го наведеме:
ѓ) Карејскиот типик составен во 1199 год., од раката на Свети Сава за потребите на оние кои ќе ги следат неговите стапки во Кареја. Потоа, со неколку додавки, истиот ќе стане и типик на Хиландарскиот манастир. По својата карактеристика, уставот е скитски. Според овој устав се подвизуваат и се молат на Бога, монаси, отшелници, самотници. Тоа се монаси кои своите молитви ги извршуваат во келија. Прописите за храна се направени според Атонската традиција, а богослужбениот дел содржи додавки од Цариградскиот типик. 16
Преку одредбите кои монахот Сава ги упатува кон  лубените мои  жителите на Хиландар,  за  смилостување на Господа ,  за ваша не мала корист ,  ќе се приближиме кон монашкиот живот на Атон.
Го избравме овој типик, бидејќи во него живее Светото Предание преку Светиот Дух, а тоа духовно го созерцуваме од зборовите на монахот Сава: Богоносните и преподобни и преблажени отци наши, светила на вселената, земни ангели и небесни луѓе, на почетокот од преданието на Светиот Дух научија да живеат како монаси. Одтука со благодатта Божја бивајќи просветлени и Христа вселувајќи го во прекрасните души свои, поради чистиот живот свој ја покажаа победата против ѓаволот..., се здобија со мислени крилја од невештествено злато..., кои ги насочија кон небесата..., ни го покажаа патот нас кои сакаме да одиме по нив.
Пред сè Сава го соочува монаштвото со послушанието, а тоа е уникално правило на Атон. Искушеникот при потстригот дава завет на послушност кон игуменот, имајќи  смелост и почитување,

_____________________________
15. Атанасије Ангелопулос, цит. дело, 55-64.
16. Владимир Ђоровић, цит. дело, 62-66.


а за таа смелост мора да отстапи од вас зависта и секоја суетна љубов, а нека се собери – праведен суд, точна внимателност и мерило на правдата, ако како луѓе за нешто не можете да расудите т.е. согрешенијата во себе, придите кон некој кој може да расуди за злите навики, а за тоа монахот одбира духовник или самиот игумен.
Значи, целта е сузбивањето на самоумието и гордоста преку послушанието и сечењето на својата воља, избирајќи духовник.
Во поуката, пак за духовникот, Сава вели: те молам за сите грижи се, сите чувај ги и трпи, помагајќи, поучувајќи, опоменувајќи, болни исцелувај, немоќни утврдувај, оние кои грешат враќај ги.
Додека за игуменот вели: а и самиот игумен грижејќи се како татко за родените деца, ќе ја надгледува по можност секоја потреба и ќе предзема потребно исцеление и грижа.
 Суштинскиот однос меѓу духовникот и монахот, Сава го детерминира преку покајанието и исповедта. Тој однос наликува на односот, што постои меѓу болниот кој бара помош и лекарот. А за тоа вели: бидејќи ви се постави игумен, побрзајте да му ги кажете сите движења на својата душа и да ги исповедате вашите за душата штетни помисли кои ви досадуваат секој ден и час. Само на тој начин, монахот расте во преобразувањето и преумувањето, по силата на љубовта меѓу него и духовникот.
 За тоа дека клучот за Богопознанието е во исповедта, гледаме во поуката за причестување со Телото и Крвта на Господ Исус Христос. Таму Сава вели: треба да се причестувате со божествените светињи кога од игуменот ќе примите опростување. Тоа се темелите на севкупниот Атонски живот. Тоа е благодатниот однос врз кој се градат сите други подвижнички циклуси на Света Гора, за кои ќе стане збор.17
 Значи изворот на несоздадените енергии Божји е Светата Евхаристија. Таа го зафаќа централниот дел од богослужбениот циклус. И секоја друга богослужба започнува и завршува со Светата Литургија.
За време на втората посета на Света Гора Атонска, во далечната 1745 год., Василиј Григорович-Барски, дава детален опис на богослужбениот циклус во Великата Лавра. Тој опис важи за сите манастири, и безмалку претставува типик.
Започнува со вечерната богослужба која е посветена на новиот ден и започнува со псалмот во кој се благословува Бог.
______________________________
17. Атанасије Ангелопулос, цит. дело, 73-107.

Се благодари за грижата која Бог ја има кон сета твар, а тоа се случувa на двете певници со антифоно читање и пеење. За тоа се задолжени псалтите, канонарсите и типикарите, соодветно облечени за својот повик. Потоа со молитвениот псалм “ Господи повикав кон Тебе “ двете певници ги пеат стихирите наменети за новиот ден.
Следниот повик на монаштвото во храмот е службата на малото повечерие. Во него после прочитаните псалми се чита Акатистот на Пресвета Богородица. Штом заврши читањето на акатисот се бара прошка од игуменот и му се целива раката. После тоа монасите им се поклонат на светите мошти. Нив ги има изобилно на Атон и се извор на исцеленија.
Во великопосниот период се пее големото повечерие и канонот на Свети Андреј Критски, кој изобилува со покајни стихови. Во текот на сиот посен циклус, монаштвото практикува голем број метании.
Потоа следува полуноќницата. Во неа монасите си спомнуваат за полноќното доаѓање на Млaдоженецот Христос и за будното Негово исчекување. Потоа следува утрената во која, според обичајот, Атонските монаси го читаат целиот канон посветен на денот или празникот, кој завршува со 9та песна посветена на Богородица.
По утрената следува првиот час, а во светата четириесетница селдуваат и третиот, шестиот и деветтиот час. Во нив низ стихови се опева слегувањето на Светиот Дух, Христовото распнување и погребението. Потоа следи изобразителната служба во која се потсетуваат на блаженствата. Во средите и петоците се служи преждеосвештена литургија.
А за тоа, каква почит има монаштвото на Атон кон Пресвета Богородица, Василиј како посетител на Хиландар сведочи, дека сета црква за време на одредени богослужби, не зема благослов од игуменот, целивајќи ја неговата десница, туку со целивање на чудотворната Икона на Пресвета Богородица Троеручица.18
Потоа свети Сава, во својот типик го опишува - чинот на трпезата. Тој се случува после божествената литургија и откако ќе се земе нафора и вода. За тоа сликовито ни ја опишува врската меѓу телото и душата. Како што под душа може да се разбере,  целата боголепна служба во пеење , така под тело се разбира  самиот манастир, а одтука и грижата за телото. Тој чин се случува во најголем ред и строгост така, што јерејот кој служел излегува прв со другите по него и се поклонува на игуменот.
______________________________
18. Василья Григоровича-Барскаго, Второе Посещение Свјатой Аөонкой Горы, 94-110.
Потоа се чита псалм и по звршувањето на псалмот започнува јадењето. Ако на некој нешто му затреба, бара благослов од игуменот. На тој начин се плете венец на воздржанието. Во манастирот, јадењето да биде исто за сите, вели Сава: ви заповедам да не готвите посебно- ни самиот игумен, ниту икономот, ниту кој и да е од браќата кои пребиваат во стадото,  а по завршувањето на трпезата и молитвите, секој оди во својата келија, каде го извршува молитвеното правило зададено од игуменот или на извршување на послушанието и манастирските должности.19
Следен пример за монашкиот живот на Атон е достохвалниот ангел во тело, нам блискиот, и надалеку познатиот Иоан Кукузел, чија повест е слаткослишателна и пример за келијното живеење.
 Светиот Јован како младенец израснал во градот  Дирахи. Тој град спаѓа во црковната област на Јустинијана прима, чиј духовен центар во XVIII век се вика  Ахридон - Охрид.  За Охрид, патеписецот Василиј вели дека е раководен од архиепископ кој е самоглавен, со патријаршиска чест, дадена од древните цареви. Иоан се истакнувал со бистроумност и убав глас по што го добил името ангелогласен. Со тоа се удостоил да биде љубен од царот и да биде ставен во негова служба. Со сиот од Бога даден талант, Иоан се откажал од земниот цар за да му служи на Небесниот и заминал на Атон, во Великата Лавра.
Одкако царот и игуменот го благословиле неговиот монашки подвиг, Јован ја соградил ќелијата и црквата на Светите Архангели недалку од Атанасиевата Лавра. Таму ја започнал својата аскеза на искачување по небесната лествица до Бога. Живеел во тихование, непрестајна молитва и пост во шесте дена од седмицата, а во неделите и празниците се упатувал кон манастирот, каде заедно со сето монаштво го извишувал својот ангелски глас кон небото. Од Богородица бил благословен за постојано умилно пеење. Пред тоа пеење молчела и неразумната твар.20
Ете, тука се крие сета живототворност, барем кога станува збор за монашкиот живот на Атон. Впечатлива е благодатната врска меѓу нас и вечно живите светии од лоното Авраамово. Таа е задлабочена толку, колку што подлабоко се впиваат во нас житијата на светиите на Црквата Христова. Тоа е самиот почеток на нашето осознавање на Монашкиот живот на Атон.
  
______________________________
19. Атанасије Ангелопулос, цит. дело, 98,99.
20.  Василья Григоровича-Барскаго, цит.дело, 36-41.

 

(Продолжува)

ѓ. Васко Голабоски - Света Гора Атонска историја и живот

 

 Stefche.3naoganje.jpg

УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕ , 2011

ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

Дипломска работа  на ѓакон  Васко Голабоски      

На тема:СВЕТА ГОРА АТОНСКА ИСТОРИЈА И ЖИВОТ

 Ментор:
 о. д-р Стефан Санџакоски

 

СОДРЖИНА:

I. Предговор ................................................................. .....................1
II. Кратка историја на монаштвото на Света Гора Атонска ................................. .3
III. Карактеристиките на Атонското монаштво (монашки живот на Атон) ............... .13
IV. Духовни и теолошки постигнувања на Света Гора Атонска ............................ 22
V. Заклучок .................................................................. ...................30
VI. Библиографија ........................................................ .....................32
VII. Содржина ................................................................ ...................33

 

 Stefche.3naoganje.jpg

(Од одбраната на дипломскиот труд на г. Васко Голабоски)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7710
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная