„Многу научници веруваат во Бога. А оние кои велат дека занимавањето со наука го прави човекот атеист, веројатно се патетични луѓе“.
„Науката го остава прашањето за Бога целосно отворено. Таа нема право да го расудува“.
Светата Литургија (Евхаристијата) е Света Тајна на светите тајни. Во Литургијата верните се остваруваат во она што станале преку Крштението, имено членови на Телото Христово, коешто е Црквата. Литургијата е икона (образ) на Царството Небесно и негово пројавување во историското време.
„Многу научници веруваат во Бога. А оние кои велат дека занимавањето со наука го прави човекот атеист, веројатно се патетични луѓе“.
„Науката го остава прашањето за Бога целосно отворено. Таа нема право да го расудува“.
Светото писмо во однос на создавањето на светот ни го откри тоа дека во почетокот Бог ги создал небото и земјата. Земјата била неоформена (или без облик, односно го немала изгледот кој нам ни е вообичаен) и пуста. Затоа, Бог постепено го создал (сето она што е на небото и на земјата). Во првиот ден – постоењето на светот. Во вториот ден – тврдината, или видливото небо. Во третиот: водата на земјата, почвата и растенијата.
Нашата плот со нејзините страсти и похоти можеме да ја распнеме преку воздржание од нив, како и преку дејства кои им се противположни на страстите. На пример, кога гневот нѐ побудува да му злословиме на непријателот и да му правиме зло, ние, сепак, ќе ѝ се спротивставуваме на таа желба; спомнувајќи си како Исус Христос на крстот се молеше за Своите непријатели, па така да се молиме и ние за нашите, и на таков начин ќе ја распнеме страста на гневот.
Во Символот на верата откако е кажано дека Бог се воплоти, додадено е дека Тој и се вочовечи. Тоа е направено за никој да не мисли дека Синот Божји примил само плот или тело, туку за во Него да признаат совршен Човек, Кој се состои од тело и душа.179. За тоа постои сведоштво во Светото писмо. Апостол Павле пишува: еден е Посредникот помеѓу Бога илуѓето - Човекот Христос Исус (1 Тим. 2, 5).
Возобновувањето на човечката природа преку Христа едноставно не го ослободи човекот само од трулежот и смртта, туку ја надмина состојбата пред падот и го удостои со обожувањето и „доближувањето“ кон Отецот. Човечката природа, привлечена од Христа, преку благодатта на Светиот Дух стана победник над распаѓањето и смртта и беше воведена во животот на Телото Христово,
66.Што е Символот на верата?
Символот на верата е учење за тоа во што треба да веруваат христијаните. Тој е изложен во кратки, но точни зборови.
67. Како гласи Символот на верата?
1. Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, и на сѐ видливо и невидливо;
2. И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина,
Светителите не се езотерични, вонземски битија, туку конкретни луѓе од крв и месо – прави, целовити и вистински личности – кои преку макотрпни деноноќни богочовечки подвизи човечката егзистенција ја издигнале на повисоко ниво на постоење. Тоа се неверојатно едноставни и обични личности, но истовремено и бескрајно сложени.
Зборот катихизис во превод од грчки јазик значи огласување, усно поучување, а, соодветно на неговата употреба во времето на апостолите со тој збор се означува првоначалното учење за православната христијанска вера, учење кое му е неопходно на секој христијанин (Лк. 1, 4; Дела. 18, 25).
Светителите не се езотерични, вонземски битија, туку конкретни луѓе од крв и месо – прави, целовити и вистински личности – кои преку макотрпни деноноќни богочовечки подвизи човечката егзистенција ја издигнале на повисоко ниво на постоење. Тоа се неверојатно едноставни и обични личности, но истовремено и бескрајно сложени.
Во самиот момент кога го донесуваме решението да Го следиме Христос, неминовно на тој пат ќе го сретнеме сатаната. Во кршталниот чин, којшто претставува акт на ослободување и победа, пред сè, се извршува изгонување на нечистите духови (или забранување на сатаната – егзорцизам), бидејќи на нашиот пат кон крштелниот купел ние неизбежно се соочуваме со темната...
Некои философи и богослови, обидувајќи се да го објаснат, а со тоа и „рационализираат“ опитот и постоењето на злото, него го определувале како отсуство на добро. На пример, тие го споредувале со темнината која не е ништо друго, туку отсуство на светлина, којашто се расејува со појавување на светлина.
Во првиот член од Символот на верата исповедаме: Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на сè видливо и невидливо. Според библиско-христијанското учење, светот не е вечен (не постои отсекогаш), ниту, пак, неговото постоење се должи на случајот. Светот е создаден од ништо од страна на Бог Творецот.
Христос ќе се врати повторно на земјата, со што ќе се означи крајот на времето и реалноста каква што сега ја знаеме. Сите што ќе останат живи на земјата ќе бидат преобразени за животот што следи. Сите мртви тогаш ќе воскреснат, соединувајќи ги повторно своите тела со своите души за вечност. Секој ќе биде суден според делата што ги сторил во овој живот.
Сите што вистински веруваат, соединети во Светото предание на верата, во целост и преку преемство, според Божјото устројство ја сочинуваат Црквата, која е верно хранилиште на Светото предание, или, според зборовите на светиот апостол Павле; Црква на живиот Бог, столбот и тврдината на вистината (1 Тим. 3, 15). Свети Иринеј пишува: „Не треба вистината која е лесно да се земе од Црквата,
Со вера се раководат морепловците кога ја доверуваат својата судбина на малечко дрвце, па непостојаното движење на брановите го претпочитаат и пред најтврдата земјена стихија, та се предаваат себеси на неизвесите надежи и имаат толку голема вера која за нив е понадежна од секое сидро“ (Петто огласително поучение).