логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Божјата благодат која се содржи во Крштението, иако потполна сама по себе, може да донесе плодови единствено во сопостоење со волјата на верниот. Човекот после падот ја загуби оваа божествена сила, која во него беше втора душа, или подобро кажано душа на душата. Таа беше она што правеше човекот да е по подобие Божјо и да има натприродни сили и способности. Осветувањето што толку интензивно го забележуваме во животите на светите Отци, всушност е повторно воспоставување на онаа благодат која човекот ја имал во себе пред падот, и затоа гледаме како светиите пророкуваат, прават чуда и воопшто ги надминуваат природните нешта. Сегашната благодат која пребива и дејствува во душите на верните е претходник на нашето идно усовршување, всушност на обожувањето, во кое се исполнува целта како на првото, така и на второто создавање (значи повторното создавање во Христа).

Сегашната мера на осветување што ја содржат Светите Тајни е првото воскресение, воскресението на душата, кое му претходи на воскресението на телото, бидејќи воскресението на телото ќе стане во иднина а, овде само го чувствуваме преку верата. Токму на тоа и мисли Евангелистот Јован кога вели: „Возљубени, сега сме чеда Божји! Но, уште не се покажа што ќе  бидеме(1Јн. 3,2). Преку печатот на благодатта на Светиот Дух сме веќе посинети; но тоа е сѐ; не се покажува што „ќе бидеме“, што ќе станеме. Кога, пак, во иднина ќе се појави Христос, тогаш, „слични на Него ќе сме, бидејќи Го познавме каков што е“.

Со силата на благодатта што божествениот Павле уште ја нарекува и „оклоп“,човекот може правилно да расудува и да го испитува злото и да го одбира доброто. Сега може да се спротивстави на „началствата, властите, на светските управители на темнината од овој век“, како што ни пишува светиот апостол Павле (Ефес. 6, 12). Тој оваа сила на благодатта ја нарекува уште и „наше оружје“, кое, како што појаснува, „не е телесно, но со помошта Божја е силно да разрушува тврдини(2 Кор. 10, 4). За оваа сила зборуваше и Христос, кога им велеше на Своите ученици: „Еве, ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ви наштети(Лк. 10, 19).

Само со „својот телесен ум“, без благодатта, (Кол. 2, 18), човекот не може ниту да направи разлика, ниту да го одбере правилното, ни да направи добро, така како што мисли и сака Бог. И ако направи, нема да е направено добро, туку ќе е во согласност со острастеното и лукаво знаење на паднатиот и исполнет со страсти човек.

Како што напомнавме, оваа сила на божествената благодат останува недејствителна,  ако човекот не сака и не соработува. Секогаш е присутна опасноста од „отпаѓање“ поради мрзеливост, доколку тој не се врати кон запазување на првата заповед „да ја обработува и да ја пази(Битие 2, 15).  Овој страв поради отпаѓањето од благодатта во голема мера го среќаваме кај светите Отци, коишто го живееле сегашниот живот работејќи „со страв и трепет“ (Филип. 2, 12) за нивното спасение, наполно свесни за во „стариот човек“ вродената мрзеливост и себељубие.

Осветувачката благодат на Крштението не се одразува само на душевниот свет на човекот, туку и на целото негово психосоматско битие. Новопокрстениот се облекува во Синот Божји, повторно се раѓа во име на блажената Троица, и се стреми кон идното обожување при „повторното раѓање“, кога ќе се исполнат сите ветувања Божји. Како што новороденчето ја прима од своите родители природната сила, можноста да стане маж и наследната власт над татковиот имот, но таа власт не може да ја примени пред да постигне полнолетство, на сличен начин и благодатта од светото Крштение ја внесува во човекот верноста на Духот и божественото посинување уште од купелот; но, исполнувањето на ветувањето ќе го прими дури во иднина, после воскресението на мртвите. Времето на нашиот живот овде на земјата треба да е поминато во духовно издигнување „до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство(Ефес. 4, 13), каде што се среќаваат и во полнота соработуваат божествената благодат и нашите намери и волја.

Послушанието и потчинувањето на човекот на Божјата волја прави благодатта што е во нас да остане дејствителна во целото негово психосоматско битие, така што тој да не биде прелажан од измамата на гревот. Ако човекот остане во оваа состојба, тогаш божествената благодат преминува во очистување на внатрешниот свет: прво се очистува и просветлува умот, а потоа и срцето, така што се просветлува и душата и започнува да ја спознава својата духовна состојба и да ги чувствува вредностите на идниот живот.

Христовиот живот, кој е и вистинскиот прототип, треба да е најживиот пример за верниот, зашто само таму ја наоѓаме точната и потполна средба на создадениот човек и божествената благодат. Богоносните Отци настојуваат во тоа дека треба постојано да го испитуваме степенот на нашиот духовен напредок, бидејќи Божјата благодат што ја црпеме од свештените Тајни не е некакво апстрактно ветување или симбол. Тоа е живото присуство на Христос, во Кого се облековме на Крштението: „Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте(Гал. 3, 27). Со Крштението во Него се облековме, преку светата Причест Него Го примаме, така што и однатре  и однадвор да сме Христоносци и Духоносци. Во спротивно, доколку бараме да му робуваме ‹‹δυσί κυρίοις›› или, подобро кажано, да му припаѓаме на лукавиот, тогаш, благодатта ќе нѐ напушти, а Христос пак, со жалење ќе рече дека „нема каде глава да потслони“, γιατί έσωθεν είμαστε γεμάτοι φωλεάς πετεινών και αλωπέκων!

Втората голема Тајна е светата Евхаристија, божествената причест. Таа е неделиво поврзана со Крштението; едното води кон другото, а двете заедно – кон усовршување на човекот и  повторното стекнување на она првобитното „според образ“. Светата Евхаристија го восовршува и води кон „според подобие“, со што се остварува целта на создавањето.

Светата Евхаристија ја објавува бескрајната љубов Божја кон човекот. Бог, сакајќи да ни се приближи и да ни ја предаде Својата љубов, Го испрати Својот Син Кој се понизи и стана ист со нас, во сѐ, освен во гревот; бидејќи ние имаме тело и крв, „тоа и Он зеде еднакво учество во тоа(Евр. 2, 14). Така сега, со помош на телото и крвта во кои се облече заради нас, Он општи со нас, станувајќи „едно Тело и еден Дух“ со нас, а ние, сотелесни и сокрвни во Неговото Богочовечко битие. Право е тоа што вели „не ве нарекувам веќе слуги“, туку „пријатели“ (Јн. 15, 15); и не само тоа, туку уште нѐ смета и „браќа“ и „сонаследници“ Негови (Марко 3, 35, Рим. 8, 17), штом нели, Неговиот Отец станува и наш Отец (Јн. 20, 17).

Така Христос за нас  станува сè – и мајка и татко, зашто преку Крштението Он повторно нè раѓа, а преку Светата Евхаристија нè храни, како што мајката го дои своето чедо. Колку само божествена и неискажлива е оваа тајна на светата Евхаристија!

Како што напомнавме, примањето на човечката природа во Ипостаста на Бог Словото стана причина за обожувањето на луѓето. Сега секој верник соединет со Христос, станува храм на целото Божество, бидејќи Ипостасите на Светата Троица се неразделни. Како што во Телото Христово „пребива сета полнота на Божеството(Колоси. 2, 9), така и во оние кои се во едно тело со Него, престојува целата Света Троица. „И се соединува со човечките битија на верните, и со секого одделно, преку причестувањето со Неговото Пречисто Тело, и станува едно тело со нас и нè прави храм на целата Света Троица“, вели светиот Григориј Палама. Според истиот свет отец, светата Евхаристија има и една длабока есхатолошка смисла, бидејќи заедницата со телото и крвта на Христос е веридбата на човековото обожување, на идната заедница и единство со Христос во Неговото небесно Царство. Обожувањето е жива реалност која започнува уште од овој живот и добива полнота во идниот.

Ова директно и личносно соединување на секој верник со Христос преку светата Евхаристија го дава како плод реалното единство на верните во една заедница, членовите на Неговата Црква, која го сочинува „новото здание“ и во која „ανακεφαλαιώνει εν εαυτώ τα πάντα“.

Но, грижата и обврската на верникот не завршуваат само со подготовката за учество во Светите Тајни, туку би требале да се присутни во текот на целиот негов живот, во сите негови дела и трудови, за да може Бог Словото, Оној Кој во него се вселува, постојано да наидува на соработка. Оној што во себе Го прима Христос, треба да знае дека Него Го прави господар на целиот свој живот, на својата совест, сите размислувања, сите свои желби и дејствувања; само така се остварува посакуваната промена која човекот го прави христолик.

Накратко се осврнавме на двете најважни од – како што кажавме –  големиот број на Таинства во нашата Црква, и посакувам божествената благодат на нашиот Христос сите да нè удостои неосудено да учествуваме  во нив и да го придобиеме осветувањето коешто извира од нив.

Значењето на Светите Тајни на Црквата за духовното восовршување на човекот (I дел)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная