логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


II.1.Светите Отци и Учители на Црквата за астрологијата

II.2. Магите – мудреците и Христовото рождество

Светите Отци на Црквата, во текот на целата нејзина историја, исто така посветиле големо внимание на борбата против гатањето и астрологијата. Самата нивна борба против астрологијата зборува за тоа дека тие биле запознати со ова учење и сведочеле дека астрологијата е една од многубројните непријатели на Црквата. Да се сомневаме во нивната светост значи да се сомневаме и во Црквата, која по зборовите на Апостол Павле е столб и тврдина на вистината (1 Тим 3,16). Астрологијата сака да го дискредитира православното учење, и да го отфрли, и така, дискредитирана религија да не може да биде предмет на почитување и на вера.
Тертулијан во своето дело “За идолите”пишува: “Меѓу различните човечки занимања и не треба да се заобиколат некои вештини или професии, блиски на идолопоклонството. За ѕвездословите (астролозите) не треба дури ни да се зборува, но откако еден од нив науми да се оправда себе си за тоа што и понатаму продолжува да се занимава со оваа професија, имам да кажам неколку зборови по тој повод. Јас нема да кажам, дека сместувањето на имињата на лажните богови на небо, и припишувањето ним некоја наводна семоќ, и одвраќањето на луѓето од принесување на молитви кон Бога со тоа што се наведуваат да веруваат дека нивната судбина е непроменливо определена од ѕвездите,  дека сето ова е рамно и еднакво на поклонувањето на лажните богови. Но, јас тврдам дека ѕвездословецот во таков случај се уподобува на паднатите ангели, отпаднати од Бога заради опрелестување на човечкиот род… Ако магијата е казнива, а астрологијата е еден нејзин подвиг, тогаш заедно со својот вид, на осуда подлежат и подвидовите на таа дејност. Така, од времето на објавувањето на Евангелието, софистите од секој вид, ѕвездословците, волшебниците, маѓесниците и бајачите треба да бидат неизоставно казнети”.   Светото писмо не предупредува: Каква полза има човекот, ако и целиот свет го добие, а својата душа ја повреди? Или, каков откуп ќе даде човекот за својата душа? (Мт.16,26-27).
Еден од столбовите на Црквата, светителот Василиј Велики, решително настапувал против астрологијата: А во минутата на раѓање, како што велат тие, многу голема сила има да се биде под благотворна или под злотворна ѕвезда. Но во овие зборови има многу неразумност, а најмногу нечестие. Зошто, злотворните ѕвезди причината за својата злотворност ја пренесуваат на својот Творец. Ако злото им е природата, тогаш Творецот-е творец на злото. А, ако тие дејствуваат зло според своја волја, тогаш како прво, тие се живи суштества надарени  со слободна волја и намера. Ова да се тврди за недушевни нешта е врв на безумието. Затоа, колку несообразно со разумот е; злото и доброто да се доделуваат некому не според достоинството, туку ѕвездата да биде благотворна, затоа што се наоѓа во некоја положба, и таа да биде злотворна, затоа што слично се наоѓа по некоја друга ѕвезда и повторно да ја остави својата лошотија, ако се отклони од извесна фигура.
Тацијан во “Беседата против Елините”, пишува: “Демоните ги направија луѓето жртви на своето отпадништво. Тие, покажувајќи им го на луѓето распоредот на ѕвездите, како и оние кои фрлаат коцка, ја воведоа судбината која е туѓа на правдата, бидејќи ако некој е обвинител или обвинет, тоа наводно настанало според предодредувањето на судбината…. демоните ја измислиа судбината. Како основа за тоа им послужило сместувањето на животните на небото. Бидејќи, тие ги удостоија со небеска чест ѕверовите со кои живееја, откако беа симнати од небото, влекачи, водоземци, четвороношци кои живеат во шумите, се мисли дека и тие пребиваат на небесата. Според, распоредот на Зодијакот кое е дело на боговите ако светлината на еден од нив е посилна, тогаш тој ја одзема славата на другите, а кој сега е победен, тој може некогаш повторно да биде победник. Тие со задоволство се забавуваат со овие планети, како играчи со “коцка”. Но, ние сме над судбината и наместо заблудените демони знаеме за еден непроменлив Господ, не се потчинуваме на судбината и ги отфрламе нејзините законотворци”
Свештеномаченикот Кипријан Картагински во својата книга “Суетата на идолите”(3. в.) пишува за римските конзули  кои поверувале на претскажувањата дека ќе победат но во битката тие биле убиени и заробени. Напротив, конзулот Цезар, кој ги отфрлил претскажувањата кои му забрануваа да плови пред зимата во Африка, многу лесно допловил и победил. Во оваа книга Св Кипријан претскажувањата ги нарекува лага, која ја помрачува вистината. Христијанството не признава учење за „судбината”, зашто со се раководи промислата Божја, и треба да се почитува човековата слободна волја. Тоа ја негира астрологијата како лажна окултна наука, која тврди дека човекот зависи од планетите, и човекот не го смета за слободно суштество туку како еден од преметите  т.е. го негира образот Божји во човекот. Поради тоа Светите Отци на Црквата, а особено Св. Василиј Велики ја разобличуваат астрологијата како паганско учење во кое владеат судбината и неопходноста, каде што нема слободна човекова волја и каде што не постои разлика помеѓу доброто и злото. Црквата не ја прифаќа астрологијата во никаков облик, сметајки ја суштински како еден вид на паганска магија.
Преподобниот Ефрем Сириски вели: ,,Кога пристапуваш кон добродетелта, помни ја оскудноста на својот ум и не се отклонувај од Божјата благодат. Обидот да се дознаат деталите за својата иднина противречи на самата слобода на човекот. Бог го створил човекот слободен и му дал заповеди. Господ сака, човекот да го наследи вечниот живот. Несомнените факти за прозорливост, односно за пророкување на некои  свети, и сепак се случуваат според Божјата волја, силната молитва, на искрено обраќање кон Бога и заради високиот духовен живот на подвижниците, а не со гатања по небесните тела.                                                                                   
           Минукиј Феликс во своето дело “Окатавијан”, зборувајќи за римските гатања и претскажувања, пишува дека во ретки случаи овие претскажувања станале реални т.е. се обвистиниле, а тоа “што меѓу изобилните лажни претскажувања има и онакви кои случајно биле паралелни со вистината”,  може да се објасни дека волшебниците и ѕвездословците “на само што ги познаваат демоните, туку и со нивна помош ги вршат овие прелести кои наликуваат на чуда. Под нивно влијание и дејствување тие и ги предводат своите маѓесништва и ги наведуваат луѓето во нив да видат она што вистински го нема, или спротивно, да не го видат она што постои. Првиот од таквите магови по своите дела и зборови е Состен (Остан)….”, односно истиот оној кој како што веќе видовме се јавил како еден од првите распространувачи на ѕвездословието во Елада”.
          Свети Јован Дамаскин во своето прочуено дело “Точно изложување на православната вера”, цитирајќи го свети Василиј Велики, ја дава следнава карактеристика на астрологијата: “Елините /незнaбошците/ зборуваат дека излегувањето, заоѓањето и приближувањето на ѕвездите, а исто така, и на сонцето и месечината  управуваат со наште дела, и со тоа се занимава астрологијата. Ние, пак напротив, тврдиме дека со нивна помош може да се има предзнаци за дождови и суши, за влажно или суво време, а исто така и за ветровите и водата, но да бидат претскажувачи на нашето делување тоа никакo не може да се случи. Всушност, ние сме создадени од Творецот како слободни и самите сме господари на своето делување. Кога сè што чиниме, би правеле под влијание на ѕвездите, тогаш што и да правиме би правеле по нужност. А, тоа што се прави по нужност не е ниту добредетел ниту порок. Ако пак, не би имале ниту добредетел ниту порок би биле недостојни, било за награда било за казна, а согласно на тоа и Бог би бил неправеден, бидејќи на едните им дарува благост, а на другите маки. Дури и повеќе од тоа: ако сè се движи и раководи според нужноста тогаш не би имало ниту Божјо управување во светот, ниту Божја грижа за созданијата. На крајот од краиштата тогаш не би ни бил потребен ниту разумот ако не сме господари на своето делување и не би имале потреба да размислуваме за ништо. Меѓутоа, разумот несомнено ни е даден да размислуваме за нашето делување, заради што и секое разумно битие во истиот момент е и слободно битие. Заради тоа тврдиме дека ѕвездите не се причина за ништо што се одвива во светот, ниту за настанувањето на она што настанува, ниту за пропаѓањето на она што пропаѓа, туку служат како предзнаци за дождовите и промените во воздухот. Некои можеби ќе кажат дека ѕвездите ако не се причина, тогаш знаците на војните и квалитетот на воздухот кој зависи од сонцето, месечината и ѕвездите на различни начини произведуваат различни темпераменти, навики и расположенија; но, навиките се производ на она што се наоѓа во власта на нашата волја, бидејќи тие се потчинуваат на разумот и се менуваат под негово раководство”.
Свети Јован Златоуст во својата поука “За оние кои од болест се лечат со врачање” строго им напоменува дека не треба да одат кај Божјите непријатели, врачи и волшебници, бидејќи подобро е и да се умре отколку да се оди кај Божјите непријатели. Тој вели дека оние кои ги користат нивните услуги умираат пред време и заминуваат во вечна мака. Бидејќи, оној кој оди кај астролог “самиот себе се лишил од Божјата помош и занемарувајќи ја, се оддалечил од Промислата Божја, (заради што) ѓаволот како што сака управува и располага со (неговите) дела”.
Преподобен Максим Грк кој целиот свој живот се посветил низ трудовите за разобличување на астрологијата во еден од нив запишал: “Лажливото и безбожното учење на ѕвездословците и претскажувачите на човечката судбина според деновите на раѓање не е одозгора и не е со благодат на Светиот Утешител откриено на Халдејците, Хелените и Египќаните, туку (е откриено) од страна на најлукавите и полни со омраза кон човекот демони, за пропаст на оние кои ним им веруваат”. Понатаму, зборувајќи за причините за поклопување на некои од претскажувањата на астролозите со реалноста, Максим Гркот ги цитира зборовите на Августин Ипониски: “… тоа се случува не толку заради небесните знаци, туку заради тајното влијание на сатаната на кого понекогаш незабележително му се потчинуваат човечките умови, односно тие претскажувања се исполнуваат со содејство на ѓаволот”. Според мислењето на преподобен Максим: “Со тоа блажениот отец (Августин) јасно покажал од каде потекнува ова демонско учење, и дека ѓаволот им открива на следбениците на вештината на ѕвездочитачите она што понекогаш се исполнува како вистинско претскажување, но под влијание на демоните”.

 

 

 (Продолжува)

Друго:


Универзитет „Св. Кирил и Методиј” - Скопје ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ
„Св. Климент Охридски” - Скопје

ДИПЛОМСКИ ТРУД- ПРЕДМЕТ: АПОЛОГЕТИКА

ТЕМА
АСТРОЛОГИЈАТА НИЗ ПРИЗМАТА НА  ПРАВОСЛАВИЕТО


  Ментор:  Проф. м-р Петко Златески      

                   Zlatko.Brnjarcevski.jpg

                   

Zlatko.Brnjarcevski.jpg

   Изработил:
    Жарко Брњарчевски

                                                                                                
Скопје, март 2012

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3166
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7640
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

02/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светиот пророк Авдија; Светиот маченик Варлам; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф; Светиот маченик Илиодор; Преподобен Порфириј Кавсокаливит;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 21 ноември / 4 декември (04.12.2024)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Тропар на св. Христов Григориј Декаполит 20 ноември / 3 декември 2024

Пример си бил на воздржание,со Божествен Дух сите просветувајќи ги,правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли,

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Тропар на светиот пророк Божји Авдиј 19 ноември / 2 декември 2024

Велик е животот на праведникот пред Господа,и него наградата не го одминува,така ти Авдие Божји пророче,дар доби да ја видиш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная