логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


(избор)

markov.sv.Zlata1.jpg
 Свештеникот: Благословено Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега  и секогаш и во вечни векови.
 Народот: Амин.

Тајната која земјата Небо ја чини

 Светата Литургија е тајна на присуството Христово; следувајќи му на тоа, таа е и пројава на Благословеното Царство на Отецот и Синот и Светиот Дух, бидејќи присуството Христово е самото Царство Божјо. “Што е Царството”, прашува Христос преку сезлатната уста на Свештениот Златоуст? И одговара: “Присуството мое”1. Ова присуство се свештенодејствува на Светата Литургија. Христос, Кој заедно со Отецот седи на царскиот престол /трон/, во часот на Светото Принесување “се покажува во овие Тајни”2. Заедно е со своите чеда и ја извршува Тајната на Царството.

Христовото присуство на Светата Литургија земјата ја преобразува во небо: “Оваа Тајна на Светата Литургија поради тебе земјата ја чини Небо...  Зашто, она најдостојното што постои на небото, тоа ќе ти го покажам на земјата... Ти Го покажувам Него, самиот Владика на Ангелите и Архангелите”. Местото на кое се собираат верните да Му заблагодарат на Господа е “место на Ангелите, место на Архангелите, Царство Божјо, самото Небо” 3.

 


1 ЕПЕ 10,680.
2 ЕПЕ 35,134.
3 ТерÒј ЦрусÒстомој ЕПЕ 18а, 104 каи 516.


“Колку што небото е оддалечено од земјата, толку од нас било далеку Царството Божјо пред воплотувањето на Синот Божји. Меѓутоа, кога ни дошол Царот небесен и го прифатил Неговото единство со нас, на сите нас ни го приближил Царството Небесно”4. Вратата на Царството е отворена со воплотувањето Христово, а со Светата Литургија минуваме низ вратата на Царството и ги предвкусуваме Неговите добра. Бидејќи, Литургијата е Трпеза на Царството и оние кои учествуваат во неа, од смртта одат “од Трпеза во Трпеза, од онаа која се уште е скриена кон онаа која веќе се открива”5.

Сите кои учествуваат во Светата Литургија чекорат спрема Трпезата на Царството Божјо која веќе се објавила. Чекорат спрема Трпезата каде заедно со Христа ќе вкусат ново вино.

 

 4 ГрхгÕриој Паламај ЕПЕ 10, 284; Мат. 4, 17.
5 Николаој Кабасилај, ЕПЕФ 22, 468.
6 ЕПЕ 36, 22; Лука 23, 42.
7 Иерој Црусостомој, ЕПЕ 36, 8.
8 Исто, стр. 12.
9 Вечерна на Крстопоклона Недела.

Крстот е символ на Царството

Во моментот кога свештеникот, држејќи го Светото Евангелие, го нарекува благословено Царството Божјо, со него прави знак на крстот на Светиот Престол. Првата смисла на Светата Литургија е благословот и блаженството. Првото дело на Светата Литургија е Крстот.
Светата Литургија е Царството Божјо во кое води Крстот на кој е распнат Христос Царот на Славата. Крстот е доказ дека Христос е единствениот вистински Цар.

Разбојникот кој е распнат од Неговата десна страна од височината на Крстот богословствува: “Крстот е символ на Царството. Поради тоа Него, Царот, го повикувам, зашто го гледам распнат; Бидејќи на Царот му е својствено да страда за поданиците. Затоа што душата своја ја положи, затоа го нарекувам Цар. Спомни си за мене, Господи, во Царството Твое6.

Пред распнувањето Христово “крстот беше символ на судот. Меѓутоа, сега постана предмет на свештено почитување. Претходно беше символ на осуда, а сега е темел на нашето спасение”. Поради Крстот повторно го најдовме патот кој води во Царството Божјо: “Благодарение на Крстот не сме повеќе залажувани во пустината, го запознавме вистинскиот пат. Не живееме повеќе надвор од Царството, зашто ја најдовме вратата Негова”7.
Низ Крстот ни е подарено Царството Божјо. “Рајот, кој беше затворен повеќе од пет илјади години, денес (значи, на денот на Распетието Христово) ни е отворен... Денес ни ја предал древната татковина, денес повторно не привел во татковиот град”8. Така, Крстот не е само пат и врата на Рајот, туку најпрекрасниот Рај на Црквата9. Тој е Дрво на новиот и непропадлив Живот кој ги храни верните: Дрвото на горчината во Едем пред изгонувањето, низ крсното дрво со сладок живот процвета; додека Адам, вкусувајќи од него, во пропаст беше одведен, а ние се оживуваме и обожуваме таинствено хранејќи се со Телото Христово, вечното Царство Божјо задобивајќи го и затоа, со вера, да воскликнеме: Слава, Логосе, на страдањето Твое”10.
Христос е Царот на Царството кое дојде и кое доаѓа. Низ Крстот дојде и со Крстот доаѓа. Затоа, кога ќе дојде есхатолошкиот крај, тогаш ќе се појави знакот на Синот Човечки. Кога конечно ќе се угасне светлината на овој свет, тогаш ќе “светли и просветлува” знакот на присуството на Христа прославениот. На Царот ќе му претходи војски на “Ангели и Архангели, носејќи го на вратовите тој знак и најавувајќи ни го ова царско доаѓање”11.
Крстот е пат и весник на Царството.

Верниците кои одговараат со Амин

Верниците го потврдуваат славословниот возглас на свештеникот, говорејќи: Амин12. Со ова одговарање верниците, од една страна ја прифаќаат и исповедаат вистината која се содржи во возгласот на служителот, а од друга страна се молат да ги вкусат добрата на Троичното Царство.
Свети Никола Кавасила истакнува дека верниците “одговараат со Амин и така свои ги чинат сите прозби на свештеникот”13. Свети Кирил пишува како Амин значи “дека низ благодатта на свештеникот се надополнува она што е можно да недостасува од црковниот народ и дека Бог ги прифаќа малите со големите во единството на Духот”14.

Благословот на свештеникот, со согласноста на народот, влегува во наднебесниот Жртвеник. Верниците учествуваат и делуваат заедно со служителот. Светата Литургија во секој свој момент го оправдува своето име: таа е дело на целиот народ15.

Човекот е храм Христоносен

На човекот од Бога Творецот му е дадена можноста да постане Негов храм: “Човечката природа, единствена меѓу се сетилно, може да биде вистински храм Божји и Жртвеник”. Оваа можност повторно е дадена од Христа со пресоздавањето на човекот: “Секој верник во сегашно време, по Воплотувањето на Христа, е дом и храм Божји, бидејќи го поседува Христа во себе”16.

Свети Игнатиј Богоносец пишува дека ние верниците сме “карпи на Храмот на Отецот, подготвени за градбата која ја подигнува Бог Отецот”. Значи, треба целиот наш живот да биде таков, самиот Господ да се всели во нас: “Да постанеме храмови Негови, а Тој да обитува во нас, нашиот Бог”17.
Во Светиот дом Божји верниците го примаат осветувачкиот дар на Утешителот и постануваат благословена граѓа со која се ѕида Црквата: “Бидејќи, Црквата не е ништо друго, освен Дом изграден од нашите души”18.

Свети Јерма, писателот од апостолско време, во својата книга Пастир, го наведува видувањето кое го имал: Шест момчиња, на кои им помагаат многу други, ѕидаат на вода огромна кула. Ѕидањето на кулата е толку совршено што не се распознаваат споевите на спилите. Црквата е претставена во ликот на една уважена Госпоѓа која го толкува видувањето: “Кулата која ја гледаш дека се гради, тоа сум јас - Црквата. Се гради на вода, бидејќи нашиот живот е спасен и ќе се спаси преку водата на Светото Крштевање. Шесте момчиња се Светите Ангели. Спилите се Апостолите, епископите, учителите и ѓаконите кои живееле чесно пред лицето Божјо. Едните се уште се живи, другите веќе се упокоиле. Секогаш биле меѓусебно согласни и твореле мир. Затоа во ѕидањето на кулата споевите се соодветни”19.

Со Светата Причест целиот човек постанува “храм Христоносен” и секој член на Неговото Тело е еден дел од храмот Христов. Евхаристиската Трпеза, вели преподобен Никола Кавасила, “не предава на Христа и ни го дава Христа. Христос за нас е и Дом и Домаќин. Среќни сме поради својот Дом и среќни сме, бидејќи сме постанале дом на таков Домаќин”20.

Свети Максим вели дека човекот е “мистична Црква”. Телото е централен дел од храмот, душата е Светиот олтар, Духот е престолот. Со умот, како со жртвеник, човекот со “друга многусловна и многузвучна тишина, повикува - во длабочините на невидливото и необјасниво велегласие - на многуопеаната тишина на Божеството. И се вселува во неа, колку што тоа му е можно на човек, со мистичкото богословие. Постанува, како што треба да биде, оној кој се удостоил да го посети Бог и кој е запечатен со сесветите светлини Негови”21.

Храмот гледа спрема Исток, за ние да гледаме спрема Рајот22. Поминувајќи го морето на животот, одиме кон незалезната Светлина на неминливиот Живот. Лебот на Животот е Светлината која им светли на Светите во нивниот земен подвиг. Таму “стигнуваат во вечен живот осветлени со оваа Светлина, со која живееле заедно цело време”23.

Итаме кон горниот Ерусалим. Таму, каде ноќ веќе не ќе има и не ќе бидат потребни светилки, ни светлина сончева, бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува Светите. Таму, каде Бог е конечно и непроменливо Храм на Светите: Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Агнецот се неговиот храм24.


За Архиепископот наш (...), чесното презвитерство, во Христа ѓаконство, за целиот клир и верниот народ, на Господа да се помолиме.

Оној кој началствува на местото Божјо

Во првото вршење на Евхаристиската Тајна, служителот бил извршител на нашето спасение - Владиката Христос. По Вознесувањето, Неговото место на Евхаристиското собрание го презеле Дванаесеторицата, а во продолжение епископите, кои овие ги хиротонисале. Кога со времето локалните Цркви се зголемиле, епископите почнале на презвитерите да им наложуваат да служат Света Литургија. Преемството е нераскинливо, па служителот, на тој начин, е наследник Христов. Седи “на престолот /на тронот/ Христов... за со Неговата Црква чесно да управува”25.

Во личноста на епископот го гледаме самиот Христос: “Јасно е дека на Епископот треба да се гледа како на самиот Господ”26. Присуството на епископот на Светата Литургија или неговата согласност за служење на истата, е потврда на чистотата на Тајната: “Да се смета за исправна онаа Литургија која ја служи епископ или оној кого тој ќе го одреди”27.

Кога, во првите византиски години, Светата Литургија почнувала со денешниот мал Вход, првиот литургиски чин бил влегувањето на епископот во храмот. Во продолжение епископот, во средиштето на храмот, ги облекувал архиерејските одежди, што многу пати се случува и денес, пред почетокот на Светата Литургија. Како што “Логосот Божји, бидејќи бестелесен, во свето Тело се облече од Пресветата Дева”28, на сличен начин и архиерејот се облекува во светите одежди, кои “го изразуваат очовечувањето на Христа и настаните врзани за истото”29.

“Архиерејот е Христов пратеник. Оној кого Домаќинот Христос го испраќа да ги уреди работите во Негово име”30. Доаѓа во Домот Божји да поработи на делото Христово: изгубената овца да ја поведе кон Светиот Жртвеник, на Престолот Божји. Одеждата по која Епископот се разликува од свештеникот, значи омофорот, го символизира токму “спасението и повторното повикување на прелажаните овци”...31 Затоа ѓаконот, во моментот кога епископот го става /поставува/, говори: “Кревајќи ја на рамениците Свои, Христе, прелажаната /измамената/  природа човечка, си ја привел на Бога и Оца”.

Влегувањето на Епископот во храмот, дочекувањето од страна на верниците, кои веќе се собрале, неговото облекување во средиштето на храмот ја истакнува посебната важност на присуството на епископот на Светата Литургија. Литургиската пракса ни открива дека епископот е жива икона на Владиката Христос, благословениот кој доаѓа во име Господово. А верниците, кои се собрале во храмот, се Израилот по благодат, кои го дочекуваат Месијата.

За време на Светата Литургија, епископот е “оној кој началствува на местото Божјо”, а свештениците “на местото на соборот на Апостолите”32. Божествената Литургија е Тајната Вечера, на која сега, заедно со Христа и Дванаесеторицата (епископот и презвитерите), присуствуваат и сите верници.

Верниците го чувствуваат величеството на свештеничката служба и опасностите со кои служителите се сретнуваат. Бидејќи ја знаат силата на заедничката молитва, се молат на Господа за епископот. Светиот Златоуст вели: “Ако било кој од многуте вас ви нареди посебно да се молите за спасение на епископот, секој тоа би го одбил, верувајќи дека тоа е бреме над неговите сили; меѓутоа, кога сите заедно го слушате ѓаконот како се моли и говори: Да се помолиме за епископот..., не избегнувате да ја направите таа прозба, а со ревност воскликнувате на молитва, бидејќи знаете каква е моќта на вашиот собор”33. Верниците се потпираат на оваа сила и се осмелуваат да го замолат Господа за оние кои стојат близу до “блажената и чиста природа”34. Господи, помилуј го нашиот отец Епископ, свештениците, ѓаконите Твои.

ivica.slava1.jpg

(Продолжува)-

Еромонах Григориј Светогорец

ТОЛКУВАЊЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА

Издавач: Скопска епархија,Библиотека КЛУЧ


ДРУГО:

 

 

 

 Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3139
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7619
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная