логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Призивот на човекот

                  Призивот на човекот е постојано актуелна тема, која треба да не засега сите нас. Иако како верни деца на Црквата, со сигурност мора да сме свесни за оваа тема во сите нејзини димензии, во сета нејзина длабочина (бидејќи нашата Црква на многу начини учи за Бога, за човекот, за појдовната точка на човекот и за крајната цел на неговиот живот, што е неговата цел), се плашам дека многумина од нас се уште се огласени, т.е. потребна е катихизација затоа што, за жал, сме зафатени со „животни грижи" и со тоа го занемаруваме „едното нешто што е потребно" и остануваме во состојба на незнаење.
Човекот на земјата е голема недоумица. Пред Воплотувањето на второто лице на Света Троица, пред Божественото откровение, луѓето се прашуваа: ,,Што е човекот и која е неговата цел; од каде доаѓа и каде оди?" Ова беше мачното прашање на претхристијанскиот свет.
                Логиката (Разумот) со која располагаат луѓето е единствената алатка со која тие се обидуваат да дадат толкување на светот (космолошка интерпретација), човекот (антрополошка интерпретација) или својот претпоставен Бог (теологија). Како што знаеме, има толку верзии колку што има и филозофи кога станува збор за знаењето за Бог, човекот, светот, а со тоа и за предназначението. Овие усилби беа мачни за луѓето, и со помош на таканаречените spermaticos logos (генеративен логос) тие се обидуваа да најдат решение за овие проблеми. Но, како што вели св.Апостол Павле, бидејќи човекот не го најде Бога преку мудроста, Бог благоволи преку безумноста на проповедта да се открие и да им стане познат на луѓето.
             На тој начин се открива Господ, кој не поврзува со израилската, со еврејската традиција. Иако Бог е непознат во сета своја полната, тој делумно се открива на Својот избран народ, Израилот. Стариот завет е историја за Божјото откровение на овој народ.
Оттука гледаме дека од почетокот постоела директна врска меѓу Бога и луѓето во личноста на првосоздадените луѓе. Овде започнува историјата на човекот и оттука знаеме дека човекот е создаден за Бога. Таму ја гледаме големината на човекот и неговата изворна убавина во првосоздадените луѓе.
          Паскал, познат француски математичар и филозоф од 17 век, кој има многу врска со православната теологија, има два впечатливи текста. Осврнувајќи се на трагедијата на падот на човекот преку неговата непослушност и неговите последици, со логиката што го одликува како математичар, вели: ,,Ако човекот е создаден за Бога, зошто не е согласен со Бога? И ако не е создаден за Бога, зошто не може да најде покој, освен во Самиот Бог? Тоа значи дека имаме еклатантна противречност, конфликт, контрадикторност во самиот човек. Човекот не сака да се согласува со Бога, но не може да најде мир ако не се согласува и се оддалечи од Него". Тој го вели ова за да ги илустрира ефектите од падот на првосоздадените луѓе, кои ги носиме во себе како последица на наследниот грев, за да докаже дека човекот е болно суштество. Антиномично, контрадикторно суштество кое не може да се согласи со себе си.
            Тој има и друг текст кој го изразува искуството на луѓето кога се ослободиле од материјалистички и категорични влијанија и се издигнале на духовно ниво. Тој вели: ,,Беден е човекот. Тој е беден затоа што е беден, но е и голем. Затоа што кој се чувствува несреќен затоа што не е цар, освен паднатиот цар?". Ова, браќа мои е тој крик што блажениот Августин го кажува: ,,Господи, неспокојна е нашата душа, додека не најде одмор во Твоите пазуви". Човекот се чувствува несреќен затоа што не е крал, затоа што се чувствува како расчинет крал. Тоа е искуството, но на духовно ниво.
Откако отпадна човекот, расипувајќи се во контакт со материјата, прилепен за светот, роб на страстите, помрачен од световните постапки и нефункционален како богосоздадено битие, како што е преку благодатта што Ја има неговото срце, ТОЈ не може да има толку високи искуства и чувства, зашто е несреќен на овој свет.
Ова го кажав за да си припомнам од човечката мисла аргументи за оваа трагедија во која човекот се наоѓа по неговиот пад. Човекот отпаднал од својата првобитна убавина како образ и подобие Божјо и беше неопходен целиот круг на Божјиот домострој да го исправи тоа.
           Една химна за Рождеството вели: ,,Кога човекот, создаден според образот Божји, отпадна поради престап и целиот беше во распаѓање, лишен од подобриот божествен живот, Мудриот Создател го пресоздаде".
            Со други зборови, нашата Црква започнува со настанот на падот на човекот и неговото возобновување преку дејството на Божјиот домострој. Во друг тропар, пак за Рождеството, се вели: ,,Господ, гледајќи дека човекот создаден од Неговите раце пропаѓа, оставајќи ја небесата, слегува (на земјата) и од божествената и чиста Дева потполно и суштински се соединува со него, вистински воплотувајќи се."
            Затоа, за нас, драги браќа и сестри, кои живееме во времето по Христа, прашањето за природата на човекот и неговиот призив е одговорено. Нема филозофски, теолошки, антрополошки или космолошки проблем. За нас е неискажлив благослов, недостижна добродетел, тоа што се најдовме во период во кој не трагаме со вознемиреност, туку ни се нуди спасение, подготвено за нас, како што ни го носи Господ, ,,наведнувајќи ги Небесата."
           Ние сме Божји созданија, предназначени за обожение. Човекот отпадна поради непослушност. Двете причини за неговиот пад се сластољубието и гордоста. ,,И жената, гледајќи дека родот на дрвото е добар за јадење и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето" (1. Мој. 3, 6) - тоа е сластољубие. И гордоста: ,,Дали е вистина дека Бог рекол: ,,Не јадете од ниту едно дрво во градината?( ...)па ќе станете како богови" (1. Мој. 3, 1-5). Првите создадени луѓе сакаа самите да станат богови. Дека луѓето ќе станат богови по благодат е сигурно. Како што вели свети Григориј Богослов, дрвото на познанието било таму за првосоздадените луѓе да го вкусат, но тие јаделе пред своето време.
             На тој начин, наместо преку послушанието и очекувањето тие да станат богови, тие отпаднале поради желбата да станат богови пред време. Падот беше толку голем што ништо не можеше да ја спречи склоноста кон грев. Затоа, спасението, кое се состои во обновувањето на човекот во неговата древна првосоздадена состојба, се остварува преку два доминантни елементи во личноста на Христос: преку доброволното страдање до крстот и преку крајното смирение - повторно на Крстот.
              Мора да знаеме еден суштински елемент од последиците на гревопадот: во душите на првосоздадените луѓе, во нивните срца, била внедрена Божјата благодат. Така тие имале непосредна врска. Прекрасното создание „премногу добро создадено", кое ги опкружувало, не било пречка за директното искачување кон божественото; имале директна комуникација. Благодатта што пребивала во нивните души се повлекла преку престапот; тогаш ѓаволот влегол во срцата на луѓето.
            Токму тоа се случува во моментот. При раѓањето, човекот (иако „осуден" на бесмртност, бидејќи неговата душа е од Бога создадена и бесмртна) доаѓа не само заразен со првородниот грев, туку и со онтолошката последица на демонската енергија во неговото срце, која потоа ја носи, колку што е и отсутно светото Крштение, во кое се обновува благодатта Божја (и излегува демонската енергија).
               Преку светото Крштение ја имаме во нас сета Божја благодат; ,,сите, што се крстивте во Христа, во Христа се облековте" (Гал. 3, 27). И не само тоа, туку го стекнуваме „духот на посвојувањето" со кој викаме ,,Ава оче" признавајќи дека сме Божји деца.
Ова е рамката во која се наоѓаме, браќа мои. Паднавме, Христос не откупи за да не врати во првобитната убавина, да не направи повторно богови по благодат, без оглед на нашето предназначение од самиот почеток.
Крстени во просторот на нашата света Црква, ние сме како прачки, кои настојуваме на нераскинлив однос со Христа - лозата, а Бог Отецот е лозарот кој ги негува нашите души, како што се вели во Евангелието по Јован, гл. 15.
            Преку што духовно созреваме и растеме? Преку таинствата на Црквата и Божјите заповеди. По Крштението ја примаме божествената Евхаристија, во која стануваме „содружници" и „со -крвници" со Христа, станувајќи христоносци, богоносци и духоносци. А ако паднеме, ,,имаме Утешител Исус Христос", кој преку покајанието (исповед и прошка) ќе не подигне. Сите ние сме ранливи на падовите, паѓање и станување - тоа е нашата историја.
            Христос ни ги дал и Божјите заповеди, кои се доволни за да се достигне обожението. Како што вели свети Дионисиј Ареопагит: ,,Усвојувањето и соединувањето со Бога се постигнува преку свештенодејствијата и љубовта кон најпочитуваните заповеди". А Христос како доказ за нашата љубов кон Него ни го даде почитувањето на заповедите: ,,Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби Мене" (Јован 14, 21).
          Така, за да биде оправдана нашата крајна цел, мора постојано да чекориме по патот на обожението (држејќи ги заповедите и учествувајќи во светите тајни), каде преку постепено искачување, преку постепено преобразување ја гледаме светлината Божја како свети во нас. Вреди да се потсетиме на свети Симеон Новиот Богослов, кој се видел себеси како свети во божествената светлина и станал поубав од сите убави -како што рекол -побогат од сите богати и посилен од сите цареви. Ова е опитното искуство на нашите светители.
            Значи, браќа мои, ние сме во трагична ситуација; не затоа што не ја знаеме нашата крајна цел, туку затоа што не сме на патот кон целта. Живеејќи во светот, сообразувајќи се со него, вовлечени во животните работи и откако ја изгубивме чувствителноста на органите за контакт со Бога, ние сме како овци без пастир и не знаеме од каде доаѓаме и каде одиме. Ова е нашата драма, ова е трагедијата на сите нас. Ја создаваме идејата дека сме „од светот" и живееме како другите луѓе. Но, Господ и апостолите прават остра разлика меѓу „светот" и верниците: ,,Светот лежи во зло", ,,Не сакајте го светот, ниту она што е во светот" итн.
        Но, што е „светот"? Се разбира, тоа не се нашите ближни. Ова е светот на гревот, луѓе кои обврзани и приврзани за световните работи водат земен, световен, глинест живот, без духовно чувство, не знаејќи од каде дошле и каде одат. И така, наоѓајќи се на ова место, ние премногу често го губиме нашиот ориентир. Се разбира, колку ќе изгубиме е друга работа; нека си провери секој сам. Сигурно е дека опасноста да претрпиме промени и да се заплеткаме во светот не придружува во текот на целиот живот.
За жал, ние сме неспособни да подражаваме. Тоа е слабост што доаѓа од нашата духовна сиромаштија.
       На тој начин паѓаме и не го живееме прозрачно и јасно нашиот таен однос со Бога, како што го живееја светиите со своите непрестајни молитви, со непрестајните љубовни движења на нивните души кон Бога, кои покажуваат дека душата е навистина божествена и затоа мора постојано се движи кон Бога како што сончогледот се врти кон сонцето!
          Блажени Августин некаде вели: ,,0, Господи, во тоа време кога не Те познавав, колку бев несреќен! Доцна те засакав ... " Какви љубовни песни од светиите, каква љубов, каква благодарност, какви солзи, какви воздишки и каква искази за тоа што е Бог, каков е Бог, колку е добар, како не чека, колку е тој непоимлив и неразбирлив, но и какви величествени суштества сме ние, бидејќи сме создадени според Неговиот лик и подобие! Затоа, браќа мои, страдаме од недостаток на самосвест. Не знаеме што сме, колку величествен антрополошки состав имаме и која е нашата божествена цел. Во име на оваа цел, милиони христијани од првите векови па наваму трпеа или крваво мачеништво или бескрвно мачеништво на духовниот подвиг (т.е. подвижничката методологија на нашата Црква), постојано издигнувајќи се кон божественото, кон боголикоста.
         Ова е теоретски призивот на човекот, како што Бог го определил од бескрајна љубов, да не направи нас, Неговите созданија, богови по благодат. Но, сега ние - секој од нас - мора да се запрашаме до каде сме стигнале на дело!

Автор: монах Теоклит Дионисиски
Извор: bogonosci.bg
Подготвил: Симеон Стефковски

 

Извор:

TviTER244

 пп

13.09.2025

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная