логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

BOGORODICA.Veljusa

                 Не треба да се плашиме од надворешниот непријател, нашиот најопасен непријател е затворен во нас самите. Затоа и се води непрестајна борба во нас. Ако одржиме победа во оваа борба, сите надворешни борби ќе бидат лесни за нас. Тогаш Христовиот војник секогаш ќе биде спокоен и сѐ ќе му биде покорно. Нема воопшто да се плашиме од надворешниот непријател, кога оној што е во нас ќе биде победен и кога ќе му се покори телото на духот.

               Не треба да веруваме дека за совршенството на нашето срце и чистотата на нашето тело може да биде достатен само постот, кој се состои само од видливите јадења. Кон телесниот пост треба да го присоединиме и постот на душата. Зашто и душата има свои штетни јадења. Ако се здебелиме од нив, паѓаме во бездната на сладострастието, и без изобилство на телесна храна. Осудување на другите е храна за неа, и тоа многу вкусна. И гневот е храна за неа, иако не така лесна, понекогаш и многу штетна, па дури и смртоносна. И зависта е храна за душата, која со отров ги повредува нејзините сокови и која непрестајно ја измачува: ја прави несреќна поради среќните успеси на другите.

И славољубието е своевидна лоша храна за душата, која привремено ја насладува со својот пријатен вкус, а потоа ја прави празна, разголена, и лишена од секаква добродетел, ја прави бесплодна и неспособна да дава духовни плодови, па, според тоа, ја лишува не само од наградата за безбројните нејзини трудови, туку ѝ донесува и големи казни. Секоја похот и секое талкање на непостојаното срце е еден вид пасење, кое ја храни со штетни јадења, кои ѝ ги прават непристапни небесниот леб и тврдата духовна храна. Затоа во секој наш пост, со воздржувањето од сето ова, колку што имаме сили за тоа, ќе го направиме целесообразен и доброплоден и нашиот телесен пост. Зашто истоштувњето на телото, соединето со скрушеноста на духот Му принесува најпријатна жртва на Бога и Му устројува живеалиште достојно за неговата светост во чистите и преукрасени сокровишта на срцето.

Но, ако, постејќи телесно се сврзуваме со најпогубните душевни страсти, тогаш никакво истоштување на телото нема да ни биде корисно, кога при ова осквернување во најскапоцениот наш дел, во нашата душа која е вистинско живеалиште на Светиот Дух, сме онечистени. Зашто не нашето гниежливо тело, туку чистото срце станува живеалиште за Бога и храм на Светиот Дух.

Затоа, кога пости нашиот надворешен човек, должни сме да го запазуваме и внатрешниот од штетни јадења. Токму нему треба да Му го даваме чисто, за да се удостоиме да го примиме во него посетителот Христа, како што нѐ советува свети апостол Павле, велејќи: Крепко "да се утврдиме преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, и преку верата Христос да се всели во срцата ваши" (Ефес. 3,16-17).


Свети Јован Касијан Римјанин

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная