Пројавите на неврозата ги објаснивме: губење контрола над мислите и чувствата, губење контрола над зборовите, и најтешкиот вид невроза – губење контрола и над своите дела. Не можат меѓу себе да се разберат оној што бара човечка правда, со оној што бара Божја правда.
Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“
Секој христијанин, своите напори може да ги насочува на разни активности во животот. Може да се труди во своето семејство, на работните места, во науката, во школството и на многу други места. Својата личност може да ја растргнува на најразлични работни задачи.