логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за Втората недела по Педесетница, изговорено во манастирската трпезарија, 30 јуни 2019 лето Спасителово

Мили мои, од денешното свето Евангелие чувме како нашиот Спасител, Господ Исус Христос, ги повикал Своите први апостоли, рибарите. Најнапред ги повикал двајцата браќа Петар и Андреј, а потоа и другиот пар браќа, Јаков и Јован. Евангелскиот приказ на овој настан на прв поглед се чини многу краток: „Врвете по Мене“, им рекол Господ на риболовците, „и Јас ќе ве направам ловци на луѓе“. И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него (Матеј 4,19). Сепак, иако навидум краток и едноставен, конкретниов евангелски расказ ни кажува нешто многу големо и величествено. Првите браќа, значи, Петар и Андреј, ги оставиле мрежите и веднаш тргнале по Него. Вторите браќа, Јаков и Јован, освен мрежите, го оставиле и нивниот кораб, а и татка им Заведеја. Меѓутоа, забележете добро, Евангелистот Матеј во поглед и на едните и на другите браќа нагласува дека тие веднаш оставиле сѐ зад себе и тргнале по необичниот Учител.


„Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе“

Што, всушност, оставиле овие први следбеници на Христа? Сето она од коешто зависеле во овој свет, а со кое дотогаш биле нераскинливо поврзани. Работата од која се издржувале, сите орудија за преживување, целиот свој имот, па дури и родителот. Буквално, оставиле сѐ што имале во овој живот и веднаш тргнале по Христа. Тоа значи и она што му е неопходно на секој човек и што е од Бога допуштено и благословено. Од самото раѓање на овој свет, човекот влегува во една мрежа на зависности и врски. Најпрвин, во зависност од времето и просторот, во зависност од родителите, како што би рекле, една природна, биолошка зависност. И сѐ околу нас се наоѓа во некаква зависност. Дури и планетата на која живееме припаѓа на еден посебен систем на врски, устроен и благословен од Бога. Планетата Земја зависи од Сонцето, а Сонцето од својата галаксија. A човекот, освен што е биолошко, тој е и општествено битие, па неминовно се подложува и на социјална зависност. Значи, нашите природни и општествени зависности и врски со опкружувањето и средината околу нас се многу и, се разбира, се благословени, ама само доколку ги ползуваме на благословен начин – како средство, а не како цел. На пример, зависиме од работата. Човек мора да работи за да преживее. Но, ако дозволиме работата да ни премине во цел самата за себе, тогаш нашата природна врска со неа станува неприродна и преминува во ропство. Благословена врска е, исто така, и бракот. Без бракот човечкиот род не би можел да опстои. Затоа во Црквата бракот претставува голема света тајна и се благословува со чинот венчание. Така, тој не претставува цел сам по себе, туку средство за продолжение на родот и едно благословено движење на семејната заедница кон вечноста, преку меѓусебната зависност во љубовта и носењето на крстот еден на друг.

Следствено, човекот има многу врски и зависности со овој свет, а и разбирливо е да ги има. Голем дел од нив се благословени и неопходни. Но, гледајте, Бог денес ги повика простите рибари да ги остават дури и таквите благословени врски и зависности и тие веднаш одговорија на тоа! Каков парадокс навидум! Се чини како Бог да го поништува поредокот што самиот Он го поставил… Меѓутоа, не е така. Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и станале зависни од Него, Кој е единствен независен по природа. Тоа значи дека тие, присоединувајќи се кон Него, стекнале вистинска слобода во Него, го достигнале совршенството на слободата и љубовта. И сите знаеме што постигнале апостолите откако сосема се предале на Христа. Ослободени од врските на овој свет и приврзани само за Него, тие го посеале семето на Неговата Божествена наука ширум светот, науката на Ослободителот на светот.

    Го нарекуваме Христос Спасител, Избавител, Ослободител. Но, од што Он, всушност, нѐ ослободува? Најнапред од неприродните зависности и врски. Досега говоревме за природните зависности и врски, што ги има многу и се од Бога благословени. Но, покрај нив постојат и многу неприродни зависности, кои го доведоа човекот до најстрашното ропство – смртта. Тие зависности се страстите. За некој човек велиме дека е острастен, кога постојано повторува некој грев. Зашто, кога еден грев ќе биде често повторуван, тој преминува во навика, во хронична болест и станува страст, страдање. Господ дојде да нѐ избави токму од тие страдања, преку Своето страдање на крстот. Ослободителот дојде да ги раскине алките на зависностите што водат кон смрт.

Со денешниот пример и призивот на кој апостолите веднаш одговориле, Бог ни го покажува стремежот кон совршената слобода. Имено, многу се зависностите во овој свет што се благословени од Него. Сепак, сите тие нешта од кои зависиме се минливи и еден ден ќе престанат да постојат. Затоа, Он нѐ поучува со овој пример да не се острастуваме ни кон она што ни е неопходно овде, а во идниот век нема да постои. Така, на пример, храната е неопходна за животот на телото. Но, преку постот, преку умереното воздржание од одредени видови на храна и од преизобилност, Бог нѐ учи да се ослободуваме од пристрасноста кон храната, бидејќи еден ден неа ќе ја снема. Царството Божјо, пишува Апостолот, не е во јадењето или пиењето, туку во праведност и мир и радост во Светиот Дух (Рим. 14,17). Исто така, благословен е и бракот, но благословено е и девството. Ете, гледате, монасите се повикани да се воздржуваат од бракот, што, секако, подразбира многу голема и долготрајна борба. Но, зошто е тогаш овој призив за воздржание од бракот што им е упатен на некои? Затоа што еден ден и бракот нема да суштествува. При воскресението, вели Христос, луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку ќе живеат како ангели Божји на небесата (Матеј 22,30). Се разбира, ова не значи дека сите треба да се воздржуваат од бракот, туку дека едноставно не треба да се острастуваме кон нешто минливо, ами да го ползуваме на благословен начин, за спасението на душите.

Бог сака да нѐ издигне на едно поголемо достоинство, на едно повисоко духовно ниво, да нѐ направи вистински слободни, а не робови. Зашто оној кој перманентно се предава на одреден грев, станува роб на тој грев. Познато им е на сите колку тешки ропства се: пијанството, наркоманијата, комарот, блудството и уште која ли не друга страст што го обзема човекот. Да, духовното ропство е навистина страшно. Иако, можеби, заробениот од грев човек е свесен дека тоа ропство е нешто погубно, сепак не може сам да се ослободи од него и одново, упорно и упорно го прави тоа што му штети. На пример, човекот кој злоупотребува дрога. Тој гледа и самиот дека другите како него пропаѓаат, ги гледа своите другари со рани, уништени; ја гледа и својата бедна состојба, знае дека неговата иднина виси на конец и дека секој ден постои опасност да умре како самоубиец, ама и покрај сето тоа како да го опфатило некое внатрешно слепило и оди во пропаст. Тоа е исто како да гледаш толпа од луѓе што одат на бесилка или да се фрлат од гребен во некоја река за да се удават и ти да го правиш истото, да одиш со нив. Таквото слепило на внатрешниот вид произлегува токму од ропството кон гревот, од острастеноста на човекот.

Но, Бог, мили мои, токму за тоа и дојде на земјата – да нѐ ослободи од таа тиранија на страстите. Да го послушаме, затоа, неговиот повик за ослободување од овоземските врски, кои не смеат да ни станат цел во нашиот живот. Единствена цел, средиште на сите наши желби, треба да ни биде Бог. Ако еден родител не Го постави Бога за цел на својот живот и не Го стави Него над сѐ, на што ќе ги научи своите деца? Неизбежно ќе ги научи на страстите, на егоизмот што го има во себе, без и да биде свесен за тоа. Тие деца ќе растат нездраво, задоени со погрешни идеологии. Родителите несвесно многу грешат и кога кон децата се однесуваат со посесивна „љубов“, кога, на некој начин, децата им стануваат идоли, кога „љубовта“ кон семејството е повеќе идолатрија одошто вистинска љубов. Затоа Господ вели: Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене (Матеј 10,37). Ова не значи дека Господ е егоист и сака само Него да Го љубиме. Напротив, Он е изворот на љубовта и само доколку го ставиме Него над сѐ, ќе можеме вистински да љубиме, ослободени од ропството на страстите. Тогаш и своите деца ќе ги љубиме на правилен начин и ќе им го дадеме она што е потребно, спасително. Ќе ги научиме да знаат за воздржание, самоконтрола, расудување, така што да не паднат во мрежите на лажните задоволства, од каде и произлегува робувањето на страстите.

Во природата на човекот е да сака задоволство. Тоа лукавиот добро го знае и од тие мали, краткотрајни задоволства ја плете својата мрежа со која ги лови душите. Исто како пајакот кога плете мрежа за да лови инсекти. Кога ќе се фатат во мрежата, тој полека-полека ги завиткува во неа и потоа им ја пие крвта. Така е и со задоволствата од овој свет. Ако човек претерано се оддава на нив и не сака да се ослободува од нив, накрај тој ќе биде потполно заробен. Па така, благословен е бракот, но не и блудствувањето и невоздржанието;  благословена е храната, но не и чревоугодието. Дури и морфиумот е благословен кога лекарите го употребуваат за да им ги олеснат болките на болните, или да ги оперираат. Но не е благословена и неговата злоупотреба, којашто, за жал, е навика на многу млади во нивната потрага по привремено задоволство.

Пред малку, од проповедта на владиката Николај, меѓу другото, чувме зошто денес луѓето брзаат насекаде. Сакаат сѐ набрзина да постигнат, да ги задоволат своите апетити, задоволства, притоа пропуштајќи го најважното –  грижата за душата. За разлика од нив, Бог дејствува бавно, промислено, душеспасително. Он избрал дванаесет апостоли, различни профили на личности, и со нив почнал да го гради Своето царство. Не избрал дванаесет цареви кои ќе можеле веднаш да го воспостават Неговото царство. Лесно би го постигнале тоа, оти би имале голема сила, војска, власт. Но да направел Бог така, тоа Царство би завршило како и сите земни царства од овој свет. Затоа, Он основа едно вечно духовно Царство, засновано не на сила одовде, туку на власта што му е дадена на човечкиот род да се ослободи од страстите, од ропството на гревот, од деспотизмот на минливите задоволства.

Да не заборавиме: токму задоволството беше причина за првиот пад на Адам и Ева. Во една црковна песна се пее: „Плодот што ме умртви беше убав за гледање и добар за јадење…“ Задоволството е тоа што може да нѐ завие во мрежата на страстите, на гревот, од кое потоа неизбежно се раѓа тагата и болката. Затоа Бог нѐ повикува да бидеме радосни во благословените врски, во слободата што е во Него. Младите луѓе кои овде се лекуваат од зависности можеби најдобро знаат што значи да се биде роб на страста, особено на наркоманијата. Каква страшна тиранија е тоа и колку таа го обезличува човекот! И немојте да мислите дека само таа го уништува човекот. Не, сите страсти се погубни за него. Јас сум видел острастени среброљубци, кои имаат многу материјални блага, имаат секакви услови и задоволства, но се обезличени, го изгубиле ликот Божји во себе. Тие немаат вистинска љубов ни за сопствените деца, а камоли за другите околу нив. Сепак, може да се каже дека страста по наркотици е најочигледна и најбрзо го упропастува човекот. Кога, пак, некој, преку Божјата избавителна благодат, ќе се ослободи од тоа зло, станува навистина нов човек. Денес, пред почетокот на причестувањето, викнав едно од момчињата што живеат тука и се борат со страста на наркоманијата, само за да му го видам ликот. Гледам како напредува секој ден и се радувам со него. Нивниот успех ми е храна. Го викнав в олтар да го прашам дали ќе се причести, иако знаев дека претходниот ден ми побара благослов. Се направив како да сум заборавил, само за да му го видам ликот, да му се израдувам.

Врвете по мене! – ни вели денес Христос и нам, мили мои, како што им рекол на Петра и на Андреја, на Јакова и на Јована, покрај Галилејското Море. Нѐ повикува сите да врвиме по Него и да бидеме апостоли на радоста што доаѓа од слободата во Него, да ја пренесуваме таа радост и на нашите ближни.

Да сте живи и здрави!

https://bigorski.org.mk/slova/arhimandrit-partenij/zavisniot-od-hrista-vistinski-sloboden/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7720
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная