логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

image

    
г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски 03.07.2019 г. Св. Наум Охридски Попова Шапка

Да ги имаме на ум – Наумовите совети[1]

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

 „Блажени ќе бидете, кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве одделат и похулат, и го исфрлат името ваше како лошо, заради Синот Човечки!“.

(Лука 6,22)

Драги браќа и сестри,

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во манастирот крај Охридското езеро, каде што се упокоил и го завршил својот живот. Неговите свети мошти до ден денес почиваат во неговиот манастир и творат најразлични чудеса. Верниот народ од нашата земја имаа особена почит кон светиот Наум. Доказ за тоа се храмовите и манастирите подигнати во чест на овој светител, како во епархиите во татковината, така и во епархиите во нашата дијаспора. Еден од тие храмови е и оваа манастирска црква, во која ние секоја година масовно се собираме да му ја одадеме заслужената почит на еден од нашите најголеми светители.

Но драги мои, свети Наум не бил само светител – тој бил и просветител, средновековен научник, писател, учител, евангелизатор, еден од основоположниците на словенската и на македонската писменост и просвета. Иако за неговиот живот имаме оскудни податоци, сепак на сите ни е познато дека тој е еден од најдаровитите ученици на светите рамноапостолни браќа, на солунските учители и на словенските просветители Кирил и Методиј, кои евангелизираа многу словенски народи во Европа. Светиот Наум со големото искуство што го стекнал при евангелизирањето на паганските народи во Европа, откако Климент станал епископ Велички, се вратил во Македонија, каде  го продолжил своето просветителско дело, но развил и едно ново дело. Тој како мудар молитвеник и строг подвижник отпочнал и градителско дело. На самиот брег го изградил манастирот, кој и денес е светилник, во кој мнозина го прославуваат „пречесниот спомен на неговите светли подвизи“. Сведоштвата велат дека манастирот набрзо станал монашки центар во кој свое прибежите нашле мнозина црнорисци, кои по блажената почивка на светиот Наум во 910 година го продолжиле неговото богоугодно дело.

Возљубени,

Ако го резимираме животот на светиот Наум слободно можеме да кажеме дека неговиот живот е служење на Бога и служење на луѓето. Како голем молитвеник, тој не само што се молел пред Бога за човечките незнаења, туку како просветител се трудел да ги научи луѓето на евангелските морални принципи, бидејќи знаел дека многу гревови извираат од човечките незнаења. И тогаш како и денес, најголем проблем и извор на злото било незнаењето, кое води до помраченост на умот. Последиците од помраченоста на умот се големи и погубни и за нашето општество. Тие започнуваат од неправилен начин на живеење, па водат се до воведување на нови и туѓи надметнати „вредности“ под слоганот на таканаречената демократија и дискриминација. Жално е денес што после толку векови, ние како народ како се почесто и почесто да ги забораваме советите од нашите учители и просветители, на оние, кои токму од овде, од нашата првопросветлена земја од страна на апостолот Павле, преведувајќи го Евангелието на словенски јазик како семе го посеале низ тогашните европски престолнини и ги просветлиле нехристијанските народи, осветлувајќи го паганизмот со евангелските добродетели, просветлувајќи ги непросветлените и сите, а особено тријазичниците - учејќи ги на христијанската љубов, која секогаш ни е најпотребна на сите нас.

Денес, наоѓајќи се во дните на Петровиот пост, на овој наш голем празник ќе ја искористам приликата од овој манастир да упатам порака за сите заедно сплотени во христијанска љубов да се држиме до Евангелието и до верата наша православна, која од памтивек ја облагородува душата на нашиот народ. И ние, како и светиот Наум насекаде да ги шириме евангелските морални принципи, кои го осветлуваат духовниот мрак, бидејќи само на тој начин можеме да се соочиме со моралниот пат и со хипокризијата на нашето општество. Само на тој начин можеме да ја сочуваме чиста нашата култура, нашата богата традиција и пред сѐ нашето битисување како еден Божји народ.

Знам дека не е ни најмалку лесно овој „лукав и прељубодеен“ свет да се живее и да се шири Христовото евангелие, но ако повеќе се потрудиме тоа е возмошно. Во тие тешки моменти и искушенија, кои се појавуваат во нашиот духовен раст и подвиг пред нас да го имаме животот на светиот Наум и да се запрашаме зарем него му беше лесно да пропатува илјадници колометри, да претрпи страданија и мачења од германските свештеници и да доживее гонење заради Христа? Одговорот е дека не му беше ни најмалку лесно. Но за се мора да се даде жртва. И за таа негова жртва Бог го овенча со светителски венец, наградувајќи го неговиот труд овде на земјата.

Затоа драги браќа и сестри, никогаш да не забораваме на светиот Наум, на неговиот труд и дело, на неговите подвизи и совети. На едно место, деновиве прочитав еден текст за четирите завети на денешниот светител. Тој пред да се упокои на своите ученици им ги пренел следните четири совети и зборови: разбудување, покајание, очистување и причестување. Всушност тој им ги пренел четирите скалила на патот кон спасението. И  јас ништо друго повеќе не ви би пренел освен тие четири завети, кои треба секој ден да ги поминуваме. Затоа почесто да се сеќаваме на светиот Наум и да се молиме да Го моли за нас Христа нашиот Спасител, сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Нека е за многу години манастирската слава!

image

 https://tge.mk/tekstovi/da-gi-imame-na-um-naumovite-soveti1

 

Друго:

sv.Naum.OH.jpg

„ Еден ден пред Божиќ, кога свети Наум ја беше завршил светата Литургија во манастирот и ги беше причестил монасите и народот, почувствувал дека му се приближува разделбата од овој свет. Гледајќи го монасите неговото бледо лице, од кое излегувала некоја блага светлина, почувствувале во своите срца дека наскоро мора да се разделат од својот духовен отец и учител. Поради тоа почнале многу да жалат и се свртувале настрана бришејќи ги солзите од своите очи.
Светиот отец гледајќи ја нивната тага и солзи, ги повикал сите монаси покрај себе во тремот пред црквата. Постарите монаси седнале, а помладите останале на нозе, сите заедно собрани околу нивниот духовен родител како пчели околу матицата своја. Тогаш светиот отец ги прашал со тивок глас:
– Зошто плачете, браќа мои? Зошто тагувате во овој час? Ние треба да се радуваме во овој последен час. Нели сите се причестивме со Светата Крв на Синот Божји, која нè соединува со Него и нè прави и нас Божји синови? Причеста нели ве побудува на веселба и пеење? Кога преку Светата Причест се соединивте со Живиот Бог, гревовите ваши ви се простени и вие сега сте светли и чисти и свети, слични на небесните ангели. Ме чуди од каде кај вас оваа тага наместо радост, и плачење наместо веселба?“

Извор: ПРЕМИН бр.65-66

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная