Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно
Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да стане син Божји – по благодат, односно му постави цел: од лик Божји да порасне до подобие Божјо, давајќи му ги сите сили и Својата благодат потребни за тоа.