логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 7.Vselenski.sobor

Многу се грижам. За што? За проблемот на другиот. Тоа значи дека сум навистина жив. Инаку, јас сум мртов од внатре. Духовните зла наоколу, доаѓаат од многу такви мртви луѓе. Тие се самоуништуваат, задушувајќи ја љубовта во своите срца. Од каде да започнеме, за да разбереме како е да пројавуваш вистинско човекољубие? Од љубовта и човекољубието на Бога. Бидејќи сме создадени според Неговиот образ и подобие. Прашањето е, колку сме го зачувале Неговиот автентичен лик, или сме го оскверниле…

Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста кон човекот, кеносисот на Бога – движење од љубов, преку кое Бог излегува надвор од Себеси и ја наведнува небесата, слегува на земјата, доаѓа во нашиот свет и ја прима нашата човечка природа, која сме ја потчиниле на распаѓањето, болеста и смртта. И ние треба искрено да признаеме дека самите ние сме ја избрале таа состојба, а не Бог. Бог не ги создал ниту заморот, ниту болестите, ниту смртта. Ние сме ги избрале, кога посакавме да се обожиме без Бога и наместо да стигнеме до обожението, пропаднавме. Но Оној Кој ние Го напуштивме, не нè остави, а во излив на благост од љубов, како што велат отците, дојде и слезе кај нас, ја усвои болната човечка природа, стана учесник во нашиот живот. Дојде и заживеа во пропаднатите ни денови, ги зеде нашите гревови, нашите неуспеси. Неуспехот на светот во кој живееме, кризата (вклучувајќи ја и економската) го покажуваат неуспехот на човештвото, кое се потпира на науката, на парите, на својата сила, и веќе заканувачки над него се надвиснува сенката на неговите сопствени ужасни дела. Бог го зеде врз Себе нашиот неуспех, ги понесе нашите гревови на Себе, на Своето Тело. Он влезе во просторот на безумието, на апсурдот што го создадовме. Ние, со право се креваме против смртта, бидејќи таа не е наменета за нас, но ние всушност ја избравме и ја ставивме во нашите животи. Не ти е потребен генијален ум, за да знаеш дека ако не го полеваш цвеќето, ќе се исуши; дека ако го заклучиш во подрумот, далеку од сончевата светлина, тоа ќе загине. Бидејќи сонцето е живот за цвеќето, а не спротивното. Сепак, ние ги измешавме работите, мислевме дека сме сонце и затоа на крајот се исполнивме со темнина.

Преку Крстот, Господ слезе во смртта, во нашата смрт, се разбира, не за да стане нејзин заробеник, но за да ја отстрани преку Своето Воскресение и да нè ослободи од ропството на нашиот последен непријател.

Он не застана (до) таму, но ни Го испрати Светиот Дух, за да не врати повторно во рајот. Дури и при Христовото Вознесение, ангелите беа зачудени, затоа што видоа Човек како се искачува над нив. Така, преку Христа, човекот се враќа таму од каде и тргнал, од заедницата со Отецот, и Синот и Светиот Дух. Христос Го испраќа Светиот Дух, за да не направи сите нас Негово Тело, нас распрснатите, осамените, болните, неспособните дури и да помислат на доброто; да не обедини во Своето Тело, во Црквата; да нè направи причесници во Неговиот божествен живот, за да имаме живот и тоа живот во изобилие. За да биде средбата на секој од нас со смртта, како што беше со Христа, не крај на Неговиот живот, но Негова Пасха: премин преку смртта во животот.

Бог го засака човекот толку многу, што се жртвуваше за него. Он е единствениот Управник Кој умре, за да може човекот да живее. Владетелите во денешниве денови, ги жртвуваат народите заради свои лични интереси, а ние, бидејќи безумни, трчаме по нив, заборавајќи ја вистината, која Божјото Слово ни ја објави: „Не надевајте се на кнезовите и на синовите човечки, во нив нема спасение.“ (Пс. 145, 3). Во мојата епархија, им кажувам на луѓето: „Само да научам дека во селото сте се скарале за политички прашања!… Зашто додека вие си ги чукате главите, во кафетеријата на парламентот тие наздравуваат! Ова е реалноста…“

Ајде да видиме какво е нашето човекољубие. Според Отците, тоа е горење на срцето за сето создание. Тоа е вистинското човекољубие – твоето срце да гори за проблемот на другиот, а не да манифестира формален интерес. Велиме дека сме христијани, односно членови на Телото Христово. Но, оној кој е член на Телото Христово исто така е дел од другиот. Би рекол дека го осудивме животот на другиот за да ни биде живот. Божјото Слово ни вели дека Црквата е Тело Христово, а не здружение. Која е разликата? Членовите на едно тело – да го погледнеме нашето сопствено тело – се органски и витално меѓусебно поврзани, се оживотворуваат од истата крв и всушност, едниот член сострадува или се сорадува со другиот. Кога не боли ногата, не боли целиот организам, кога не боли раката, не боли целиот организам. Ако раката одлучи да ја лаже устата и во неа стави отров наместо храна, раката исто така ќе загине. Тоа е живот што не може да се разложи. Затоа, кога во Телото Христово се радува еден член, сите членови се радуваат заедно со него, и кога страда еден член, тогаш сите членови заедно сочувствуваат. Од моментот кога учествуваме во Телото Христово, учествуваме во животот на нашиот брат.

Драги браќа, во Црквата нема приватен живот. Нема „јас и Бог“. Христос не е наш индивидуален Спасител. Во Црквата, нашиот живот е општ, веруваме и живееме како Тело Христово и врвен израз на нашиот живот е Светата Литургија. Што означува Литургијата? Да го принесеме на Бога, нашиот исполнет со распаѓање живот и да станеме причесници на Божјиот живот, Кој ја победи смртта. Кога одиме во Црквата, принесуваме леб и вино. Само ние, луѓето, јадеме леб, само ние пиеме вино, виното и лебот не постојат во природата, а житото станува леб и грозјето станува вино, преку нашите напори. Затоа, кога одам в Црква и носам просфора и вино за Светата Причест, секогаш Му велам на Бога: „Боже мој, Ти го принесувам мојот живот, мојот труд, сè!“ Бог го зема и преку Неговите служители го става на Светата Трпеза, каде што целата Црква се моли да дојде Светиот Дух врз нас кои сме собрани, и врз даровите кои сме ги принеле, и да го направи овој леб Негово Тело и тоа вино Негова крв. Така, нашиот живот, полн со распаѓање и смрт, станува живот на Христа, Кој нè повикува да се соединиме со Него; да станеме причесници на Божјиот живот, како и Бог да стане причесник на нашиот живот. Христос нè обединува во Своето Тело и така ние влегуваме во заедница со другите.

Каков бил плодот од Светата Причест во древната Црква? Во Делата на светите апостоли, ова е опишано на прекрасен начин. Сето тоа било заедничко. Никој не велел: „Ова е мое!“. Кога тие давале од својот вишок, тие не им давале директно на сиромашните, туку на Црквата за да им го раздели. Зошто? За да не се создаде завист, да не се почувствува мојот брат задолжен спрема мене бидејќи „Јас ништо не сторив!“, Црквата е таа што дала. Плод на оваа љубов во раната Црква било собирањето на даренија. Самиот апостол Павле ја искористил својата мисија да собира даренија, што е израз на љубовта на една христијанска заедница кон друга. Апостолот го сметал ова дело толку важно, што и самиот им носел даренија од Црква на Црква.

7.Vselenski.sobor

Ова е живот во Телото Христово. Но, дали сакате да видите колку сме отуѓени од овој живот? Би сакал да ви обрнам внимание на една практика, против која многумина протестираат од незнаење. Ако се запрашаме дали треба да се собираат пари со дискос за време на неделната Литургија, сите моралисти ќе одговорат негативно, но можеби за изненадување на некои, богословието на Црквата одговара позитивно. Што означува дискосот? Рековме дека за да се служи Света Литургија, потребни се леб и вино. Се разбира, за Литургијата е потребен дел од просфорите, бидејќи во тој дел е присутно целото, зашто може да сме зеле три просфори за Света Литургија, но дваесет и три лица донеле просфори и сите дваесет и тројца го принесуваат својот живот, бидејќи во Литургијата ние не сме набљудувачи, но учесници. Во древната Црква, Црквата го предавала вишокот на најбедните луѓе. Меѓутоа, кога Црквата почнала да расте, не сите верници имале време да подготват просфора и вино. И што оставиле наместо тоа? Даренија, наместо леб и вино. Затоа што сакале да учествуваат со нешто од себе, во ова дело на народот, што ги засега сите. Учествувам ли јас во Литургијата што се служи? Не успеав да донесам просфора и вино. Тогаш, како можам да учествувам на Божјата Трпеза? На овој начин. Затоа Црквата ги дава средствата на сиромашните, како израз на љубов и учество во Божјиот живот. Затоа, она што нè вознемирува и нè тера многупати да се лутиме, всушност е црковен израз на нашата љубов и е целосно литургиски настан.

Традицијата на светоотечкото предание и аскетските списи ни велат: си го видел својот брат, си го видел својот Бог. Што ќе слушнеме во недела во храмот? „Бев гладен, и Ми дадовте да јадам; жеден Бев, а вие ме напоивте; странец Бев и Ме прибравте… Господи, кога Те видовме гладен, и Те нахранивме, или жеден и напоивме?… Доколку сте им го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле.“ Кој е нашиот брат? Тој веќе не е скриен. „Кој прави добро на сиромав, заем Му дава на Господа, и Он ќе му плати за неговата добрина“ (Изреки 19, 17). Исто така, Отците велат дека спасението е од нашиот ближен. Христос ни кажа прв и настојува: „Доколку сте го направиле тоа на еден од овие мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“. Затоа, нашето спасение зависи од ближниот, од нашиот однос кон него. Самиот Христос ни вели дека Он се споредува со секој страдален брат.

Рековме дека во Црквата не водиме приватен живот, па зборовите „приватно“ и „Литургија“ се спротивни. Приватното е спротивно на Литургијата, а Литургиското го заменува приватното. Што е Светата Литургија? Собрание на Црквата. Тоа е она што го правиме кога одиме во храмот. Ние не одиме во Црква само за да се молиме, тоа можеме го правиме и дома. Ние одиме, одѕивајќи се на повикот на Отецот и Христос, Кој ги раширува рацете на Крстот, за да нè соедини, да нѐ направи семејство и да седнеме околу Неговата Трпеза. Ете, тоа е Божја Трпеза.

Еден млад човек страдаше од многу сериозна болест, неговите родители беа многу сиромашни и немаа можност да му дадат потребна нега. Веста за неговата болест дојде во многу тежок момент за целото семејство – истиот ден кога татко му одеднаш почина. Вечерта по погребот, отидов кај нив и таму дознав дека момчето има многу сериозен проблем, а уште следното утро беше примен во болница во Атина. Болеста го уништила панкреасот и подоцна почнала да влијае врз нормалното функционирање на сите органи. Тогаш, еден мој пријател доктор, ме повика од Америка, а јас му реков:

–           Остави ме сега, бидејќи имам проблеми!

–           Какви проблеми имаш? – ме праша. И му ја раскажав историјата за болното момче.

–           Земи го и дојдете кај мене во Америка, да го видам! – ми рече за крај.

Мислев дека тој само така, разговара со мене, па му реков, „Ајде, ај“ и го затворив телефонот. Една минута подоцна си помислив: „Што ако тој тоа го рече сериозно?!“, и јас повторно го повикав. Се разбира, тој сериозно го кажал тоа, во тоа време беше доктор во еден од најголемите медицински центри за истражување во светот, во Вашингтон.

Заминавме кај него, заедно со детето и неговата мајка. Потребно беше да одиме уште два пати, на третиот пат ни рекоа дека се уште има надеж за него, но треба да се мисли за трансплантација на срцето и на белите дробови. Тоа момче беше свесно за сериозноста на болеста и не беше покажало ниту капка малодушност, но кога слушна за потребната сума за вршење на трансплантацијата – 20 милиони драхми во тоа време, се расплака.

–           Зошто плачеш? – го праша докторот.

–           20 милиони? Каде да ги најдам?

Тогаш тој му возврати навидум строго:

–           Види, твоја работа е да си го гледаш здравјето и она што докторите ти зборуваат! Останатото е работа на отец Павел и на мене!

Тогаш, по враќањето во Грција, напишав статија во локален весник под наслов „Сите за еден“. Во материјалот го поставив прашањето: колку жители има нашиот град. 70.000 луѓе. Ако секој жител одлучи да дава по 1.000 годишно, што значи под 100 драхми месечно, тогаш со леснотија би собрале 70 милиони драхми, многу повеќе од потребните 20 милиони за трансплантацијата на ова момче. Така, би можеле да помогнеме не само на едно, но и на други деца. Што ни недостига? Ни недостига љубов, а не постои и загриженост за проблемот на другиот. И тогаш започнавме битка со ова послание: „Сите за еден!“. Се разбира, не дадоа сите, но сепак доста луѓе се повикаа и благодарение на собраните средства, ова дете се подложи на долгогодишно лекување. За жал, на крајот, тој умре. Тоа беше момчето, за чиј погреб во Грција, дојде принцезата Дијана, која се запозна со него во болницата и се однесуваше со исклучителна љубов и нежност.

7.Vselenski.sobor

Сите за еден. Колку жители има Никозија? Ми рекоа дека има над 200.000 жители. И јас си велам: да земеме само 100.000 од нив – ако секој одлучува да даде две евра месечно – сума, која според мене може и сиромашен човек да си ја дозволи – го разбирате ли резултатот? За кратко време ќе се соберат 200.000 евра. Каква ќе биде жртвата на секој, поединечно? Минимална, впрочем смешна, поради фактот што трошиме пари на нешта што воопшто не ни се потребни. Меѓутоа, малкумина од многумината, се многу за еден. Зошто не размислуваме на овој начин? Бидејќи сме мртви од внатре…

Сакав да го споделам ова послание „Сите за еден“ со моите, парохјани, објаснувајќи ја Светата Литургија, кога доаѓаме до местото каде што се молиме за единството на сите. Ги запрашав: „Навистина, дали сме обединети?“. Учествуваме ли во животот на другиот, кога гледаме дека го исфрлаат од неговиот дом, бидејќи не може да си плати кирија? Мајка ми велеше дека во домот на дедо ми, секогаш на масата имало една чинија повеќе – за оној кој тој требаше да го доведе и да го засолни во домот. Дозволете ми да ви кажам дека во мојата прва парохија бев сведок на следново – певците од црковниот хор, секое попладне кон 17 часот, одеа кон плоштадот на селото, за да видат да не има некој патник, за да го засолнат дома во текот на ноќта. Кога нашиот народ беше близу до Црквата, тој ја имаше оваа чувствителност. Им реков на парохјаните: јас, не сакам една чинија плус на масата секој ден, но еднаш седмично. Можете ли да го направите тоа? Сакам четири месечно. Ние пресметавме, колку би му чинело на домаќинството таа една чинија плус на масата – 500 драхми. Тоа се, 2000 драхми месечно. Потоа станаа 6 евра. Морам да ви кажам дека има луѓе кои постојано ги даваат своите 6 евра. Некои даваат и многу повеќе од тоа. Се сеќавам дека еден човек даваше сума од 700 евра месечно. Кога му реков дека сумата ми изгледа голема, тој ми рече:

–           Да, отче, од татко ми имам благослов и проклетство!

Неговото семејство беше од Константинопол, а татко му бил учител на денешниот Патријарх.

„Каков благослов и проклетство имаш?“ – прашав.

–           Татко ми велеше: „Една десетина од приходот не ти припаѓа тебе! Ако го задржиш, ќе бидеш крадец! Таа му припаѓа на секој човек кој Бог ти го доверува, за кого си дознал дека има проблем!“

Затоа треба да ти се заблагодарам, што ми даваш можност да бидам од корист на луѓето кои не ги познавам.

Што направивме тогаш? Не можевме да им помогнеме на сите, но ние спасивме мнозина од нивните тешкотии. Секој месец, им плаќавме кирија на луѓе, кои инаку би биле исфрлени на улица. Им помагавме на болни, на студенти да го завршат своето образование. Малите капки, можат да станат благословена река; река на љубовта, која ја потонува болката, тагата на мнозина. Сите можеме да правиме вакви дела, од моментот кога ќе научиме за проблемот на некого, од тој моментот кога Бог ни го доверува и ни вели: „И ти треба да направиш нешто за овој човек!“.

Повеќето од вас сте во брак, не знам колку се сеќавате на брачното последование. Во него се вели: „Господи, исполни го овој дом со жито, вино и елеј, и секоја благост. Зошто? За да се насладуваме егоистично на Божјите блага? Одговорот е даден подолу – за да им давате и на оние кои имаат потреба. Без разлика дали ни се допаѓа или не, ние на ништо не сме сопственици. Ние сме само распоредувачи на Божјите дарови. „Моите пари!“ Кои пари? Тие не се твои… Никогаш не успеав да разберам, како е можно да постојат луѓе кои имаат милиони или стотици илјади евра и се рамнодушни кон она што се случува околу нив.

Треба да ни е грижа за проблемот на другиот. Бог ќе ни побара сметка за однесувањето кон својот ближен и ќе ни рече: „Се сопна во Мене, но не Ме препозна“. Зошто? Затоа што никогаш не си научил Кој Сум Јас. Погледни ја параболата за блудниот син! Во неа, големиот син изгледа дека е добро дете, но всушност тој е оној што живее блудно; тој живее на начин што не го води кон спасение. Живее близу до неговиот татко, но без вистински да го познае, без да му се доближи до срцето. Што значи тоа, да бидам блиску до другиот? Ова навистина го збогатува нашиот живот, нè тера да излеземе од сопствената осаменост, од егоизмот, од млакоста и здодевноста. Дали гледате колку е едноставен животот, а ние сепак наопаку го живееме ?!…

Понекогаш и ние, свештениците, сме виновни бидејќи не ги објаснуваме работите до крај; дека понекогаш и ние не разбираме дека кога служиме Св. Литургија, тоа не е приватна работа. Се сеќавам на една млада девојка која на исповед ми призна:

–           Отче, знаете, во недела одам в Црква, но не одам да се молам!…

–            А зошто одиш, чедо мое?

–           Затоа што ми е мило, кога таму ги сретнувам моите пријатели!

–            Јас се прекрстив и реков:

–           Фала му на Бога, се сретнав со личност која е вистински православна! Затоа одиме в Црква! За да се сретнеме со другите, да почувствуваме дека сме семејство, да му кажеме на нашиот Отец дека сме тука, собрани околу Неговата Трпеза!

Приопштувањето со Христа, не остава ништо во нашето срце со што би можело да се навреди ближниот.

Христос, со Кого се причестуваме, го отфрла сето порочно во нас; спротивно, ние сме духовно болни, односно ако сме се причестиле, но не сме соединети во љубов со другите, тогаш сме духовно болни, мртви сме.

Понекогаш е потребно да си ги кажеме работите јасно, дури и со ризик да прозвучат грубо и сурово, драги браќа, зашто мнозина сме набожни, но не и црковни и Христови. Ова е разликата и таа е исклучително важна.

Треба да избереме дали сакаме да живееме или да бидеме мртви, дали сакаме љубовта да биде нашиот живот, љубовта без услови и граници. Егоизмот, инаетот, зависта, каприците кои ја гонат љубовта од нашето срце, се многу тешки болести и ако не ги излекуваме навреме, ќе нè доведат до смрт. Се разбира, нашиот живот е во Божји раце.

Секогаш треба да се грижите за она што се случува околу вас – не од љубопитство, туку од љубов. Видовте дека Христос ја пофалил малата жртва на вдовицата, бидејќи во таа жртва било нејзиното срце, додека во пожртвуваноста на другите, се криел егоизам.

Често пати гледам едно дете и секој пат му се радувам и се трогнувам. Се сеќавам кога еднаш го држев во рацете и одев по ходниците на бостонската болница со неговите родители. Го држев во рацете и се обидов да го смирам неговиот плач и неговата жед за вода, бидејќи тоа мораше да не пие некое време, поради природата на неговата болест. Тоа навистина е Божји благослов, да чувствуваш дека си дал нешто исклучително незначајно. Сега, од временска дистанца, разбирам уште подобро, колку незначително било тоа. Но токму такви мали, незначителни работи се бараат од секого од нас, и кога пристапуваме кон нив со сето свое срце, тие се претвораат во нешто особено значајно за нашиот живот и за животот на сите други кои страдаат.

Би сакал Бог да ве просветли, за секогаш да живеете како членови на Црквата и да ја почувствувате убавината на Божјата љубов!…

Извор: списание: „Вистина“ гласник на Преспанско-пелагониска епархија, бр.101, год. XXVI

 

Преземено од:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/site-za-eden/

2ри декември 2019 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная