логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Феофана Грека
 

Православните христијани на овој ден го слават споменот на светото Христово Преображние на гората Тавор пред очите на апостолате кое во суштина е и нивно преображение.
Имено, тој настанот од Светото Евангелие во кој се опишува како Господ пред да појде на своето славно страдание, се искачил Сам на гората, а со Себе ги зел Петра, Јакова и Јована, и се молел цела вечер Сам. Потоа се преобразил, Неговото лице, та дури и Неговата облека, биле посјајни од денот и од сонцето. Тогаш Бог ги преобразил и Петара, Јакова и Јована за да и со своите телесни очи можат делумно да ја видат славата Божја. Од небесата се јавува и гласот Божји од кој тие се исплашиле и паднале долу на земјата. На настанот се јавиле и Мојсеј и Илија, меѓусебно разговарајќи за настаните кои требало да се случат.

Овој настан Господ Исус Христос го покажал за да ги утврди своите ученици, да го утврди сето човештво до ден денес, дека тој е вистински Бог Кој од предвечност е роден од Отецот и во времето се роди од Марија Дева и прими човечко тело и стана Човек, совршен Бог и совршен Човек. Неговото човечко тело како параван, како завеса го криеше неговото Божество и затоа ние, луѓето, можевме да разговараме и да се дружиме со Него како со човек. Меѓутоа, позади неговото човечко тело се криеше Неговото Божество и кога настана преображението, всушност во Него не настана никаква промена туку во тој момент само им се овозможи на апостолите да го видат Неговото Божество.

Преку преобразението Господ ни покажа дека настаните кои што следат: страданието, Крстот, слегнувањето во адот и воскресението се реални и вистинити и дека се од Бога предвидени за нашето спасение. Господ ги избра овие тројца апостоли за да бидат сведоци на неговото Божество и да сведочат за Него И преку нивното сведоштво ние да поверуваме дека Христос е вистинскиот Бог и нашиот Спасител.

Тројцата биле избрани заради тоа што биле за малку поревносни и поподготвени од другите, и од друга причина што со апостолате, бил Јуда, кој што бил неподобен да учествува на тој настан, па Господ за да не го остави сам и да не се посомнева и подоцна да не се оправда за своето предавство, ги остава и останатите апостоли со него. Ги избира само Јаков, Јован и Петар, и како праобразба на трите добродетели - верата, надежта и љубовта. Петар ја претставува верата, Јаков надежта, а Јован љубовта.
Понатаму се вели дека Мојсеј и Илија биле со Него разговарајки за Неговото Божество и настаните што ќе дојдат и дека ова што сега се случува е претскажано од пророците уште пред многу векови. Мојсеј е претставник на законот, Илија на пророците. Мојсеј е претставник од мртвите, а Илија кој што бил жив однесен на небото е претставник на небесата. Значи, целата творевина сведочи за овој настан и за Божеството Христово и за воскресението Негово подоцна што ќе дојде.

Со овој настан Госпоид ни ја отрил и тајната на Црквата како заедница. Нејзиниот вечен карактер и неограниченост. Се во животот, или попрецизно, во Црквата е христоцентрично, Христос е глава на Црква, а околу Христос се собрани сите заедно, живи и упокоени.

И како што Господ се искачи на гората Тавор, така и ние треба да се искачуваме на  гората на нашето срце, односно да внимаваме над нашето срце и преку стекнување на добродетелите да го оставиме метежот на страстите на овој свет. Пред се, творејќи ги овие главни три добродетели - верата, надежта и љубовта. Преку тоа ние полека си ги чистиме своите срца од страстите, се чистиме од гревот, од неверието, сомнежот, гневот, нељубовта, омразата и се просветлуваме, на тој начин и се просветлуваме и нашето срце го ослободуваме, а нашиот ум го просветлуваме и целите се преобразуваме. Така се удостојуваме да партиципираме и можеме да учестуваме, и ја примаме таа благодат Божја и да бидеме учесници во Божјата природа, богови по благодат. Своевремено во вториот век, а подоцна и во третиот, прво св Иринеј Лионски,, а подоцна и св Атанасиј Алаександриски ќе речат: Бог стана човек, за човекот да стане бог.

Во тринаесетиот век едни западни теолози монаси Варлаам и Акиндин, кои што погрешно ја сфаќале верата, рационализирајќи ја и давајки му повеќе значение на разумното отколку на духовното, не можеле да сфатат дека Божествените енергии се нетварни, несоздадени,  и затоа се појавила ереста која во тоа време се раширила и преставувала сериозна закана за Православието и православната аскеза и духовност. Тие тврделе дека Божествените енергии се творби Божји, дека не се Негова природа и дека ние не можеме да бидеме учесници и приматели на тие Божествени енергии.

Тука како најголем ревнител и бранител на православната вера се јавува св. Григориј Палама, кој се смета како богослов на богословите и најголем меѓу богословите. Тој ја систематизирал целата теологија до тогаш и ги напишал трите слова  во одбрана на исихастите, во кои се пишува дека исихазмот, односно молитвено тихување, подвигот на аксезата, е потребно за нас, затоа што на тој начин го чистиме своето срце од страстите и го просветлуваме умот, кој што молитвено се спушта во срцето како во своја суштина и дом и преку нетварната Божествена благодат целата наша личност се обожува.

Ако сме вистински ученици Христови, ако сме вистински христијани, треба да живееме вистински христијански живот и треба вистински да Го слушаме, и љубиме, односно да веруваме во Бога. Преку исполнувањето на Неговите заповеди да Го исповедаме, и на тој начин ќе ја оствариме Неговата промисла за нас и нашето назначение да бидеме синови Божји, богови по благодат.

 

 Извор: манастир на св.Прохор Пчински, Донибрук, Австралија

  19-ти август, лето Господово 2013



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5812
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6629
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5610
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная