Протопрезвитер Јован Романидис - Суштината на Православието
Кај многумина владее мислењето дека Православието е една од многуте религии, која што како своја главна грижа ја има подготовката на членовите на Црквата за живот по смртта, односно да обезбеди место во рајот за секој православен христијанин. Така, се смета дека православната догма нуди плус гаранција, бидејќи е православна.