логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 01.jpg

Радост на Богомајката
8/21 септември 2015 лето Господово
Рождество на Пресвета Богородица

02.jpg

Овој ден е Господов, радувајте се луѓе, зашто, ете, палатата на Светлината, и книга на Словото на животот, од утробата произлезе и, вратата која е на исток, откако се роди, го чека влегувањето на Големиот Светител; единствената која единствено Го воведува Христа во вселената, заради спасение на душите наши.

(Стихира од Вечерната богослужба на празникот)

03.jpg

04.jpg

05.jpg

06.jpg

Со вакви благорадосни зборови Црквата го опева Раѓањето на Пресветата Мајка Божја, Која излезе од неплодна утроба според зборовите на ангелот. Откако претходно ја прославивме црковната Нова Година, сега славиме нов почеток, обновување на сета вселена, роденденот на Царицата Небесна. Денес неплодноста на нашата природа се разрешува. Оти пред Христос да дојде во светот преку Дева, бевме бесплодни, осудени на грев, страдање и смрт. Но сега, слушајќи го гласот Христов во своите души, и славејќи ја Онаа Која денес се роди од неплодната Ана, принесуваме духовни плодови.

Со најнежна мајчинска љубов и со благодатта излеана од својот Син, Преблагословената и најсвета наша Мајка, онака како што може само Таа, таинствено ги покани и мајчински ги собра во Својот храм во с. Ростуше, Бигорскиот Старец, Архимандрит Партениј, заедно со браќата и сестрите од нашите Обители. Празничниот звук на камбаните ги донесе во храмот и благочестивите Ростушани, за и тие да се нахранат од Нејзината радост, светлина и милост, кои направија храмот просто да зрачи со посебна убавина. Благодатните стихири уште повеќе ја збогатуваа свечената атмосфера, правејќи присутните да се почувствуваат како надвор од грижите на светот, издигнати во едно тивко и благодатно катче, созерцавајќи го благодатното присуство на Мајката на животот. Молитвите од ростушкиот храм се слеаја со молитвените прозби што истовремено се издигнуваа од Бигорското светилиште и со литургискиот принос што дел од братството ревносно го упатуваше од Богородичното светилиште во с. Манастирец (Македонски Брод). Нашата монашка заедница радосно се внесе во чествувањето на телесниот почеток на Онаа Која ни Го подари Дарителот на вечен живот.

Обземен од таа радост, после вечерната богослужба нашиот возљубен Старец го отвори пред нас своето срце и ги сподели своите духоносни созерцанија за непосрамливата надеж во Богородица Која никогаш не нѐ остава, не ги остава своите чеда до крај, доколку тие имаат вера:

„Денес, возљубени мои, славиме Роденден на Онаа Која е причина за неискажлива радост на сите што се родени од „вода и дух“ (сп. Јн. 3, 5), на сите кои во Христа се родени. Со благодарност го славиме Рождеството на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија. Зашто со Нејзиното раѓање смисла добива и нашето раѓање и нашето суштествување, бидејќи, замислете колку тажно и бедно суштество ќе беше човекот доколку се раѓаше само за да умре и да го нема повеќе! Но ете, преку Родениот од Богородица, физичката смрт не е крај на човечкиот живот, туку нов метафизички почеток во вечноста. И токму тој дар на вечниот живот Бог ни го даде преку Својата Најсвета Мајка, Која со дарот на посиновението Ја направи и наша Мајка. Сега нашата небесна Мајка усрдно ги слуша молитвите на оние кои се во неволја, и секој којшто со вера пристапува кон Неа не останува празен. Сведоштво за тоа е и овој преубав храм. Гледате во колку тешко време живееме денес, ни се чини сосема невозможно да градиме во вакви неблагопријатни услови. Но, некогаш така ни се чинеше и за Рајчица, и за Источен Палат, и за обновата на Горни Палат и за овој храм овде, па Господ секогаш изнаоѓаше начини да ги исполни молитвите на нашите срца. Потребно е само да имаме вера и Господ прави чуда, за Него ништо не е невозможно. Тоа ни го покажа и со овој храм, и со Бигорски, и со Манастирот во Рајчица. Но, повторно ќе кажам, најголем удел во сите тие чуда имаат застапничките молитви на премилостивата Богородица. Таа никогаш не нè остава. Дури и само двајца, тројца Христијани да останат овде, Божјата и наша Мајка секогаш ќе ги пази, ќе ги заштитува во искушенијата до крај. Од нас се бара само малку вера. Постојано се молам и надевам дека Господ по Својата милост ќе им ја открие на сите луѓе во светот неовоземната убавина на нашата православна вера. Оти, навистина, нема ништо поубаво и повозвишено од верата христијанска. Ете, и целокупната историја на човештвото покажала дека секоја идеологија, религиско учење или философија  надвор од Христа е само творба на несовршениот човечкиот ум и како последица на тоа подлежи на несовршеност, анахроност, релативизам, контрадикторност, а честопати, свесно или несвесно, му служи дури и на злото. Единствено во Христа почива полнотата на вистината, светлината и радоста, и Он му го објави на светот вистинското Божјо Откровение. Затоа, оние што се Негови, оние што Го прифатиле во своите животи, постојано се радуваат и ги радуваат и просветлуваат сите околу себе, а тие што припаѓаат на било какви учења од овој преоден свет што не Го исповедаат Христа за Бог и Спасител, не само што и самите се наоѓаат во заблуда, туку имаат во себе голем потенцијал да заблудуваат и други, предизвикувајќи кај нив немир, тага и страв.

Нека Богородица ни помогне да го живописаме овој прекрасен храм – вистински украс на ова село, да го осветиме и секогаш да го полни со правоверни Христијани!“

Ситната роса што утрово ја освежи земјата, наликуваше на дождовни капки благодат што Богомајката штедро ја испраќаше од небото, поросувајќи ги душите на присутните, кои со нова ревност се собраа во ростушкиот храм на Светата Божествена Литургија, во чест на Нејзиното раѓање. Такво благодатно освежување за душите беа и богопросветлените зборови на нашиот од Богородица повикан Старец, кој со своето слово торжествено ја објави тајната на ова Раѓање и причината за денешната вселенска радост.

Парохискиот свештеник, пак, о. Миле Ангеловски од Дебар, ги извести верните ростушани дека и во иднина на празникот Рождество на Пресвета Богородица во нивниот храм ќе се служи свечена богослужба.

07.jpg

09.jpg

10.jpg

11.jpg

12.jpg

13.jpg

15.jpg

16.jpg

 17.jpg

21.jpg

 22.jpg

 24.jpg

28.jpg

29.jpg

30.jpg

Извор: Бигорски манастир

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

« »

Православен календар

 

16/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (пост со масло)

Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула; Светиот свештеномаченик Лукијан; Светиот маченик Димитриј, принц руски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная