Отец Пимен - Лов на вештерки
Во православната црква важи едно начело: го мразиме гревот, а не грешникот. Ако не беше ова правило, и ние во средниот век би имале инквизиција. И ние би спалувале луѓе на клада. Сега некаде би имале музеј на инквизиторски справи за вадење на гревот од грешниците, би имале позамашна колекција на запалки, ќибрити... Би имале мрачни подруми по манастирите. Ама немаме.