Езерото било потребно за наводнување на електрична централа. Во времето кога се создавало езерото се потопиле повеќе делови од старите села кои се наоѓале таму. Меѓу тие градби била и оваа црква. Она што е мистериозно овде е тоа што само црквата се издигнува повторно, додека други градби се уништени.
Свети Никола е сеуште целосна црква со истиот изглед како и секогаш, освен тоа што сега е потопена. Имало периоди кога црквата била целосно под вода, но почнала да се издигнува со сушите на почетокот на 21 век. Ништо чудно некогаш повторно во црквата да се палат свеќи и да се оди на молитва.
Драгана Петрушевска
Извор: http://www.fakulteti.mk/news/12-08-06/potopenata_crkva_sv_nikola_vo_mavrovo_edna_od_misteriite_na_makedonija.aspx