Околу 250 научни работници од признаени универзитети, институти и културни институции од Русија, САД, Австралија, Малезија, Бразил, Сингапур, како и од државите на Западна и Источна Европа, Балканот и од Македонија учествуваат на третата годишна меѓународна научна конференција „Идентитет и култура“
Конференцијата беше отворена вчера, а ќе се одржува до 5 септември во Скопје, во организација на Центарот за култура и културолошки студии.
- Во наредните три дена ќе имаме можност да дадеме придонес во расветлувањето на поимот идентитет, кој сам по себе е еден од најшироките и најсложени поими, и ќе ги дефинираме неговите релации со поимот култура. Понудените 250 реферати се добра основа дека ќе придонесеме за поцелосно научно расветлување на овие поими и ќе се обидеме да ги поставиме различните и често судрени концепти и да одговориме на некои прашања - истакна претседателката ЦККС Лорета Георгиевска-Јаковлева.
На конференцијата беа презентирани и 12 броја на списанието „Култура“, кое излегува на три јазици - македонски, англиски и руски.
Извор: Нова Македонија