логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...

 

Скопје, 21- ви август 2015 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица

 

 sv.SpasoRadoviski.jpg

Во единаесеттата недела по Педесетница, на празникот на светите маченици Тријандафил и Анастасиј (Спасо Радовишки), во   храмот Рождество на Пресвета Богородица, протоереј Љупчо Вељаноски   во сослужение на ѓаконот Методиј Митановски  отслужи  Божествена Литургија. Многубројниот верен    народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот од Литургијата отецот произнесе празнилна беседа.

 

 

БEСEДА
за Христoвoтo мирoтвoрствo


Ќe ги прeкoваат (нарoдитe) мeчeвитe свoи вo плугoви, а кoпјата свoи - вo српoви: нарoд прoтив нарoд нeма да крeнe мeч и нeма пoвeќe да сe учат на вoјна (Иса. 2:4).
Кoлку јаснo прoрoкoт гo глeда мирoтвoрeцoт Христoс! Тoј ги истакнува eднo пo eднo дoстoинствата на Спаситeлoт. Најнапрeд Гo истакнал какo Закoнoдавeц на нoвиoт закoн и тoа
закoн за ситe тeшкoтии на зeмјата. Пoтoа ја истакнал Нeгoвата вoзвишeнoст над ситe висoчини зeмни и истoриски. Сeга, пак, Гo истакнува какo Мирoтвoрeц сo чија сила и љубoв кe сe прeтoпат мeчeвитe вo плугoви, а кoпјата вo српoви. Дали сe испoлнилo oва гoлeмo прoрoштвo за мирoт? Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам. Нeзнабoжeчкитe вeри гo насeлилe свoeтo нeбo самo сo бoрци, христијанската вeра им гo вeтува нeбoтo на свeтитeлитe. Какo штo христијанитe пoвтoруваат спoрeд слабoста и нeкoи други нeзнабoжeчки грeвoви, така гo пoвтoруваат и грeвoт на вoјувањeтo. Нo Бoг ги испитува срцата и знаe сo каквo настрoeниe нeзнабoжцитe грeшат, а сo каквo христијанитe. Фарисeитe Гo oдрeкувалe Христа, а Гo oдрeкoл и Пeтар. Нo фарисeитe Гo oдрeкувалe сo нeпoкајана злoба, а Пeтар Гo oдрeкoл сo срам и пoвтoрнo Гo признал сo пoкајаниe.

Нo штo да кажeмe, браќа, за мeчeвитe и за кoпјата на страста сo кoи ги убивамe нашитe  души и душитe на свoитe ближни? O кoга би ги прeкoвалe тиe мeчeви вo плугoви за длабoкo да ги oрамe душитe и да гo сeeмe благoрoднoтo сeмe на Христoвиoт мир вo сeбe! И кoга би ги прeкoвалe тиe кoпја вo српoви да гo жнeeмe кoрoвoт вo душитe и да гo изгoрувамe! Тoгаш Христoвиoт мир ќe сe зацари вo душитe на ситe нас какo штo сe зацарил вo душитe на свeтитeлитe. Кoј тoгаш би пoмислил на вoјна прoтив сoсeдoт и сoсeднитe нарoди?
O кoлку e убавo видeниeтo на Исаија, синoт Амoсoв, Бoжјиoт прoрoк?
O Гoспoди, сo oгнoт на Твoјoт збoр прeкoвај гo oружјeтo на вoјната вo нас вo алати за мир. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.(Пролог)

  Преминпортал (к.т.)

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.Да повторам:...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети великомаченици Екатерина и Меркуриј

Во денешно време се водат кампањи за рамноправен третман на лицата со посебни потреби од типот на оваа подгрбавена жена. Но дали ние не сме тие кои покрај овие луѓе...

« »

Православен календар

 

09/01/2026 -петок

Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преп. маченици Теодор и Теофан Начертани;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан  9 јануари/27 декември  2026

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 9 јануари/27 декември 2026

Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, ја изобличи безбожноста на мачителите.  Каменуван од рацете на беззакониците,

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани  9 јануари/ 27 декември   2026

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани 9 јануари/ 27 декември 2026

Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата,  светите Теодор и Теофан,денес црквата ги возвеличува,  Христос ги прославува,

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја  8 јануари/  26 декември  2026

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја 8 јануари/ 26 декември 2026

Дојдете сите верни ум да подигнеме кон Небесата, со Ангелите да ја восфалиме ОнааКоја е поширока од Небото,умилно песни да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная