Блажен Августин: Знам за три крста
Едниот од нив спасува, а тоа е Христовиот. Со него се спасува и човекот.
Другиот крст е крстот на разбојникот, распнат од десната страна.
Едниот од нив спасува, а тоа е Христовиот. Со него се спасува и човекот.
Другиот крст е крстот на разбојникот, распнат од десната страна.
Денес, во салата при Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, во периодот од 14:00 до 18:00 часот, професорите д-р Думитру Сорика и д-р Дорин Хандреа од Универзитетот во Букурешт - Романија, ќе одржат предавање и практични вежби од фреско сликарство.
Ќе има можност да со набљудува процесот на сликањето на фрески.
Трудот и знаењето се достојни за почит. Паразитизмот и непрекинливата потрага по задоволства се достојни за презир. Држете се за првото и бегајте од второто. Тесните патчиња на потрагата или патиштата на бегството порано или подоцна ќе ве доведат пред вратите на христијанскиот манастир. Вие таму ќе се чувствувате како турист и ќе бидете воодушевени. Ќе чувствувате дека сте во своевиден времеплов. Што е ова? – ќе прашате. Зарем е можно вака да се живее? Во нашево време?
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ СТЕФАН
Гледајќи ве вас, а преку вас и руското православие и Руската црква, си велам колку е голема и спасоносна одлуката на кнезот Владимир да го прими христијанството, да го покрсти великиот руски народ. И сега, од временска дистанца од 1000 години, можеме ли да замислиме што означи изборот на светиот кнез да Му пријде на Христа, што тоа ...
Со одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ - ОА, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан им додели Светиклиментов орден од I ред на амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Неговата Екселенција ОЛЕГ Николаевич ШЧЕРБАК и Светиклиментов орден од II ред на господин КОНСТАНТИН БЕРСЕЊЕВ за заслуги во зацврстувањето на духовните врски меѓу Македонија и Русија и придонес кон единство на православните народи.
Од 13 до 16 октомври 2015 година, при Православниот богословски факултет во Скопје, започнаа предавања од еминентните професори од Православниот богословски факултет во Букурешт, Романија: д-р Думитру Сорика и д-р Дорин Хандреа на тема практични вежби од фреско-сликарство, конзервација и реставрација на икони.
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Историско-духовниот континуитет на Македонската православна црква во традициите на Охридската архиепископија“. Ова ново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е авторско дело на професорот при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, м-р. Александар Атанасов.
Излезе од печат единаесетиот број од илустрираната едиција „Библиски Настани“, со работен наслов Семоќниот Спасител , во кој е обработен третиот дел од трилогијата посветена на Господ Исус Христос.
Светиот и чудотворен појас на Пресвета Богородица што се чува во светогорскиот манастир Ватопед, месецов ќе биде накратко пренесен надвор од Света Гора. На 24 октомври (сабота), старец Ефрем, игумен на манастирот, ќе го донесе појасот во црквата на Успението на Пресвета Богородица во градот Халкиди на островот Евија, северно од грчката престолнина.
– Од 1950 година до денеска, потрошивме толку многу, како цели реки долари да истекле – одговори американецот.– А зошто до Бога – прашувам – не долетавте? Бог далеку е или не?– Бог – рече – многу далеку!
– Ете, гледаш – реков јас – А ние долетуваме до Него со корка сува леб!..
Кога човек ќе се поздрави со сѐ што е во светот: кога ќе се одрече од парите и од имотот, ќе ги отфрли и ќе им ги раздели на сиромашните (Лука 14, 33) ослободувајќи се така од грижите, тогаш душата е во состојба да се предаде на самонабљудување, како слободна од сѐ што ја привлекува однадвор и ја расејува. А кога умот, откако се одвоил од сѐ што е сетилно,...
Зошто се оттргна од Мене, Кој те сакам?
Зошто се придружи кон мон Мојот непријател?
Сети се, дека Јас за тебе слегов од небото!
Сети се, декa Јас за тебе се облеков во плот!
Сети се, дека Јас за тебе се смирив!
Во салата при Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, во периодот од 13 до 16 октомври 2015 година, од 14:00 до 18:00 часот, професорите д-р Думитру Сорика и д-р Дорин Хандреа од Универзитетот во Букурешт - Романија, ќе одржат предавања и практични вежби од фреско сликарство, конзервација и реставрација на икони.
И не се појавува ли прашањето, зошто Господ така ги соединил Своите двајца избраници тука, на земјава? Не со едно ли срце, со еден ум живееле тие, иако во различно време и различни услови, не едно ли исполниле дело, живеејќи на земјата, за да се соединат и во вечноста и на земјата во споменот на луѓето? Да погледнеме подобро на нивниот живот, и да нацрпеме од изворот на непресушниот извор жива вода, кој дава бесмртност на душата.
- 10. октомври (сабота), 18:30 часот: Вечерна;
- 11. октомври (недела, св. прор. Варух, преп. Харитон Исповедник), 07:30 часот Утрена; 09:00 часот: Света литургија;
- 13. октомври (вторник), 17:00 часот: Бдение (Вечерна и Утрена)
Многу ми е мачно, што денес луѓето ретко ги читаат житијата на светителите. Тие одиграа (а и денес играат) огромна улога во мојот живот, зашто се извор на вера и надеж. Кога човек чита за светителите, сфаќа дека напишаното во Евангелието е точно. Дека Евангелската историја продолжува и Христос навистина е со нас и ќе биде со нас до крајот на светот. Дека Светиот Дух го променува човекот и го прави великолепен.
На 04.10.2015 година, во првата недела од месец Октомври, кога нашата помесна црква го празнува Соборот на сите Македонски Светии, во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, беше отслужена Света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Петар, Тимотеј, Агатангел, Иларион, Јосиф и Јосиф.
Самата презентацијата на „Православна енциклопедија“ ќе се одржи на 7 октомври 2015 година (среда) во 11 часот во Универзитетскиот Конгресен центар во Охрид. На 8 октомври 2015 година со почеток од 18 часот во црквата „Св.Софија“ во Охрид ќе се одржи концерт на хорот на Подворје на Руската православна црква од Софија.
Св.Григориј Богослов (живеел во 4-ти век н.е.) додека бил Цариградски епископ го критикувале дека не личи на благородник. Неговиот коментар на тоа:
„Не знаев, - иронизира Григориј,- дека сум требал да јавам на расни коњи, да блескам во кочија, да приредувам состаноци и приеми со ласкање, сите да ми се тргаат од патот и оддалеку да се разбегаат како пред див sвер“.
Така и вие кои имате семејства, во вашите домови, научете се едноставно пред да седнете и да јадете, да станете и да ја кажете молитвата „Оче наш“, а по јадењето, таа убава молитва после јадење: „Ти благодариме, Христе Боже, за земните блага со кои нè насити. Те молиме, не лишувај нè и од Твоето небесно царство!“