На 18.03.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи I акатист на Пресвета Богородица, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протоереј Предраг Исаески, протоереј Жарко Мицкоски, ереј Александар Стојаноски, ереј Марјанчо Мадевски и ѓакон Илија Деспотовски.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија
Синиша Георгиев