Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт 19 септември / 2 октомври 2024
Во Троица славениот Бог,
тројцата маченици ги прослави,
Трофим, и Саватија и Доримедонт:
Во Троица славениот Бог,
тројцата маченици ги прослави,
Трофим, и Саватија и Доримедонт:
Глeдатe ли кoлку e важна смртта Христoва? Ниe сo нeа смe искупeни, сo нeа смe спасeни. Никoј да нe застанува eдинствeнo на Христoвата наука, туку нeка сe прeнeсe и на Гoлгoта и да ја разглeда крвавата жртва на Крстoт, штo e принeсeна за нашитe грeвoви, за нашe спасeниe oд смрдливата чeлуст на змијата oд адoт.
И мртвитe ги чувствуваат и ги пoзнаваат дoбритe дeла штo им сe прават. Вo тoа христијанинoт нe трeба никакo да сe сoмнeва. Дoбрoтo дeлo сe шири пo цeлиoт нeбeсeн свeт какo eлeкрична eнeргија. Нeкoј царски чинoвник Магистријан бил испратeн oд царoт нeкадe пo важна рабoта.
Конечена и истовремено бесконечна цел на човекот е – обожување, кое се остварува само преку благодатта, односно преку силата и делувањето на Божеството. Благодатта е дадена на Црквата. Црквата е поле на вечна, божествена светлост, која взаемно дејствува со човечката душа, која е послушна на благодатта и која невидливо ја просветлува (во некои случаеви тоа просветлување и преобразување на душата се случува и на материјален план ...
Милостив Евмение, пастиру Христов,
со помош Божја себе најпрво се излечи,
соблекувајќи го стариот човек телото го умртви,
Некогаш свети Силуан разговарал со еден пустиник што велел: „Бог ќе ги казни сите атеисти, тие ќе горат во вечниот оган.“ Очигледно, помислата дека безбожниците ќе бидат казнети во вечниот оган му причинувала некакво задоволство…
Со видлива трогнатост, свети Силуан му одговорил:
„Ние, неговите колеги на колеџот, во него видовме умствена моќ, голем капацитет и оригиналност, сплотени со длабока понизност што тој ја искажуваше пред Бога, почитта спрема Божјата волја и верата во љубовта и искупувањето преку божествениот Спасител, Кој му беше утеха во тешкотиите и болестите.“
Кој се плаши од гревот, го љуби Бога. Кој има умиление, има уште поголема љубов. Кој во душата има светлост и радост, има уште поголема љубов. Кој, пак, има благодат и во душата и во телото, има совршена љубов. Таа мерка на благодат Светиот Дух ја дарувал на мачениците, а таа им помага храбро да ги поднесат сите страдања.
Никој не може да утеши друг човек. Грешка е да сакаме да најдеме мир во која било личност. Секое лице, колку и да те сака и колку да го сакаш, - погледнете во себе - има ограничени можности. Тој е човек, има мала сила, има мал капацитет, само Бог му дава целосен одмор на човекот, и само Бог
Блажени сте вие о маченици Христови, Вера, Надеж, и Љубов,
ќерќи на Софија која е напоена од Мудроста,
ве приведе не само кон очистување, туку и кон полнота на благодатта,
Многумина од нас не умеат да го ислушаат својот соговорник: го прекратуваат, не му дозволуваат да ја искаже својата мисла. Исто така, не смее да се зборува кога сме под влијание на гневот или на другите страсти. За сето она што ќе го кажеме во состојба на гнев, подоцна горко ќе зажалиме. Најнапред, потребно е да се успокоиме.
Но, ако човекот сфати дека неговиот пријател многу сака кајсии, ќе се преправа дека не му се допаѓаат и ќе изеде само една, велејќи: ’Те молам, земи ги сите овие кајсии, јас не ги сакам. Всушност, ме боли стомакот и не сакам повеќе да јадам’. Таквиот човек поседува Божествена правда и повеќе сака по човечките мерила да биде неправеден кон себе и да се жртвува за да
Вистинскиот христијанин никогаш не смее да осудува или да изнесува обвинувања против своите ближни, дури и ако некој насилно му ја земе облеката. Постои разлика меѓу оние луѓе што веруваат во Христа и оние кои не веруваат. Христијаните се придржуваат до Божествената, а луѓето кои не веруваат до човечката правда.
Возљубувајќи го твојот Жених, Христос,
светлата твоја свеќа ја подготви,
но заблескаа твоите добродетели, сефална Ефимио,
со тоа ти за Него се оневести,
Доколку љубовта ја квалификувате со тоа што е опишано во „Евгениј Онегин", а особено во „Ромео и Јулија" или пак во „Јунакот на нашето време", тогаш сигурно е подобро, да не се очекуваат такви емотивни состојби. Можно е да се случи, но за среќа Господ не благословува такви страсти, кои во светската литература се сметаат за љубов. Тие не мора да бидат груби ...
Кога ќе ја запоставиме молитвата и духовните дела и наместо тоа ќе почнеме да судиме за луѓето кои ни направиле неправда, станува очигледно дека материјалното богатство го сметаме за поважно од своето спасување и Христовите заповеди. Како можеме да ја следиме евангелската заповед која вели: Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати! (Лк. 6; 30),
Говореше авва Јаков: „Кога некого го фалат треба да си спомне за своите гревови и да има на ум дека не е достоен за кажаното.“ Уште говореше: „Како што светилката ја осветлува мрачната одаја така и стравот Божји, кога ќе се всели во срцето на човекот, го осветлува и го поучува на сите добродетели и на заповедите Божји.
Крстот Христов како оружје, усрдно примајќи го, во борба против непријателот си поитал, и откако за Христа пострада, на крај, преку оган , својата душа на Господа ја предаде. Поради тоа и дарови за исцелување од Него се удостои да примиш, великомачениче Никито. Моли го Христа Бога да ги спаси нашите души.
Спаси ги, Господи, луѓето Твои
и благослови го Твоето наследство,
победа на Православниот благоверен народ наш
над непријателите давајќи му,
и со Крстот Твој пазејќи го
Твоето население.