Е да, шега е, но никој последовател на Христа, не може да има во срцето дури ни најпроста помисла дека постои човек кој ќе биде одделен од Бога, па макар и тој да е најлошиот на светот, најголемиот еретик и најголемиот богохулник кој постоел на земјата. Ние сме должни да се молиме за сите да Го познаат Бога во Светиот Дух и сите да го достигнат единството на верата и познанието на Светиот Дух.
Тропар на светиот Ксенофонт, Марија и нивните деца Јован и Аркадиј 26 јануари / 8 февруари 2024
Благословот родителски од Бога запечатен,
ги приведе вашите деца Јован и Аркадиј кон гората Господова,
а смиреномудрието ваше о Ксенофонте и Марио
стана врска нераскинлива помеѓу Бог и човека,
на која целата природа се покорува.